Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.

Никогаш не ти било срам што си таква?
Само љубовта може да го спаси овој свет. Зошто да ми е срам да сакам?

 

Ова лето имаме привилегија да ја читаме Сината е најтоплата боја (2010) – графички роман кој веќе важи за класик, напишан и илустриран од Жил’ Маро, сега преведен од француски на македонски од Филип Илиев, во издаваштво на Артконект. Ова дело е, ми си чини, важно што го имаме достапно на македонски јазик. Прво, бидејќи ја збогатува, инаку скромната понуда на графички романи кај нас, а второ, бидејќи ја третирата лезбејската љубов, тема која сè уште е на маргините на нашите книжарници.

Верувам дека за повеќето, првата асоцијација од овој наслов е фамозната филмска адаптација која доби не една, туку три златни палми за најдобар филм во 2013, една за режисерот и по една за двете главни актерки Adèle Exarchopoulos и Léa Seydoux. За жал, филмот  остана запаметен најмногу по секс сцените, кои и самата авторка на приказната, Жил’ Маро, ги оцени како воајерски, порнографски и неромантични, а кога ја прашаа што недостига во филмот, таа го кажа очигледното: лезбејки како дел од филмскиот тим. Филмот беше подложен на критика за претставување на љубовната приказна и женските тела преку машкиот поглед (male gaze), а на неколку наврати главните актерки се пожалија на лошите работни услови и експлоататорски методи на режисерот Abdellatif Kechiche.

Сепак, без разлика дали сте го гледале овој филм, и дали ви се допаднал или не, или пак не сте ни слушнале за овој наслов, топло ви препорачувам да ја прочитате изворната приказна која Жил’ Маро ја има работено цели 5 години. Графичкиот роман е нежна, но потентна приказна која плени, а во својата срж ја содржи потрагата по идентитет и себе-спознавање во формативните години на главната протагонистка, преку важните врски во нејзиниот живот: родителите, пријателите, и најцентрално, романтичната љубов кон друга девојка која ја обележува и ѝ ги става во перспектива и односите со другите и себе.

За пребрзото созревање на главната хероина читаме постхумно, преку очите на нејзината љубов Ема, која во „наследство“ го добива најскапоценото од Клем – нејзините дневници. Преку овој метод, авторката умешно ни ја доловува блискоста и природата на врската меѓу Клем и Ема, ако го земеме како даден фактот дека дневникот е едно писмо кон себеси, доказ за нашето постоење и најинтимна комуникација и самодоживување. Клем се препознава себеси во Ема, се чувствува како дел од неа да постоел и останува да постои надвор од нејзиното тело и материјален живот, во љубовта која ѝ помогнала да го спознае сопствениот потенцијал и емоционална вистина, за да се чувствува дека конечно е без каење и помирена со самата себе.

Дневникот на Клем нè транспортира во 1994 година, кога таа има 15 години, и така приказната започнува да го истражува нејзиното созревање кое е доста просечно: сексуална љубопитност и само-истражување, училиште и стрес, симпатии, срам, анксиозност и драматични исходи на навидум кратки и неважни љубовни односи. И таа самата забележува дека прашањата на тинејџерите се банални, но тоа сознание не ѝ помага во нејзината растечка преокупација со една „различна“ девојка со која се разминува на улица: девојка со волшебно сини очи и сина коса, која ја обележува палетата на целиот роман.

Несигурната Клем, станува уште понесигурна кога не може да си објасни како и зошто опсесивно мисли на друга девојка и го прави тоа што веројатно многу тинејџерки растени во хетеропатријархална култура би го направиле во таа ситуација – фаќа дечко за да си докаже дека е стрејт. Откако таа одлука не ѝ носи ништо друго освен повеќе несигурност и стрес, поттикната од својот геј пријател Валентин, оди во лејзбејски клуб каде ја среќава Ема и оттаму нивниот однос (пријателски, па романтичен) почнува да се развива.

 

 

 

 

 

 

 

 

Љубовта помеѓу Клем и Ема е приказна за многу љубови: младешка љубов, лезбејска љубов, промашена љубов; и сите тие лица на љубовта се прикажани и раскажани во сета своја комплексност. Но колку што оваа приказна е приказна за љубовта, е и приказна за загубата. Знаејќи уште од самиот почеток дека приказната на Клем и Ема е прерано скратена со ненадејната смрт на Клем, прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.

Сепак, преку нивната врска, читаме и за исконскиот обид на една млада личност да си најде парче свет за себе и колку е таа потрага тешка кога сфаќаме дека сме редуцирани на нашата улога во очите на другите, не гледајќи лесен излез од таа позиција. За Клем, тој излез е Ема, која е самоуверена, политички активна, авангардна и горда на својата сексуална ориентација, која е нејзино идентитетско одредиште. Клем, од друга страна, е затворена и срамежлива. Прерано треба да се соочи со самотија и изолација. Оставена сама на себе, Ема станува нејзиниот остров и извор на валидација. Но и покрај тоа, таа не може докрај да се прифати себеси, а таа несигурност ја осудува и нивната врска на пропаст.

Но, колку и да е лесно да се романтизира големата и страсна љубов, која се развива и распаѓа преку одлуките, внатрешните конфликти на протагонистките, но и општествените релации кои и те како ја детерминираат нивната врска, ова е истовремено и приказна за љубов која на моменти е токсична, која зборува и за љубомората, посесивноста и опсесијата со другиот. Неможноста целосно да се усреќиме, засакаме, прифатиме и пораснеме преку односот со само една личност, и општествениот притисокот романтичната љубов да биде извор на нашата човечка вредност е трагичноста на оваа, на моменти, анти-љубовна приказна. Но тоа што повеќе од што било друго ја прави оваа приказна да биде анти-љубовна, е борбата за љубов и себе-прифаќање во една крајно хомофобична заедница, која активно работи против најмалата можност на младите ЛГБТИ лица да се прифатат и сакаат себеси, пред да влегуваат во романтични врски со други. Па додека го читаме романот, не можеме, а да не се запрашаме како ќе изгледаше оваа врска и уште поважно созревањето и себеспознавањето на Клем, да не се срамеше од својата желба, да имаше повеќе луѓе околу себе кои ја поддржуваат и сакаат, и едноставно, да имаше услови да живее богат и исполнет живот, надвор од четирите ѕида во станот на Ема, кој стана единството место на нејзиното слободно постоење? На некој начин, тоа што ја убива нивната врска, и финално, ја убива и Клем, се строго определените граници на нашето движење, љубење и постење, од кои не секој може да излезе.

Начинот на кој визуелно е претставена оваа приказна, е исто така во таа насока. Животната приказна на Клем ја впиваме преку црно-белата нарација со изблици на јака сина боја, бојата на косата на Ема, која на некој начин го обојува дотогаш просечниот живот на Клем. Како што се доближуваме до сегашноста, каде Клем веќе не е присутна, авторката користи повеќе бои, за да заврши со најтивката и најсината од сите страници: слика од море која се протега на целата последна страница. Стилот, кој на моменти наликува на некоја адаптација на манга, лично не ми беше омилен, но авторката успешно пренесува комплексни емоции преку изразите на лицата на ликовите, кои имаат големи очи, преку кои лесно читаме: срам, заљубеност, возбуда, гнев и тага, како централни емоции на новелата. Страста, телесноста, сексуалното спознавање, и генерално сексот, заземаат важно место во приказната, и како такви се емотивно и доследно прикажани. За разлика од познатите сцени во филмот, сексот во новелата не е одлепен дел од приказната кој има за цел да ни прикажува сексапилни женски тела кои имаат за цел да нè возбудат, туку е составен дел од приказната и е во служба на наративот. Нивните тела имаат влакна, нивните лица прават секави гримаси, тие зборуваат, се смеат и не се на никаков начин објективизирани.

Сината е најтоплата боја е навистина топла приказна, која својата моќ ја црпи токму од трагичноста на релациите, кои во суштина се нашиот почеток и крај. Прифаќањето на конечноста на љубовта, нè прави ранливи и отворени да бидеме целосно во светот, знаејќи дека таа отвореност нè остава скршени. Љубовта се разгорува, умира, распукнува, нè распукнува, повторно оживува…повторно нè оживува…и веројатно, за таквата љубов вреди да се живее, и умре.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • August 23, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Предраг
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 7 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram