Секоја жртва која не пријавила насилство, имала причина за тоа, а над 300 жени ги споделија своите причини со нас. Овие 16 глумици читаат дел од нивните одговори.
100 девојки и жени анонимно ни ги раскажаа своите искуства со дискриминација, мобинг и вознемирување на работното место, а 9 глумици прочитаа дел од нивните одговори.
Над 100 жени одговорија на нашиот прашалник поврзан со условите и третманот кои ги добиле при пораѓај.
15 жени читаат дел од нивните анонимни одговори.
ДISKORДIA е радио емисија која го бара можниот саундтрак за падот на патријархатот, базиран на уживање во сурф по пределите маргинализирани од големите комерцијално-културни конгломерати, а често главниот извор на нашата среќа, слобода, музика, ликови, политика и знаење. Музичко идентитетски проект на Стефан Богески и Ивана Драгшиќ.
"A gentle дiskorдia mix-tape we did for the 2nd bday of our favorite cyber gfriend, the feminist platform meduza.mk
first half by stefan bogeski, second by moi"
Клаустрофобична (анти) љубовна приказна, која ги отвора прашањата на дискрепанците на моќта, расата, неплатениот труд, автентичноста во уметноста и традиционалната улога на жената како муза.
Филмов е одличен избор ако coming of age жанрот ви е слабост, а според мене на одличен начин ја прикажува голготата низ која треба да помине една девојка за да добие абортус.