„Ќе зборувам за женското писмо, за она што тоа ќе направи. Жените мора да пишуваат за себеси; жените мора да пишуваат за другите жени и да ги привлечат жените кон пишувањето, од кое беа разделени еднакво насилно како и од сопствените тела – поради истите причини, според истите закони, со истата фатална цел. Жените мора да се постават самите себеси во писмото како што се поставија во светот и во историјата – преку нивното сопствено движење.“[1]
Медуза е феминистичка платформа создадена за девојки, жени, родови и сексуални малцинства – и во суштина сите личности со желба да слушаат, учат и живеат феминистички, кои сакаат да градат меѓусебни мрежи на поврзување, да читаат едни за други и пишуваат: за себеси, за личните/системските (и сите измеѓу) проблеми со кои се соочуваат секојдевно; за своите избори, своите права, своите задоволства, своите тела, своите приказни…
Медуза е место на солидарност, еманципираност, отвореност, експерименталност и прифаќање.
Преку Медуза ги пуштаме нашите краци и го заземаме јавниот простор кој ни е потребен.
Повелете и слободно придружете се!
[1] “Le Rire de la Méduse” by Hélène Cixous
ИМПРЕСУМ
МЕДУЗА ЗАЕДНИЦА
ПРИЈАТЕЛИ И ПОДДРЖУВАЧИ
WITH THE FINANCIAL SUPPORT OF
„Медуза е непрофитен медиум, чија содржина се создава од широката Медуза заедница, а се уредува, курира и објавува од уредничкиот тим на Медуза. Приказната ја започнавме како неформална феминистичка иницијатива во 2018 година, а прераснавме во Здружение за феминистичка продукција, израз и делување Платформа Медуза Скопје во 2025 година. Нашата работа е поддржана од повеќе организации и фондации, но содржините и перспективите застепаени на медиумот ги изразуваат исклучиво нашите ставови и ставоите на сите гласови застапени преку приказни, есеи, интервјуа и истражувања.“


























































