Марија Каева
Авторка
Марија Каева е вокална изведувачка и текстописец, со долгогодишно искуство и како копирајтер, како и voice-over за анимирана и документарна програма. Од рана возраст започнува да работи како радио водителка и музичка уредничка (Радио Уно, Сити Радио, Македонско Радио 2, Канал 103.). Зад себе има три музички изданија: 4 Инциденти (2009), Фортуна(2021), Разгледи (2022) со Г. Кондовски и В. Дробицки. Од 2013 до 2021 година живее и работи во Германија кадешто ќе има прилика да работи на две куклени претстави за деца и возрасни како аниматор на кукли. Нејзините први објавени текстови се колумните пишувани за Трн во 2023 година.