Уште од ЕП-то 1991 и микстејпот Fantasea, преку албумот Broke With Expensive Taste, па сѐ до серијата на синглови кои не добија поддршка од застрашените бели издавачи, Azealia непрестано јава со своите игриви и уникатни рими врз најпрецизно одбраните хипнотизирачки семплови. Како најава за вториот бран на Fantasea, раперката која сите обожаваат да ја мразат ја објави химната на сите модни писти, балови и квир подиуми.
Anna Wintour е песната на 2018 на Медуза и Дiskorдia бидејќи меѓу другото успеа да се најде во сетовите на најпрогресивните ДЏ-и и да ги размрда колковите и на најголемите снобови.
Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески