Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
Нао Бустаманте (Nao Bustamante) е извонредна уметница од Лос Анџелес, Калифорнија. Во фокус на нејзината работа се перформативната уметност, видео инсталациите, кинематографијата, скулптурата и пишувањето. Од New York Times за неа велат: „Умее да го користи сопственото тело.“ Во јуни годинава, Бустаманте, заедно со нејзиниот колега Маркус Куиланд Назарио, беше дел од програмата на Skopje Pride Weekend со перформансот насловен Забава за откривање на родот (Gender Reveal Party) во соработка со локални уметници и артисти. Интервјуто се одвиваше онлајн, два месеци подоцна, јас со средени впечатоци, таа веќе посветена на новиот проект, со топли сеќавања за дружбата и размената на SPF.

 

Да започнеме со едно поопшто прашање. Иако во твоите дела користиш различни медиуми за уметничко изразување, ми се чини дека секогаш ѝ се враќаш на перформативната уметност. Дали сметаш дека сопственото тело е најавтентичниот медиум на изразување и зошто?

 

Не знам дали е најавтентичниот медиум, но би рекла дека за мене е веродостоен и вистинит. На уметноста ѝ пристапив од танцова перспектива и на почетокот доста работев со поети, политички ангажиран уличен театар, женски феминистички театар. Сето тоа беше многу DIY. Оттаму полека преминав на перформативната уметност бидејќи како и многу други луѓе, се најдов во позиција во која трагав по нов начин на кој би се изразила, некаков начин отаде веќе достапните алатки. Тоа го најдов во перформативната уметност.

Сметам дека постојано ѝ се навраќам бидејќи ми е достапна. Како изведувач и живо битие лесно ми е да се „искористам“ себеси како медиум за изразување. Немам проблем да се појавам на работа, ќе работам за беспари, за евтини пари, за себе. До некаде се сведува на достапност и економичност, но, исто така, сметам дека перформативната уметност отскокнува од другите медиуми кои секогаш како да се во некаква предност. На пример, преку филмот и видео материјалите можете да врамите една приказна која ќе трае извесно време. Дводимензионалните медиуми му даваат простор на гледачот да доживее едно лично искуство, во свое време, во свое темпо. За разлика од нив, перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница. Во еден момент публиката може да се исплаши, за веќе во следната минута да рика од смеење. За мене таа непосредна размена е многу возбудлива. Се менува во истиот момент додека се создава. Јас лично се хранам од енергијата на публиката и ми се допаѓа тоа што реакцијата која ја добивам може да се трансформира на сред изведба. Тоа е разликата помеѓу перформативната уметност и другите медиуми.

 

Навистина е така. Да се осмелиш да го користиш сопственото тело како медиум за себеизразување е екстремно деликатен и ранлив избор баш поради таа изложеност. Ова ме води кон моето второ прашање. Во настапи како „Убавата Америка“ (America the Beautiful) или „Ствари“ (Stuff), шоу кое го изведуваш заедно со Коко Фуско (Coco Fusco), отелотворуваш сексуални и расни стереотипи за (Латина) жените од популарната култура. Какво е чувството кога ги глумиш овие ликови на сцената?

 

Кога оживуваш некој стереотип на сцената, помагаш истиот да се прекрши бидејќи ја покажуваш неговата бесмисленост. Освен тоа, публиката е исто така дел од тој стереотип затоа што се смее со тебе или пак знае да се навреди. Во тој процес на отелотворување и подривање на стереотипите ја вовлекуваш и публиката и ја тераш да заземе став.

Кога ја изведувавме Stuff, постојано влегувавме и излегувавме од еден лик во друг. Во America the Beautiful, на почетокот се појавувам како што ме гледаш сега, комплетно облечена, и веднаш почнувам да се соблекувам, да се замотувам со самолеплива трака, да се шминкам и да правам трикови. На шпански, ова е ликот на la rubia, похотната плавуша која зрачи со сексапил. Изведбата го отелотворува стереотипот или идејата за убавината и тоа како се обидуваме да ја „усовршиме“ нашата убавина до тој степен што тоа станува апсурдно и гротескно.

И кај Кончита (ликот кој Нао го глуми во Забавата за откривање на полот) има нешто гротескно и претерано. Во неа особено доаѓаат до израз изнасиленоста, големината, гласноста, наметливоста и останатите стереотипни квалитети кои ги поистоветуваме со латино или обоените жени. Во текот на перформансот, Кончита одбира убави прекрасни луѓе кои ги исмејува за нивната тежина (fat-shaming), ги сожалува, итн. Од една страна тоа е ужасно, но мислам дека сите сме хиперсвесни за сопствениот изглед, па се надевам дека за момент, Кончита им дава шанса на луѓето да се насмеат на своја сметка.

 

Без сомнение тоа е она што Хозе Е. Муњоз го имал на ум кога напишал дека во твоите перформанси избиваат еден вид на ексесивни афективни одговори кои се или санкционирани или исмевани како една обична забава за масите од страна на хетеронормативната култура. На овој начин, квир телото станува место на ранливост и неуспех, но истовремено отвара простор за отпор и можности. Како гледаш ти на ова?

 

Најпрво сакам да кажам дека многу му се восхитувам на делото на Хозе и способноста која ја имаше да ги состави работите на начин на кој што јас самата никогаш не би успеала да ги видам. Сметам дека во тоа лежи брилијантноста на познавачите и критичарите, а мене ми преостанува да бидам благодарна што некој интелектуалец од негов калибар посветил внимание на тоа да ја разглоби мојата работа.

Во однос на оваа идеја за квир телото како место на ранливост и неуспех, би рекла дека тоа е начин на кој многу луѓе, и животни, се справуваат со траума. Тоа може да биде еден вид заштитена состојба, но и техника која се користи во борбите – на пример, да се правиш мртов или да се преправаш дека си повреден. Ранливоста е интересна техника за перфомативната уметност. Кога започнав да се бавам со тоа, тежнеев отворено и искрено да ја соголувам мојата ранливост пред публиката, но сега ја користам ранливоста како еден вид техника за да ги вовлечам луѓето во некоја приказна.

 

Во твојата изложба Soldadera (2015), го реобмислуваш животот на жените кои се бореле во Мексиканската револуција користејки методологија која ја нарекуваш „спекулативно ре-поставување“ (speculative re-enactment). Може ли да ми кажеш што претставува оваа методологија? Зошто е толку важно да се одржува и спекулира за релацијата помеѓу минатото и сегашноста/иднината? Дали ја замислуваш оваа релација како еднострана или обострана?

 

Лесно, но одлично прашање. Идејата за Soldadera се роди во периодот кога ми заврши ангажманот на едно риалити шоу по име „Уметничко дело – следниот голем американски уметник“ и бев мета на доста позитивен, но и негативен мејнстрим фидбек на социјалните мрежи. Ова се случуваше околу 2009. Ми беше тешко да излезам на крај и да се справам со вниманието кое го привлекував, па почнав да си замислувам како носам фустан изработен од кевлар, како еден вид метафора која ќе ме штити од мејнстрим културата како амајлија.

Во тој период, ме викнаа да бидам дел од една изложба курирана од Маркус Куиланд Назарио (Marcus Kuiland-Nazario) и Пилар Перез (Pilar Perez) насловена „Од Чубака до Запата: Реобмислување на митот за Мексиканската револуција“ (Chewbacca to Zapata: Revisiting the Myth of the Mexican Revolution). Додека го правев истражувањето, открив дека во неа учествувале жени војници, цели женски бригади со soldaderas (мак. жени војници) облечени во фустани кои изгледаа исто како фустанот што си замислив дека го изработувам.

Во истиот момент ја добив идејата за проектот. Најчесто функционира така. Од време на време ти доаѓаат идеи кои немаш каде да ги сместиш, но по некое време просторот сам се покажува. Тука, според мене, лежи релацијата помеѓу минатото, сегашноста и иднината. Сакав симболично да ги заштитам овие жени кои се бореа во Мексиканската револуција, па си реков, ехх, да можев да патувам назад во времето, ќе им ги сошиев. Нормално, не можам да го сторам тоа, па затоа целата работа беше спекулативна. Но сепак ги тестирав фустаните со оружјата кои ги користеле во Мексиканската револуција и се покажа декасе отпорни на куршуми. 9мм куршум запре во престилката бидејќи беше изработена од неколку слоја кеблар.

Додека ја подготвував изложбата, најдов сценарио напишано од Сергеј Ајзенштајн (Sergei Eisenstein) кое никогаш не го снимил. Го најдов како дел од филм кој не е монтиран од него, но постои на Јутјуб под името „Да живее Мексико“ (Que Viva Mexico). Дел од филмот кој сакал да го снима се вика токму Soldadera, па јас решив да го искористам сценариото и да го снимам користејќи ги моите фустани. Глумеа локални уметници и историчарки, а во позадина одеа снимки кои ги позајмив од специјалната колекција и архива на УК, Риверсајд. Резултатот беше еден магичен краток филм кој го нареков спекулативно ре-поставување бидејќи и самиот оригиналот е филм на руски пролетаријатски режисер кој го романтизирал Мексико врз основа на неговото истражување, но луѓето во него се потполно измислени.

Кога работам на некоја изложба, многу размислувам за наративноста – составувањето на идеи и поставувањето коцки за публиката да си создаде своја приказна. Особено во овој случај, каде немаме доволно сведочења за војната од прва рака, но затоа, пак, имаме многу фотографии и видео материјали бидејќи тогаш за првпат се појавува камерата.

 

Забавата за откривање на родот беше урнебесна! Од каде доаѓа идејата за овој перформанс?

 

Идејата ја добив откако на социјалните мрежи видов како некои пријатели организираат Забава за откривање на родот и си помислив дека се работи за квир луѓе кои ќе го откријат својот род, без да сфатам дека всушност се работи за откривање на родот на неродено бебе. Ми падна ептен смешно што тоа беше првата мисла која ми пролета низ глава. Еј, забава за квир луѓе кои решиле да излезат од плакарот! Ќе ми го откријат родот! Прекрасно! Потоа ја добив и идејата за ликот.

Ова е чист пример за тоа како почнува процесот на работа и како идеите најчесто ми надоаѓаат од секојдневни лични обзервации и релации. Перформансот почнав да го изведувам сама, а потоа го вклучив и мојот долгогодишен соработник Маркус кој ја доби улогата на најавувачот и тоа му даде една нова димензија на целиот проект. Решивме да вклучиме и локални артисти и наши пријатели и да го претвориме во еден вид настан или забава. Уживам секојпат кога го изведувам бидејќи никогаш не сум сигурна што ќе се случи до крајот.

 

Дали целта на Забавата е да ги прикаже апсурдноста, наметливоста, и до одреден степен, насилството кое е присутно во вообичаеното откривање на полот или половата иницијација? Дали воопшто ни се потребни вакви иницијации? Постои ли некаков начин тие да делуваат ослободувачки?

 

Дефинитивно! Освен тоа, апсурдноста беше дотолку понагласена бидејќи никогаш не сум имала деца, никогаш не сум била бремена и не сум имала можност да го искусам тоа. Од перспектива на жена која веќе не може да раѓа, ми се допадна идејата да го присвојам бременото тело на Кончита и да го искористам за да „изродам“ секакви нешта, битија, предмети и идеи.

Всушност, кога ја изведував Забавата на Skopje Pride Weekend, ми се чини дека имаше еден момент кој досега се нема случено. Некаде при крајот, реков нешто во стилот на знаете ова е едно од најзначајните искуства за секоја жена! и сметам дека во себе чувам мала доза на горчина поради тоа што можеби сум пропуштила некакво клучно животинско искуство со тоа што сум немала деца (се смее). Од друга страна, барем знам дека сум во добро друштво. Денес, многу млади луѓе решаваат дека не сакаат да имаат деца, а јас тоа го одлучив уште кога имав 12 години. Сум имала многу можности за тоа и навистина сакам деца. Не сум од оние кои саркастично ќе речат деца, хех, фантастично! Но за мене лично, како жена која немала деца, интересно е тоа што можам за момент да го преземам тоа искуство и да си поиграм со идејата за мајчинската љубов како најсилна форба на љубов. Не дека не се согласувам со тоа бидејќи сметам дека љубовта на мојата мајка е најсилната форма на љубов. Но, од друга страна, зошто да не можам и јас да го почувствувам тој тип на љубов?

 

Имаш изјавено дека сакаш да импровизираш на сцената. Што се менува со секоја нова изведба на Забавата за откривање на полот?

 

Уф, многу работи се менуваат. На уметниците кои настапуваат со нас единствено им кажувам да ме следат на сцената. Имаме една проба каде се загреваме, ги движиме телата во ритам и се имитираме еден со друг. Сценариото е навистина просто, па сè што се случува надвор од него е подложно на промени. Маркус и јас знаеме толку да се внесеме во ликовите бидејќи си веруваме и едноставно да се препуштаме на изведбата. Тоа е толку ослободувачки, па секоја нова изведба е подеднакво забавна.

 

За крај, да позборуваме за твојот последен проект „ЦУТ“ (BLOOM), за кој го редизајнираше традиционалниот спекулум. Од каде дојде идејата за овој потфат? Нема да те прашам што е погрешно со постоечкиот инструмент? бидејќи секоја жена која барем еднаш била на ваков преглед може да потврди колку е непријатно целото искуство; но ме интересира процесот на истражување, инспирацијата и самата алатка.

 

Повторно ќе се вратам на идејата за тоа како речиси сè произлегува од моите животни искуства. Во 2011, бев на гинеколошки преглед и се почувствував многу непријатно. Не беше најлошото нешто што сум го искусила во животот, но беше неугодно и не ми беше јасно како досега не им текнало на оние од медицинската индустрија да направат подобар инструмент за овие прегледи на кои треба да се оди еднаш годишно.

Па така, почнав да истражувам и се иначитав за ужасно расистичката и мизогина историја на инструмент. Колку што успеав да откријам, сите патенти ги држат мажи (посакувам да грешам). Постојат неколку типа на спекулум, но оној кој е во најширока употреба е изработен по моделот на д-р Џејмс Мерион Симс (James Marion Sims) кој се смета за „татко“ на гинекологијата. Симс практикувал гинеколошка медицина во еден многу темен период од американската историја во втората половина од 19-тиот век. Отворил болница во задниот дел од дворот во Алабама и вршел испитувања врз црните поробени жени. Методот бил следен: земал лажица за сос (gravy spoon), ја ставал во вагината и ги ширел вагиналните ѕидови, обидувајќи се да го усоврши методот на гинеколошка операција. Овие жени знаеле да претрпат до 30 вакви „операции“ без анестезија бидејќи сè уште не била пронајдена. Во подоцнежниот период од неговата кариера, имал болница близу Њујорк каде што експериментирал врз ирски имигрантки. Овие жени ја имале таа „среќа“ да примаат анестезија. Но да, историјата на спекулумот е мрачна и одвратна и инструментот како таков не е многу променет во последниве стотина години.

Сегашниот дизајн има форма на патка чиј метален „клун“ се дели и шири, додека мојот дизајн ја црпи идејата од природата и биологијата. Формата потсетува на цветни ливчиња кои полека и постепено се отвараат и се однапред подмачкани. Се надевам дека ќе може да се изработи или од реупотреблива пластика или силикон за да биде попријатен за употреба. Периодов работев на истражувањето за проектот, принтање, глина, но следната година ќе се посветам на материјалите за производот и на науката позади него. Ако оваа година работев од една уметничка појдовна точка, наредната година ќе работам на употребливоста на самиот инструмент.

Проектот ме натера да размислувам за наративот кој е неразделив од гинеколошките прегледи, а се темели на извесни сфаќања од Викторијанската ера кога жените биле поттикнувани да се дистанцираат и да ја прекинат врската со сопствената карлична зона. Овие размислувања стојат позади она врзување на стапалата со ремени или ставање параван за да не можеш да видиш што се случува таму доле. Сето ова е навистина неприродно. Мислам дека е време да обрнеме внимание на тоа како здравствената индустрија ги третира и објективизира жените и да направиме нешто околу тоа.

 

 

Разговорот го водеше Душица Лазова
НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • September 17, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ПЕСНА
Квир песни на неделата
Четири квир песни во превод по повод Парадата на гордоста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 8 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram