Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизмот во Југославија: Интервју со Софија Лоранд
Разговара Славенка Дракулиќ

Пред седумдесет години беше објавена една исклучително значајна книга, не само за жените и ѝсторијата (herstory), туку и за општеството воопшто. Станува збор за делото „Вториот пол“ на француската филозофка, писателка и феминистка Симон де Бовоар. Во оваа книга, таа ги артикулираше најважните прашања за жените, но јавноста главно ја памети по изјавата која стана општопозната, колку што и контроверзна: Жена не се раѓа. Жена се станува. Во делото, Бовоар анализира како се станува жена, како патријархалното општество ја обликува родовата улога на женскиот пол, раздвојувајќи ги за прв пат тие два поими, кои дури и денес се проблематични.

За значењето на оваа книга, како и за појавата на феминизмот во осумдесетите и деведесетите во Југославија разговарам со унгарската теоретичарка Софија Лоранд (Zsófia Lóránd). Таа за британскиот издавач Palgrave ја издаде книгата со наслов „Феминистичкиот предизвик на социјалистичката држава во Југославија“ (2018). Софија Лоранд е родена во 1979 г. во Будимпешта, студирала англистика, компаративна книжевност и политологија, а докторирала на CEU на интелектуална историја на феминизмот во Југославија. Објавила мноштво текстови, но освен со теорија се бави и со феминистичка пракса. Осум години била волонтерка на СОС телефонската линија на организацијата NANE за претепани жени во Унгарија. Работела и како уредничка на издавачката серија Bora, која објавува книги на писателки од бивша Југославија. Во моментов на Кембриџ работи на историја на феминистичката политичка мисла во централна и источна Европа.

Основното прашање со кое се бави во книгата е како југословенските феминистки ги „преведувале“ западните концепти и идеи на својот јазик, на верзија на феминизмот која била применета во општеството во кое живееле. Притоа, интересно е што овој феминизам ја критикувал државата поради неисполнетите ветувања за еманципација, но – како што пишува Лоранд – и соработувал со неа, на пример во врска со насилството над жените. Ова е студија на случај на најдолго постоечки феминизам во Источна Европа кој истовремено бил и начин на отпор на системот, поаѓајќи од фаза на освестување до активизам, од седумдесетите до почетокот на војните. Лоранд преку потребната ѝсторија на феминизмот на овие простори напиша книга која не е само важен прилог на освестувањето на сопствената женска историја, туку нам ни’ е нужна во ретроградната женска сегашност во сите постсоцијалистички земји во кои царува национализмот.

 

Славенка Дракулиќ: Интересно е дека оваа книга ја напиша жена од странство. Како дојде до тоа?

Софија Лоранд: Ме интересираше што се случило со феминизмот во времето на социјализмот во нашиот дел на светот. Кога открив дека постои феминистичка критика на социјализмот на толку теоретско ниво и со толку многу активности (уметност, книжевност, политички активизам), посакав да дознаам што повеќе. За да можам да истражувам, го научив и јазикот. Зачудувачки ми беше што жените од универзитетите се здружиле за воспоставување на СОС линија и дека тоа се правело во време на социјализам. Ништо вакво не постоело во Централна и Источна Европа.

 

Ми се наметнува прашањето зошто книгата не ја напиша некоја од нас, жените кои уште во 1978 учествуваа на првиот меѓународен собир за жени „Друга жена“ во Белград и во почетокот на осумдесетите ја формираа групата „Жената и општеството“ во рамки на социјалистичкото општество. Можеби одговорот е во околностите по војните? Поствоеното време ја отежна и прекина претходната соработка на жените, а за да се напише историја на феминизмот требаше да се прибере документација, да се патува, да се разговара. Што мислите вие за тоа? Дали сето тоа вам ви беше подостапно?

Секако, не можам да знам со сигурност зошто никој од групата не ја напиша оваа приказна, верувам дека војните дефинитивно играа улога. Сосема е разбирливо фокусот за важноста на одредени работи целосно да се префрли. Мислам дека после војните, а тоа го гледам и во делата на жените за кои пишувам во книгата, сите сакаа да се фокусираат на иднината, да направат нешто за што сметаа дека е важно за иднината. Можеби гледањето на минатото беше дури и болно, или така си замислувам … Јас дојдов подоцна, дојдов однадвор и сум помлада генерација. Бев политички освестена за време на транзицијата и се сеќавам дека една од моите пријателки од средно училиште беше полусрбинка. Многу ми се допаѓаше кога зборуваше српски со нејзиниот татко и бев среќна што можам да научам српски јазик во Белград, а хрватски во Загреб – признавам дека мојот словенечки не е многу добар (се смее). Значи, пораснав во соседна социјалистичка држава како активистка, така што не бев целосен аутсајдер. Ми помогна фактот што пишувањето книга за феминизмот во Југославија беше докторска дисертација и бев добро платена за тоа. Бев во можност да патувам, да собирам документација и внимателно да ја проучувам – а беа потребни години. Средбата со сите овие жени беше вистинска магија. Всушност, ја започнувам книгата со тоа што им се заблагодарувам на жените со кои разговарав и на кои навистина сум им благодарна што ги споделија нивните спомени, искуства и животни приказни.

 

Дали според вас феминизмот во Југославија беше движење – односно како вие го дефиниравте овој феномен? Можеби прво треба да го појасниме парадоксот на потреба од феминизам во социјализмот?

Не е движење, навистина, барем не на почетоот. Главно бил интелектуален феномен кој понекогаш допирал и до широката публика, поготово преку популарните списанија како Bazar и Start. Би било тешко да се основа движење во социјализмот, поготово надвор од самоуправниот состав. Но организацијата на СОС телефонска линија имала потенцијал да стане движење. Меѓутоа, војната почнала и се’ се променило. А токму парадоксот на потребата од феминизам во социјализмот бил во средиште на феминистичката критика во тоа време. Целосната еманципација на жената била неостварено ветување, а социјалистичкиот контекст го третирал „женското прашање“ како решено и тоа оневозможувало разговор за многу проблеми. Тешко било дури и да се препознае проблемот. Тоа се променило со појавата на феминистичката критика која се фокусирала на нееднаквата поделба на трудот во домаќинството, хоризонталната дискриминација односно фактот што феминизираните професии биле помалку платени, сексуалната нерамноправност на жените, недостатокот на добри контрацептивни средства. Така, женското здравје и насилството над жените конечно станале тема на разговор.

 

Во мојата генерација на раните осумдесети се појави некаков вид на потреба за активизам (иако во рамки на систем кој оневозможуваше регистрирање на групи, масовно собирање и сл.). Притоа, зборот активизам мора да го користиме внимателно бидејќи можностите беа многу ограничени. Од денешна перспектива, кои облици на делување ви изгледаат важни?

Без сомнение СОС линиите за помош на претепани жени. Би додала и објавување на текстови во масовните медиуми, но СОС и Акциската анкета во Белград се најважни. Токму волонтерките на СОС од Загреб и Белград подоцна ги обучувале првите волонтери на СОС во Унгарија во деведесетите.

 

Се сеќавам дека една од нашата група која се состануваше кај Рада Ивековиќ – тоа можеби беше и самата Рада – забележа дека во огласите за работа се наведува пожелен пол, М односно Ж. Тоа беше забрането со закон, па зборувавме и пишувавме за сексизмот. И за насилството во семејството кое тогаш службено не ни постоеше. Со други зборови, наспроти законската еманципација, ни во социјализмот на жените не им цветаа рози, поготово во приватниот живот.

Потполно се согласувам со вас. Заради тоа сексизмот и насилството тогаш беа толку важни теми. Преку работата на феминистките стана јасно дека е потребен нов закон за насилство врз жените. Надвор од разумот е колку долго феминистките зборуваат за тоа, а ништо не се случува. На пример, за промена на законот се заложи и српската криминологиња, Весна Николиќ Ристановиќ, која во 1989 напиша книга за насилството врз жените и јасно објасни дека постоечкиот закон го третира силувањето како прашање на морал, а всушност станува збор за насилство. Во еден есеј од 1977 загребската социологиња Лидија Склевицки (Lydia Sklevicky) напиша: „Кога жената ќе каже не – тоа значи не!“. Ми се допаѓа како жените тогаш го објаснувале сексизмот. Рада Ивековиќ напиша дека „сексизмот е дискриминација која се заснова на полот, како што расизмот е дискриминација заснована на расата“. Блаженка Деспот и Гордана Босанац едноставно го нарекуваат „полов расизам“. Жарана Папиќ го опишува сексизмот како сегрегација по пол каде жените се секогаш во подредена положба. Тоа се комплексни објаснувања, кои го разоткриваа наводниот антирасизам на социјалистичкиот систем, и тоа на теориски рафиниран и политички радикален начин.

 

Секако, не Ви се провлече фактот што првите жени кои почнале да се собираат, разговараат и пишуваат биле интелектуалки од академска постава, професорки, студентки, како во Загреб така и во Белград или Љубљана. Очигледно се работи за освестување преку западната литература и патувања на кои се информирале за бранот на феминистички протести кои го зафатија Западот. Накратко, за „лошото западно влијание“ – како што го формулираа критиките од службената т.е. партиската организација, Конференцијата за општествена активност на жените.

Тоа сепак било повеќе од освестување, станува збор за креативна реинтерпретација. Жените го откриле заедничкото искуство – дека во теоријата се еманципирани, но во реалноста се далеку од еднакви; се разочарале од патријархалните односи во наводно прогресивното социјалистичко општество. А што се однесува на лошите влијанија од Западот, Вие самата соодветно одговоривте на критиката на Конференцијата за општествена активност на жените, дека ниту марксизмот не е домашна југословенска теорија.

 

Што се однесува до „Вториот пол“, мојот впечаток е дека англосаксонските авторки како Betty Friedan, Germaine Greer или Shere Hite беа поважни за нас во тоа време. Не станува збор само за јазикот, бидејќи „Вториот пол“ беше преведена – иако неумешно – уште во 1982 година во белградскиот БИГЗ, така што книгата беше достапна и ја читавме, се разбира.

Мислам дека станува збор за тајмингот. Она што го нарекуваме „втор бран феминизам“ во САД и Франција беше поинтересен. Во Франција, ова беше времето на Хелен Сиксу, Лис Иригаре и Јулија Кристева. Тие беа нови и интригантни во тоа време. А Де Бовоар беше некако заборавена, а потоа повторно откриена … Всушност, самиот факт што беше преведена „Вториот пол“ сведочи за влијанието на феминизмот во Југославија во раните 80-ти.

Покрај тоа, Де Бовоар не спаѓа во оваа метафора на бранови со која ја опишуваме нашата феминистичка историја, поради што многу научнички и активистки се критички настроени кон терминот. Таа сугерира дека постоел еден хомоген бран од 18-ти век до 1960-тите, што секако не е точно … Интересно е што Де Бовоар беше објавена во социјалистичка Унгарија уште во 60-тите години на минатиот век, поради огромниот интерес главно за егзистенцијализмот и Жан Пол-Сартр, а не за феминизмот.

 

Според вас, дали почетокот на војните значеше крај за југословенскиот феминизам, како и крај за самата држава? Поточно, некои групи, како што се Жените во црно, одржуваа врска во тие години и имаа заеднички активности, што ми остава впечаток на извонредно достигнување. За ова детално пишува Ана Мишковска Кајевска во нејзината книга „Feminist Activism at War“. Имено, жените се исто така граѓанки, нивната родова улога не ги одредува во политички смисол, па така, исто како и мажите, тие гласаа за или против воени лидери. Каква акција беше можна после тоа?

Хммм, ова е тешко прашање. Ана Мишковска Кајевска добро ги опиша тензиите и конфликтите и ова болно искуство кај феминистките за време на војната. Јас би се согласила со вас дека со распадот на Југославија, феминизмот во 70-тите и 80-тите години престана да постои. Сепак, тоа не значи дека не се наследи кај Жените во црно или кај феминистките кои се сретнуваа во Дубровник по војната. Но, тоа беа други времиња. Од една страна, постојат различни националности и политички верувања, а во меѓувреме, некои жени ги сменија интересите и кариерите. Сега разликите помеѓу универзитетските научнички и активистките се многу поголеми отколку во Југославија. Ова е навистина штета, бидејќи соработката им овозможува да растат и да се развиваат.

 

Во која мера сметате дека жените во постсоцијалистичките земји се свесни за опасносноста која им се заканува на женските права? Да го земеме примерот за абортус. Во Полска, освен во неколку случаи, забраната за абортус беше еден од првите закони на новата влада по 1989 година. Под влијание на Католичката црква, секако – a сега во форма на совесно спротивставување на лекарите и медицинските сестри, па дури и фармацевтите, постои насекаде и сè повеќе?

И јас се надевам дека ќе успееме да ги мобилизираме жените, ако за ништо друго, да ги браниме репродуктивните права. Охрабрувачки е што во Полска жени и мажи излегоа на улиците протестирајќи против забраната за абортус. Се разбира, страшно е да се има еден од најрестриктивните закони во Европа.

 

По промената на политичкиот систем во 1989 година, скоро три децении подоцна, национализмот, односно анти-имигрантската пропаганда, повторно се појави, во голема мерка заради стравот од имигранти и манипулацијата со тој страв.

Зад анти-имигрантската пропаганда се кријат грозен расизам и ксенофобија. Ова потсетува на ужасните времиња во Европа во 20 век кога политичарите, преку употреба на страв, можеа да го уништат секое чувство за хуманост и солидарност. Континентот гледаше како милиони сограѓани беа депортирани и ужасно убивани во концентрационите логори. Ние не преземаме одговорност за нашето минато и не учиме од тоа. Особено е цинично тоа што денешните екстремистички политичари што седат во парламентот, министрите и претседателите ги користат наводно „феминистички“ аргументи: тие имплицираат дека не-белите мажи се оние кои ги загрозуваат белите жени. Божем Унгарките, Хрватиците, Французинките и жените насекаде низ светот не се тепани и силувани од своите сограѓани секој ден! Ние феминистките треба да бидеме гласни за политичарите да не ги користат женските права за свој говор на омраза.

 

Дали бабите и мајките на денешните млади жени беа порамноправни? И, ако е така, како младите жени ќе станат свесни за ова освен да удираат со глава во ѕид – на пример, во ситуација кога ќе изберат абортус? Или кога нема да добијат работа затоа што се жени и може да останат бремени, па да бараат породилно отсуство, итн?

Не сум сигурна дали нашите мајки и баби биле порамноправни од нас. Станав феминистка затоа што гледав колку напорно работат мајка ми и баба ми. Живееја под постојан притисок да бидат добри домаќинки, да изгледаат добро. Тоа двојно, тројно оптоварување постои во мојот живот од денот кога се родив. Се разбира, социјалистичката држава обезбеди помош за нега на деца и мрежа за социјална помош, но не мислам дека нивниот живот беше лесен. Ова го критикувавте вие и другите феминистки во Југославија. Да, сега секако е тешко. Покрај нападот врз репродуктивните права, комерцијализираната верзија на „феминизмот“, која воопшто не е феминизам, во рамки на капитализмот, мене особено ми е проблематична.

 

Мислите на илузијата на избор кој го имаат жените?

… тоа е како некој производ кој сјае, лажно чувство за еднаквост што го купувате во продавница заедно со сјаен кармин. Ова ги прави помалку свесни за репресијата што ги чека, помалку свесни дека треба да се организираат и да се борат. Исто така ми се чини дека секогаш ќе ја доживуваме помладата генерација како недоволно радикална, недоволно феминистичка. Јас многу го сакам есејот на Glorija Stein „Зошто младите жени се конзервативни?“ Се разбира, има и многу млади жени кои се добро запознаени со феминизмот и знаат како да постапат.

 

Да се вратиме на „Другиот пол“. Де Бовоар пишува: „Женката е плен на видот; целиот нејзин организам е подреден на мајчинството што ја контролира“. Може ли телото на жената да биде само нејзино ако општеството се репродуцира со нејзина помош? Ако државата може во кое било време да го ограничи правото на жената слободно да одлучува за своето тело?

Да, наместо да се обиде да ги третира жените како еднакви затоа што тие имаат единствена способност да раѓаат, патријархатот е изграден врз контролата над жената. Со децении, феминизмот се бори за правото на жената на сопственото тело, но тоа постојано се доведува во прашање. Раѓањето и мајчинството е постојан притисок врз секоја жена, и еден од најголемите извори на чувство на неадекватност, чувството дека никогаш не сме доволно добри. Мислам дека феминизмот што го прифаќа мајчинството исто колку и правото на жените да изберат дали да станат мајки, кој го прифаќа второто подеднакво – има голем потенцијал да предизвика радикални промени.

 

Симон де Бовоар исто така смета дека целта на феминизмот како движење треба да биде да се елиминира самиот себе. Денес, кога сме побогати со седум децении искуство, ве прашувам дали ова тврдење е точно? Дали ние како општество и култура напредувавме до тој степен што навистина може да се зборува за пост-феминизам? Јас сметам дека борбата за еднаквост не е и никогаш не може да заврши, дури и во политички, економски и социјален контекст. Притисокот може само да се ублажи. Затоа феминизмот не може сам да се елиминира. Убаво е, но и опасно е да се верува дека е можно.

Јасно е, најдобро е да се запре потребата од феминизам. Или борбата против расизмот или класната експлоатација, да споменам само неколку други форми на социјална неправда што за жал постојат. Но, ние сме далеку од тоа! Треба да сонуваме, но исто така треба да ја знаеме реалноста. Постфеминизмот е многу опасен. Во мојата книга, го нарекувам подмолен облик на анти-феминизам: според него, феминизмот е всушност излишен затоа што е против традиционалната улога на жената, но тој не го признава тоа туку тврди дека не ни треба феминизам, бидејќи веќе сме постигнале еднаквост. Ние сме навистина далеку од тоа и затоа мора да продолжиме да се бориме.

 

Извор: Коалиција Маргини

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 18, 2023
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Која сум кога сум далеку од дома?
Белешки за трансформативната улога на патувањата или почетокот на моето созревање
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Сандра Анастасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram