Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.

„Би рекол дека како што стануваше помалку личност, така повеќе го сакав. Со секоја лезија што ја добиваше, повеќе го сакав. До последната секунда. Му реков сакам да бидам таму до твојот последен здив. И бев таму, до неговиот последен здив.“

Ова се зборови на концептуалниот уметник Феликс Гонзалез-Торес во интервју од 1995 година. Раскажува за смртта на неговиот партнер Рос Лејкок, кој починал од СИДА четири години порано. Помалку од една година по интервјуто, самиот Гонзалез-Торес ѝ подлегнал на болеста. Имал 38 години.

 

“Untitled” (Wawannaisa), 1991, by Félix González-Torres. Photograph: © The Felix Gonzalez-Torres Foundation

 

Голем дел од делото на Гонзалес-Торес се однесува на Лејкок, кој починал во периодот кога ѕвездата на овој американски уметник со кубанско потекло започнувала да сјае во светот на уметноста (интервјуто за американското уметничко списание „Бомб“ беше дадено по повод неговата самостојна изложба во Гугенхајм, Њујорк).

Оттогаш, има многу изложби низ Америка и Европа. Во Лондон отворена беше постхумна изложба во галеријата „Серпентин“ во 2000 година, со истовремени прикажувања во музејот „Викторија и Алберт“, „Камден Артс Центар“, „Кралскиот колеџ за уметност“, „Челси“ и „Вестминстер“, и на разни локации низ главниот град: неговите венци од светилки ги осветлуваа улиците во Камден додека огромните билборди, прикажувајќи две вдлабнати перници на несреден кревет стоеја над сообраќајниците од Ламбет до Падингтон.

 

 

Дваесет години по неговата смрт, sвездата на Гонзалез-Торес не згаснува. Всушност, неговата репутација продолжува да расте. Во 2007 година, ги претставуваше САД на биеналето на Венеција, а во 2010 година едно од неговите дела со купови бонбони се продаде за 4,6 милиони американски долари.

Сега е изложен истовремено на три места: во Хаузер и Вирт во Лондон, во галерија Андреа Розен во Њујорк и Масимо де Карло во Милано. Секоја галерија се фокусира на различен аспект на неговото дело и е курирана од уметниците Рони Хорн и Џули Аул. И двајцата биле блиски со уметникот и се соработници на Фондацијата Феликс Гонзалез-Торес, формирана во 2002 година. Фондацијата скоро фанатично го заштитува наследството на уметникот: ниту Хорн ниту Аул не беа подготвени да зборуваат за нивната кураторска улога, а по една недела премислување конечно прифатија да испратат меил со список на дела што ги избрале за секоја поставка.

 

Felix Gonzalez-Torres, “Untitled” (USA Today), 1990

Оваа очигледна недоверба кон печатот изгледа чудно и спротивно на отвореноста и великодушноста што уметникот ја покажуваше во текот на неговата кратка кариера, не само низ неговата трогателна искреност во интервјуата, туку и преку самото дело и елементот на ритуал во однос на интимата пред јавност и физичка интеракција со неа. Бонбоните eвоцираат идеи за католичка трансупстанција, но и нешто со посилен еротски набој и субверзија.

Американскиот критичар и куратор Роберт Стор купи едно од најпознатите “слатки” дела на уметникот, „Untitled“ (Плацебо), за МОМА, Њујорк, во периодот кога работел како виш куратор во музејот.

Делото од 1991 година е голем правоаголен тепих од бонбони завиткани во сребрена фолија. Може да изгледа, на прв поглед, како типично минималистичко парче или пример за распрскувачка, светкава уметност од доцните 60-ти, со единствена разлика што делото трепка и искри и сте добредојдени да се послужите од бонбоните.

„Секоја бонбона во суштина е еден вид домаќин“, објаснува Стор, „сурогат за тело што не е таму, затоа што суштината на тие бонбони ја претставува суштината на Рос, кој веќе починал од СИДА, и на самиот Феликс, кој бил на крајот од животот поради сидата. Па така, како што ги конзумирате бонбоните, го консумирате телото и крвта на пациент кој боледува од СИДА, а исто така, на јавно место, ја цицате сржта на двајца мажи кои биле љубовници.

И така, тоа е дело што е и забавно провоцирачко и смртно сериозно, особено со оглед на климата на хистерија и незнаење за сидата во тоа време. Суптилно, но моќно, Гонзалез-Торес ги претставува заболените од СИДА како жртви, маченици на културата.

Делото претставува и идеја за обнова (дури и воскресение), бидејќи изедените бонбони редовно се надополнуваат. И во време кога постоењето на НЕА (National Endowment for the Arts) беше постојано под политичка закана како тело за финансирање на уметниците кои отворено прифаќаат „трансгресивни“ теми поврзани со сексуалноста и сексуалниот идентитет, Гонзалез-Торес не се обидуваше да шокира. Наместо тоа, користеше минимални стратегии за да го ангажира, а не да го одврати гледачот.

Така, не е изненадување што Гонзалез-Торес рекол дека „има проблем со тоа што се очекува од нас“, односно се спротивставил на она што хетеро конзервативното општество очекува да го види од машките геј уметници. Додека неговиот современик Рон Ејти, во еден „озогласен“ перформанс фрла натопени парчиња ткаенина со крв свежо заразена со ХИВ, кои потоа се врз главите вознемирените посетители, Гонзалез-Торес го поканува гледачот да прошета низ завеси од црвени монистри.

FELIX GONZALEZ-TORRES – “UNTITLED” (BLOOD), 1992

 

Гонзалез-Торес сметаше дека не е ниту неопходно ниту ефикасно да се користат таканаречени директно во лице тактики. „Она што понекогаш сакам да го постигнам со некои дела поврзани со хомосексуалната желба е е да бидат поинклузивни.“ – вели тој. Така, делото (Без наслов)“ Златно (1995) со својата свиленкаста завеса од ситни жолти монистри, сугерира езотерична сексуална пракса без да се заканува на публиката. „Мора да му веруваме на гледачот и да веруваме во моќта на објектот. А моќта е во едноставните работи.“ – вели тој.

Наместо да применува агресивни тактики, Гонзалез-Торес создаде моќни метафори, користејќи ги за да го насочи вниманието кон сложени и честопати комплексни прашања, за социјалните прашања; од СИДА, преку културата на оружјето до сиромаштијата и сексуалните и маргиналните идентитети. Оттука, едноставно двa часовници кои покажуваат исто време во „Без наслов“ (Совршени љубовници).

Стор, кој беше кустос на биеналето во Венеција е уверен дека Гонзалез-Торес е еден од најважните уметници што се појавил во 90-тите години, како темелна и трајна фигура, како што била и Ева Хес во 60-тите и 70-тите години (Хес исто така починала млада, од тумор на мозокот). „Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста“, вели тој. „Кога сите врескаат, прошепоти и луѓето ќе слушнат“.

 

 

 

 

 

Извор: The Guardian

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • August 31, 2020
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • КВИР, ПЕСНА
Квир песни на неделата
Четири квир песни во превод по повод Парадата на гордоста.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 7 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram