Личности кои носат екстравагантна женска гардероба и шминка заради перформанс и пародија/карикатурирање на стереотипите за женственост и „вамп жени“. Обично носат претерана шминка и бројни додатоци за да ја постигнат таа цел. Постојат повеќе теории за етимолигијата на зборот, а еден од нив е Дрег како акроним за “Dressed Resembling A Girl”.
Песна на оваа недела e Space, од драматичната Ah Mer Ah Su. Иако доаѓа од минатиот нејзин албум (веднаш проверете го новиот), овој звук е совршен за нурнување во целото творештво на ужасно талентираната девојка од Оукленд, Калифорнија.
BbyMutha е девојка од Тенеси чиј псевдоним е субверзија на обидот на насилните мажи од нејзиното минато да ја редуцираат на нејзиниот идентитет како мајка.
Girl Blunt е првиот сингл од вториот студиски албум на бруклинската раперка Leikeli47 преку кој го отвора прашањето за безбедни простори за црните жени.