- Од Masina.rs
По најмасовниот студентски протест во Србија, а и пошироко, одржан на 15-ти март во Белград, со право се поставува прашањето што и како понатаму. Борбата продолжува, а во рамките на дискусиите за „системски“ промени, надвор од етно-националистичките антисистемски наративи или либералните желби за експертска влада, треба да се нагласи класната димензија, која произлегува од конкретноста на студентската борба – за (самоорганизирано) општество како политичка заедница.