Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фетишизирањето на „тате проблемите“ преку песните на Лана дел Реј
Како етикетирањето на девојките и жените со тате проблеми ги обесправува и го оправдува насилството.

Дедо те молам застани на рамењата на татко ми додека тој лови во длабокото [1] е насловот на една од песните од новиот албум на Лана дел Реј, кој излезе во март годинава. Како девојка-уживателка на текстовите на нејзините песни, почнувајќи од „Lana Del Ray A.K.A. Lizzy Grant“ па сѐ до „Did you know that there’s a tunnel under Ocean Blvd“, не можам а да не ги забележам мотивите кои се провлекуваат и ја формираат нејзината музичка персона. Мeѓу нив можат да се споменат Лолита естетиката, романтизирањето на Калифорнијa, злоупотребата на алкохол/дроги и секако она на што јас би сакала да се посветам во овој текст – таканаречените „daddy issues“ или, на нашки, „тате проблемите“.

„Тате проблеми“ е еден вид на дијагноза што им се припишува на девојките кои, наводно, немаат здрав однос со својот татко, па од таа нездрава релација влечат траума што им се манифестира на различни полиња во животот. Ова не е официјален назив за медицински дијагностициран психолошки проблем што доаѓа од отсуството на родителот или од лошиот однос со него, туку се работи за популарен термин со кој се етикетираат девојките, најчесто, без вистинска причина. Па така, девојките со тате проблеми се субмисивни, посакуваат постари мажи и се спремни да го прифатат токсичното однесување на своите партнери. Поради природата на овој феномен, со текот на времето, тој е видоизменет и фетишизиран. Преку слушање и преслушување на песните на Лана во мене заглавија неколку стихови кои ми го развија прашањето – Како и зошто се фетишизираат тате проблемите? – па сметав дека е погодно да го илустрирам тоа со нејзината музика. Затоа го приложив насловот на песната уште на самиот почеток, а еве и некои останати стихови во оригинал и слободен превод:

My old man is a bad man, but

I can’t deny the way he holds my hand

And he grabs me, he has me by my heart

(Lana del Rey, Of To The Races. Албум: Born To Die)

Стариот мој е олош човек, но

Не можам да занемарам како ме држи за рака

И ме грабнува, ми го зема срцето

(Lana del Rey, Of To The Races. Албум: Born To Die)

Please don’t try to find me through my dealer

He won’t pick up his phone

Please don’t try my father either

He ain’t been home for years

(Lana del Rey, Dealer. Албум: Blue Banisters.)

Те молам не барај ме преку дилерот

Нема да крене

Те молам не ѕвони му на татко ми

Не бил дома со години

(Lana del Rey, Dealer. Албум: Blue Banisters.)

You can be the boss, daddy

You can be the boss

(…)

I knew it was wrong but I palmed it

I saved it, I waited, I called it

(Lana del Rey, You Can Be The Boss Daddy. Необјавена.)

Можеш да бидеш газда, татенце

Можеш да бидеш газда

(…)

Знаев дека е погрешно но ја земав

Ја зачував, почекав, повикав

(Lana del Rey, You Can Be The Boss Daddy. Необјавена.)

Се разбира дека Лана, како и останатите влијателни жени, имаат слобода да пливаат во водите на кои било теми за кои имаат што да кажат. Не е проблематично што таа пишува за тате проблемите, проблематичен е начинот на кој тие се восприемаат, поточно фетишизираат. Што станува кога овие мотиви ќе се започнат да се идолизираат и прифаќаат како нормални? Може да се искористи како оправдување и дозвола за лошото однесување на мажите во нивниот живот кои би се изземале од одговорноста под изговор дека девојките се оние кои имаат некакви проблеми за решавање што немаат врска со нив. Секако, овде се реализира и машката фантазија да ја среди или поправи „расипаната“ жена, да ја контролира и да управува со неа. Откако тате проблемите ќе станат нешто што мажите го посакуваат, следува глорифицирање на мажите кои ги створиле тие проблеми. За на крај, тоа да резултира со поттикнување на лош однос кон жените.

Сето ова повторно ја прави жената сексуален објект врз кој може да се примени желбата за моќ. Ја зајакнува нејзината позиција како предмет за задоволување на мажот и ја подредува поради нејзината нетрезвена психичка состојба. Ваквото етикетирање ја дехуманизира жената, ѝ го одзема гласот и правото да каже нешто без да ѝ бидат наметнати тате проблемите како причина за нејзиното однесување. Впрочем, ова е најлесниот начин како да ѝ возвратите на бунтовна жена и да направите таа да изгледа налудничава. Притоа, во обратната ситуација,  ако зборувате против лошото однесување на некој маж веднаш ќе ви речат дека си ги лечите фрустрациите од вашите тате проблеми. Лошиот родителски однос е вистински проблем и постои на глобално ниво, поради него страдаат многу луѓе и не можеме туку така милијарда жени да ги ставиме во еден калап преку користење на овој тривијален термин.

Лана и самата го прокоментира ова во нејзиното контроверзно писмо од 2020-та во кое се побуни за тоа како се сфатени темите што ги обработува:

…in reality I’m just a glamorous person singing about the realities of what we are all now seeing are very prevalent emotionally abusive relationships all over the world… women who look and act like me – the kind of womаn who says no but men hear yes – the kind of women who are slated mercilessly for being their authentic, delicate selves.

…во реалноста јас сум само гламурозна личност која пее за реалноста на како што гледаме презастапените емотивно насилни врски низ светот… жени кои изгледаат и се однесуваат како мене – типот на жена која вели не но мажите слушаат да – типот на жени кои се безмилосно прочешлувани бидејќи се автентични и деликатни.

Иако писмото во целост е проблематично (и  тема за некој друг текст), сепак може да се види дека Лана го има освестено злоупотребувањето на проблемите на жените. И, секако, не ѝ се допаѓа што овие теми наместо да се сфатат како повик за решавање на општествениот проблем, добиваат сексуална димензија.

Публиката на Лана дел Реј ја сочинуваат млади девојки на кои може овој феномен да им влијае негативно и да ја загрози нивната позиција понатаму во животот. Од друга страна пак, преку нејзиното јавно зборување за проблематични теми како што се тате проблемите и насилството, може да се олесни позицијата и да се почувствуваат разбрано оние кои се лично засегнати.

Треба да се запазат опасните нешта кои произлегуваат од феноменот на фетишизирање на тате проблемите. Можеби навидум се безопасна приватна фантазија, но можат да имаат поголеми влијанија врз општата положба на жената. Наместо да ги замолчуваме жените кои зборуваат јавно за овие теми и да ги сведуваме на некаков извитоперен сексуален објект, треба да се поттикнат погласно и посилно да зборуваат за да се освести постоењето на проблемот. А, додека не го решиме и овој проблем, пазете се, слушајте ја Лана дел Реј и запамтете едно нешто за нејзината фамилија:

Elvis is my daddy

Marilyn’s my mother

Jesus is my bestest friend

We don’t need nobody

‘Cause we got each other

Or at least I pretend

(Lana del Rey, Body Electric. Албум: Born To Die)

Елвис е мој тате

Мерлин ми е мајка

Исус ми е најнајдобар другар

Не ни треба никој

Си се имаме меѓу нас

Ил’ бар’ се лажам

(Lana del Rey, Body Electric. Албум: Born To Die)

Извори:

Lana Del Rey – Lana Del Rey Themes, Motifs, and Cross-References | Genius

Fetishising Daddy Issues: Naughty or Nice? | Redbrick Life&Style

https://elizabethsorrell.medium.com/daddy-issues-and-how-social-media-has-misused-it-6d491ad30fce

https://www.psycom.net/relationships-daddy-issues

https://marquettemessenger.com/opinion/2020/06/04/the-music-industry-has-a-skewed-outlook-on-feminism/

[1] Песната „Grandfather please stand on the shoulders of my father while he’s deep-sea fishing” на Лана дел Реј. Слободен превод.

 

 

Текстот е изработен како дел од нашата Школа за феминизам, ФЕМ 101.3. 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • June 20, 2023
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што си ти? Девојка или жена?
Барајќи си го идентитетот во македонскиот дигитален речник.
  • Од Филипа Попова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Одиме во хоризонтала!
Шест препораки за летна читачка уживанција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Фросина Крушкаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Мислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јазикот ја пренесува родовата пристрасност во алгоритмите
Јазикот ги рефлектира и репродуцира родовите нееднаквости што постојат во општеството. Тоа важи и за компјутерските јазици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram