‘PLAY’ е свеченото отворање на годината која најавува многу нова музика од Mykki Blanco, кој ова гостување со своите заразни стихови на кратката и заводлива индустриски хаус трака го искористи како тизер за неговиот втор албум кој допрва треба да се појави.
Песна на оваа недела e Space, од драматичната Ah Mer Ah Su. Иако доаѓа од минатиот нејзин албум (веднаш проверете го новиот), овој звук е совршен за нурнување во целото творештво на ужасно талентираната девојка од Оукленд, Калифорнија.
BbyMutha е девојка од Тенеси чиј псевдоним е субверзија на обидот на насилните мажи од нејзиното минато да ја редуцираат на нејзиниот идентитет како мајка.
Girl Blunt е првиот сингл од вториот студиски албум на бруклинската раперка Leikeli47 преку кој го отвора прашањето за безбедни простори за црните жени.
Grrrl Like е првиот сингл од последното EP на јужно африканската раперка Dope Saint
Jude, која низ својата музика ги отвора прашањата за род, сексуалност и вкоренетите
норми.
Крај на содржините
No more pages to load