Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-син облак кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.

Никогаш не ти било срам што си таква?
Само љубовта може да го спаси овој свет. Зошто да ми е срам да сакам?

 

Од минатото лето имаме привилегија да го читаме Сината е најтоплата боја (2010) – графички роман кој веќе важи за класик, напишан и илустриран од Жил’ Маро, сега преведен од француски на македонски од Филип Илиев, во издаваштво на Артконект. Ова дело е, ми си чини, важно што го имаме достапно на македонски јазик. Прво, бидејќи ја збогатува, инаку скромната понуда на графички романи кај нас, а второ, бидејќи ја третирата лезбејската љубов, тема која сè уште е на маргините на нашите книжарници.

Верувам дека за повеќето, првата асоцијација од овој наслов е фамозната филмска адаптација која доби, не една, туку, три златни палми за најдобар филм во 2013, една за режисерот и по една за двете главни актерки Adèle Exarchopoulos и Léa Seydoux. За жал, филмот  остана запаметен најмногу по секс сцените, кои и самата авторка на приказната, Жил’ Маро, ги оцени како воајерски, порнографски и неромантични, а кога ја прашаа што недостига во филмот, таа го кажа очигледното: лезбејки како дел од филмскиот тим. Филмот беше подложен на критика за претставување на љубовната приказна и женските тела преку машкиот поглед (male gaze), а на неколку наврати главните актерки се пожалија на лошите работни услови и експлоататорски методи на режисерот Abdellatif Kechiche.

Сепак, без разлика дали сте го гледале овој филм, и дали ви се допаднал или не, или пак не сте ни слушнале за овој наслов, топло ви препорачувам да ја прочитате изворната приказна која Жил’ Маро ја има работено цели 5 години. Графичкиот роман е нежна, но потентна приказна која плени, а во својата срж ја содржи потрагата по идентитет и себе-спознавање во формативните години на главната протагонистка, преку важните врски во нејзиниот живот: родителите, пријателите, и најцентрално, романтичната љубов кон друга девојка која ја обележува и ѝ ги става во перспектива и односите со другите и себе.

За пребрзото созревање на главната хероина читаме постхумно, преку очите на нејзината љубов Ема, која во „наследство“ го добива најскапоценото од Клем – нејзините дневници. Преку овој метод, авторката умешно ни ја доловува блискоста и природата на врската меѓу Клем и Ема, ако го земеме како даден фактот дека дневникот е едно писмо кон себеси, доказ за нашето постоење и најинтимна комуникација и самодоживување. Клем се препознава себеси во Ема, се чувствува како дел од неа да постоел и останува да постои надвор од нејзиното тело и материјален живот, во љубовта која ѝ помогнала да го спознае сопствениот потенцијал и емоционална вистина, за да се чувствува дека конечно е без каење и помирена со самата себе.

Дневникот на Клем нè транспортира во 1994 година, кога таа има 15 години, и така приказната започнува да го истражува нејзиното созревање кое е доста просечно: сексуална љубопитност и само-истражување, училиште и стрес, симпатии, срам, анксиозност и драматични исходи на навидум кратки и неважни љубовни односи. И таа самата забележува дека прашањата на тинејџерите се банални, но тоа сознание не ѝ помага во нејзината растечка преокупација со една „различна“ девојка со која се разминува на улица: девојка со волшебно сини очи и сина коса, која ја обележува палетата на целиот роман.

Несигурната Клем, станува уште понесигурна кога не може да си објасни како и зошто опсесивно мисли на друга девојка и го прави тоа што веројатно многу тинејџерки растени во хетеропатријархална култура би го направиле во таа ситуација – фаќа дечко за да си докаже дека е стрејт. Откако таа одлука не ѝ носи ништо друго освен повеќе несигурност и стрес, поттикната од својот геј пријател Валентин, оди во лејзбејски клуб каде ја среќава Ема и оттаму нивниот однос (пријателски, па романтичен) почнува да се развива.

 

 

 

 

 

 

 

 

Љубовта помеѓу Клем и Ема е приказна за многу љубови: младешка љубов, лезбејска љубов, промашена љубов; и сите тие лица на љубовта се прикажани и раскажани во сета своја комплексност. Но колку што оваа приказна е приказна за љубовта, е и приказна за загубата. Знаејќи уште од самиот почеток дека приказната на Клем и Ема е прерано скратена со ненадејната смрт на Клем, прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-син облак кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.

Сепак, преку нивната врска, читаме и за исконскиот обид на една млада личност да си најде парче свет за себе и колку е таа потрага тешка кога сфаќаме дека сме редуцирани на нашата улога во очите на другите, не гледајќи лесен излез од таа позиција. За Клем, тој излез е Ема, која е самоуверена, политички активна, авангардна и горда на својата сексуална ориентација, која е нејзино идентитетско одредиште. Клем, од друга страна, е затворена и срамежлива. Прерано треба да се соочи со самотија и изолација. Оставена сама на себе, Ема станува нејзиниот остров и извор на валидација. Но и покрај тоа, таа не може докрај да се прифати себеси, а таа несигурност ја осудува и нивната врска на пропаст.

Но, колку и да е лесно да се романтизира големата и страсна љубов, која се развива и распаѓа преку одлуките, внатрешните конфликти на протагонистките, но и општествените релации кои и те како ја детерминираат нивната врска, ова е истовремено и приказна за љубов која на моменти е токсична, која зборува и за љубомората, посесивноста и опсесијата со другиот. Неможноста целосно да се усреќиме, засакаме, прифатиме и пораснеме преку односот со само една личност, и општествениот притисокот романтичната љубов да биде извор на нашата човечка вредност е трагичноста на оваа, на моменти, анти-љубовна приказна. Но тоа што повеќе од што било друго ја прави оваа приказна да биде анти-љубовна, е борбата за љубов и себе-прифаќање во една крајно хомофобична заедница, која активно работи против најмалата можност на младите ЛГБТИ лица да се прифатат и сакаат себеси, пред да влегуваат во романтични врски со други. Па додека го читаме романот, не можеме, а да не се запрашаме како ќе изгледаше оваа врска и уште поважно созревањето и себеспознавањето на Клем, да не се срамеше од својата желба, да имаше повеќе луѓе околу себе кои ја поддржуваат и сакаат, и едноставно, да имаше услови да живее богат и исполнет живот, надвор од четирите ѕида во станот на Ема, кој стана единството место на нејзиното слободно постоење? На некој начин, тоа што ја убива нивната врска, и финално, ја убива и Клем, се строго определените граници на нашето движење, љубење и постење, од кои не секој може да излезе.

Начинот на кој визуелно е претставена оваа приказна, е исто така во таа насока. Животната приказна на Клем ја впиваме преку црно-белата нарација со изблици на јака сина боја, бојата на косата на Ема, која на некој начин го обојува дотогаш просечниот живот на Клем. Како што се доближуваме до сегашноста, каде Клем веќе не е присутна, авторката користи повеќе бои, за да заврши со најтивката и најсината од сите страници: слика од море која се протега на целата последна страница. Стилот, кој на моменти наликува на некоја адаптација на манга, лично не ми беше омилен, но авторката успешно пренесува комплексни емоции преку изразите на лицата на ликовите, кои имаат големи очи, преку кои лесно читаме: срам, заљубеност, возбуда, гнев и тага, како централни емоции на новелата. Страста, телесноста, сексуалното спознавање, и генерално сексот, заземаат важно место во приказната, и како такви се емотивно и доследно прикажани. За разлика од познатите сцени во филмот, сексот во новелата не е одлепен дел од приказната кој има за цел да ни прикажува сексапилни женски тела кои имаат за цел да нè возбудат, туку е составен дел од приказната и е во служба на наративот. Нивните тела имаат влакна, нивните лица прават секави гримаси, тие зборуваат, се смеат и не се на никаков начин објективизирани.

Сината е најтоплата боја е навистина топла приказна, која својата моќ ја црпи токму од трагичноста на релациите, кои во суштина се нашиот почеток и крај. Прифаќањето на конечноста на љубовта, нè прави ранливи и отворени да бидеме целосно во светот, знаејќи дека таа отвореност нè остава скршени. Љубовта се разгорува, умира, распукнува, нè распукнува, повторно оживува…повторно нè оживува…и веројатно, за таквата љубов вреди да се живее, и умре.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • April 26, 2023
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како е да старееш како геј во Србија
Додека сте помлади и здрави, некако се борите со стигмата и ограничувањата што ги чувствувате како геј личност. Во староста сè опаѓа, сè е потешко, кругот на пријатели се стеснува и мрежата за поддршка опаѓа
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сите за МКЦ: Движење кое почна со дружба
Ваквите пријателства и познанства создаваат чувство на заедништво, а некогаш овие врски може да се претворат во политички движења.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 8 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram