КУКЛА конечно го издаде својот деби албум насловен KATARINA. Šibedah се чини дека е бензинот кој ужасно добро го подмачкува преминот од првата кон втората половина од албумот на кој ако му се навраќате доволно често ќе забележите дека пружа слатки експлозии на локални, но и глобални посластици.
‘PLAY’ е свеченото отворање на годината која најавува многу нова музика од Mykki Blanco, кој ова гостување со своите заразни стихови на кратката и заводлива индустриски хаус трака го искористи како тизер за неговиот втор албум кој допрва треба да се појави.
Песна на оваа недела e Space, од драматичната Ah Mer Ah Su. Иако доаѓа од минатиот нејзин албум (веднаш проверете го новиот), овој звук е совршен за нурнување во целото творештво на ужасно талентираната девојка од Оукленд, Калифорнија.
BbyMutha е девојка од Тенеси чиј псевдоним е субверзија на обидот на насилните мажи од нејзиното минато да ја редуцираат на нејзиниот идентитет како мајка.
Girl Blunt е првиот сингл од вториот студиски албум на бруклинската раперка Leikeli47 преку кој го отвора прашањето за безбедни простори за црните жени.
Grrrl Like е првиот сингл од последното EP на јужно африканската раперка Dope Saint
Jude, која низ својата музика ги отвора прашањата за род, сексуалност и вкоренетите
норми.
Крај на содржините
No more pages to load