Младинската активистка Бисера Ѓуровска разговора со Мартина Ивановска и Леа Георгиевска за волонтерството, активизмот, личниот развој и местото на родот во изборот на кариера кај младите.
Бисера Ѓуровска
Авторка
Левичарка заинтересирана за општествените науки, љубителка на музика и уметност, и волонтерка во повеќе невладини организации како Еквалис, БидиЗелен, УНИЦЕФ, МОФ и БЕСТ – Скопје, за најразлични иницијативи за прогресивна промена во заедницата, вклучувајќи теми како демократија во училиштата, младинско учество и развој, родови и ЛГБТИ+ права и екологија.
Аматерски се занимава со пишување есеи, раскази, поезија, текстуално уредување, преведување, јавно говорење и настапување со нејзината поезија.
Има преведено две збирки поезија од македонски на англиски јазик („Кожена Душа“ и „Фантомот на Реката“ од Емануела Китановска). Нејзините дела се објавени во повеќе збирки и списанија како Средношколски Мислења (есеи), Спознавање (колумни), Песни и Есеи за Егејот и на повеќе онлајн платформи и блогови како LifestyleByEmrah, EPYC, HOV, и Медуза.