Јелена Никодиноска Чаповска
Авторка
Писателка и професорка која верува во моќта на приказните да нѐ сплотат, разбудат и преродат. Како професорка по англиски јазик и книжевност во гимназијата „Нова“, ужива во дискусиите со своите ученици и колешки, од кои секојдневно учи. Како писателка, се нурнува во длабокото синило на тивките женски теми и во прашања со надеж да научи, разбере и обзнани. Ја сака тишината, но подеднакво ужива и на салса-подиумот. Нејзиното срце чука во ⅞.