Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
Неодамна излезе од печат твојата нова книга Не одам никаде во издание на Или Или. Реакциите на јавноста се одлични и многумина сметаат дека ова е твоето најуспешно дело досега, а фактот што за 18 дена се распродаде првиот тираж зборува сам по себе. Како се чувствуваш по изадавањето на твојата четврта збирка раскази?

 

Малку издишана, малку возбудена, малку исполнета, малку испразнета… во секој случај, чудно.

 

Забележувам дека се прават споредби помеѓу Мојот маж и Не одам никаде. Начинот на раскажување во двете книги е сличен, но тонот е различен. Мојот маж ме стимулираше да се потсмевам со ликовите, од друга страна пак, Не одам никаде, иако повторно се занимава со трагикомични ликови кои обично самите себеси се поставуваат во безизлезни ситуации, ми разбуди емпатија и понекогаш сожалување. Колку ликовите од Мојот маж и успехот на таа книга ти влијаеше во пишувањето на новата?

 

Еден од начините на кои се романтизира чинот на пишување е тврдењето дека писателот не смее да размислува на публиката и не смее да пишува за неа. Доколку беше така, писателите немаше да ги објавуваат своите дела. Во таа смисла, ќе кажам дека и те како рецепцијата на Мојот маж влијаеше врз тоа како ги напишав расказите во Не одам никаде. Во голема мера тука имаше врска и критиката. Благодарна сум и среќна што Мојот маж беше широко прифатена во просторите на поранешна Југославија, каде што имав можност да добијам повеќе критики за збирката. Меѓу тие критики имаше и некои кои не беа позитивни или хвалоспевни, како што се најчесто македонските (негативната критика за извесно дело кај нас е реткост. Ми текнува само на рецензијата на Илина Јакимовска кон Снеговите на Климентина Евин). Ги зедов тие мислења предвид кога ја пишував последната збирка, како и моите лични увиди кон слабостите на збирката, и се трудев истите да не ги повторувам во Не одам никаде. Свесно сакав на публиката да ѝ дадам нешто многу потемелно сработено од Мојот маж. Свесно се трудев квалитетот на расказите да не е под оние во Мојот маж. Не случајно соработував со Магдалена Хорват, која коренито ги расчитуваше и уредуваше расказите, посебно што се однесува до нивниот стил и јазик. Свесно вложив многу повеќе труд и напор во оваа збирка, чувствувајќи одговорност кон себе, кон публиката, а и кон македонската книжевност. Имаме голема одговорност кон нашата книжевна традиција, имајќи предвид дека е нова и дека ја градиме со секој испишан и објавен збор.

 

На многу наврати имаш зборувано за тоа дека „селењето“ и „бегањето“ не се решение на проблемите. Но, кога ја прочитав книгата добив впечаток дека насловот носи друго знаење, односно дека повеќе алудираш на состојба на безизлезност, учмаеност, одбивност кон промени…Кои ти беа главните мотиви да се определиш тематски во таа насока?

 

Верувам дека книжевноста треба да биде израз на времето и просторот во кои е создадена. Идеите и приказните низ историјата се повторуваат, но тоа што ги прави единствени е специфичноста на просторот и на времето во кои се создавани. Во претходните збирки се занимавав со состојбите на патријархатот и транзицијата отсликани во нарушените меѓучовечки односи. Во Не одам никаде ја начнав и темата на економската миграција, поврзана со чувството на инфериорност кон Западот или пак чувството на супериорност од страна на западните дојденци. Не можеме да избегаме од оваа тема – сеприсутна е во нашите животи. Луѓето во Македонија се опседнати со желбата да избегаат од овде. Миграцијата е природна; секако не ја осудувам желбата да се тргне по подобар живот. Но она што ми се чини длабоко расипано во нашето општество е стихијното непреземање на лична одговорност дури и таму каде што тоа е возможно, како вечното кукање дека „не нè бива“, дека местото е предодредено за пропаст, дека вината за нашиот неуспех секогаш лежи на друго место – оттаму и цитатот од песната „Градот“ на Кавафис на насловната страница од книгата. Несомнено, ваквата состојба на умот е поврзана со тешката социо-економска состојба во земјата, но во овие интимни приказни се осврнувам кон личната одговорност и кон безизлезноста како лично одредиште. „Не одам никаде“ е често употребувана, секојдневна фраза – стремев кон наслов што ѕвони и може да се чита на повеќе начини.

 

Сексот во расказите е доста реален, современ и понекогаш брутален. Дали ти беше предизвик да го постигнеш тоа на македонски јазик (особено земајќи предвид дека сексот е често пати романтизиран во македонската книжевност)?

 

Го брутализирам сексот или го прикажувам како гротеска бидејќи не сакам да западнам во сентиментализација или романтизација. Не само во македонската книжевност, туку и во светската, сексуалните сцени испаѓаат несмасни, лигави и на крајот на краиштата, смешни. Не случајно во англофонскиот свет се доделува годишна награда за најлоша еротска сцена во проза. Она што лично ми падна многу смешно уште како реакција на сексуалните сцени во Мојот маж беше скокотливоста со која често бев претставувана во јавноста како жена, писателка, која пишува за сексот. Тоа е далеку од вистината, дека тоа е темата на моите раскази, но нашето општество и тука се покажа многу назадно: писателка која ја третира сексуалноста во своите дела на многумина им беше табу.

 

Фотографија: Лилика Стрезоска
Една емоција која постојано се провлекува низ расказите е зависта, во сите нејзини можни форми. Тоа најмногу ми беше впечатливо во расказот „Капини“, но исто така во „Вазна“ „Осми март“ и други. Главните ликови во расказите постојано исмејуваат некои други ликови кои им се чинат попостигнати, поисполнети, побогати, софистицирани, а во исто време мечтаат да го живеат нивниот живот. Ми се чини дека зависта навистина е сеприсутна во наштето општество и се пренесува генерациски во некој вид омраза на сé што има или е другиот. Колку сметаш дека зависта оди рака под рака со конзервативноста?

 

Не бев свесна дека таа тема провејува низ расказите, но да, така е – се појавува и во претходната збирка. Тоа е таа фрустрираност и неможност да се излезе од сопствената корупка, па виновникот да се бара другаде. Конзервативноста е неотвореноста кон туѓите, но и личните светогледи; тоа е извесна духовна смрзнатост. Секако дека зависта оди рака под рака со неа, оти претпоставува омраза кон радоста и задоволството на другиот, без преиспитување, без вложен труд да се промени сопствената состојба.

 

Во однос на пренесувањето на ставови низ генерации би се осврнала на расказот „Чероки црвена“ во кој исмејувањето на „педерите со убава куќа“ и стравот од истите, е на некој начин единствено нешто кое го поврзува отуѓеното македонско семејство од маж, жена и син во Аризона. Се извинувам за ова многу генерално прашање. Можеби прашањето е премногу општо, но што мислиш, дали љубовта или омразата има поголема моќ во сплотување на луѓето?

 

Луѓето многу полесно се мобилизираат кога е во прашање омраза кон другиот, на пример во војна. Еве сега има и нови апликации кои ги спојуваат луѓето според тоа што мразат. За жал, ми се чини дека е полесно да се мрази.

 

Ова го прашувам и во контекст на твојот неодамнешен престој во САД. Имаше можност од прва рака да ги посведочиш историските настани кои се случија таму, (најмногу алудирам на сведочењето на Др. Форд и сега врховниот судија Кавано, но и на генералната тезнична политичка реалност во САД денес: растечката хомофобија, трансфобија и шовинизам. Ние будно следевме што се случува, но ме интересира каква беше атмосферата во САД? Во еден твој текст за Независен Весник напиша дека значително повеќе се зборува за политика сега отколку порано. Можеш ли да ни раскажеш нешто што ти остави впечаток од твојот престој таму?

 

Многу е тешко да се направи генерализација за тоа како стојат работите во САД со оглед на тоа што се работи за огромна држава со различни регионални идентитети. Но доколку се обидам да зборувам за општиот впечаток во трите месеци минати таму, во време кога Кавано беше избран за врховен судија и во екот на предизборната кампања, би рекла дека забележав огромна напнатост и поларизираност, слична на таа што владееше тука пред да падне власта на ВМРО-ДПМНЕ. Низ разговор со повеќе луѓе увидов голем страв од растечката омраза и шовинизам, но и поголема отвореност и подготвеност да се зборува и делува на политичко поле. Ги забележав истите стратегии кои се користеа тука – сеење страв преку теории на заговор (Сорос), скандалозно необјективни медиумски известувања, релативизирање и дефокусирање. И медиумската предизборна кампања беше валкана и наликуваше на нашите во недоличноста: меѓусебно обвинување и оцрнување како основен критериум за гласање. Мислев дека Американците имаат поголема политичка култура, но со доаѓањето на власт на Трамп се чини дека работите излегоа од контрола.

 

Не одам никаде е пишувана во Македонија, САД и Хрватска. На кој начин патувањата и лични искуства со живеење надвор од Македонија им влијаат на твоите приказни? Дали си од тие автори кои пред да почнат да пишуваат го знаат крајот на приказните или дозволуваш ликовите да си ја пишуваат приказната?

 

Патувањата ми носат повеќе приказни и повеќе искуства. Често овие патувања се во рамки на писателски престои, кои освен искуствата и новите перспективи, носат и изолација која е многу потребна за процесот на пишување. Престојот во Ајова беше посебен затоа што бев опкружена со 27 писатели од 26 различни земји – секако многу разговаравме за пишувањето, што овозможува и преиспитување. Што се однесува до моите приказни: долго време ги смислувам, обмислувам, градам, структуирам, скицирам. Кога ми е јасно каде точно оди приказната и како завршува, седнувам да го напишам расказот. Тоа не значи дека ликовите и дејствијата не скршнуваат во за мене непредвидени насоки. Многу често во пракса замисленото не излегува така како што сум посакувала, некогаш и од технички причини. Па така приказните сепак се менуваат додека ги пишувам. Истото важи и за ликовите. Во вториот „Осми март“, на пример, тргнав со идеја дека протагонистката Весна е гротескен лик со кој не треба да емпатизираме. Но како што внесував детали во нејзиното однесување, ми стануваше сè посимпатична, па и расказот го сменив за на крај сепак од неа да направам каков-таков победник.

 

Фотографија: Лилика Стрезоска
Ти си една од основоположничките на иницијативата „ПичПрич“ односно вечери на раскажување на женски приказни. Во 2018 ПичПрич имаше дури 4 настани. Претпоставувам дека си задоволна од развојот на ПичПрич особено земајќи предвид дека интересот е огромен, а салите секогаш се полни. Што би издвоила од сите овие настани, на што си особено горда како постигнување на оваа иницијатива?

 

Многу се радувам со ПичПрич и горда сум што толку многу жени излегоа да зборуваат за своите искуства, со што ги нормализираат и детабуизираат женските приказни. Горда сум на тоа што има толку голем интерес во јавноста, што публиката покажа една огромна отвореност кон поставувањето на прашањата за женскоста во едно традиционално, патријархално општество. Уште нешто што мислам дека е многу битно за ПичПрич, а кое го занемаруваме, е значењето на „неуспешните“ настапи, или приказните кои не предизвикале голем интерес во јавноста. Како девојчиња, општеството нè воспитува да молчиме и да не преземаме ризици за да не згрешиме, плашејќи нè со јавното посрамотување, недозволено за нас. Од тој аспект, многу помалку грешиме и доживуваме неуспех јавно, со кој потоа треба да се бориме. Од ваквите предизвици многу учиме – мислам дека ПичПрич постави токму такви предизвици и дека од нив понатаму се разви дебата која покажа дека имаме капацитет да отвориме уште повеќе теми.

 

Она што го посведочивме на ПичПрич Слемот, во јуни во МСУ е дека наспроти верувањето дека на жените им е незгодно да раскажуваат приказни во јавност, одзивот беше многу голем, а приказните брутално искрени. Кој е тајниот рецепт на ПичПрич кој успева да поттикне толку жени да зборуваат за своите искуства во јавност? Дали планирате уште некој слем во иднина?

 

ПичПрич функционира по принцип на солидарност, емпатија и инклузивност. Жените кои раскажуваат се чувствуваат безбедно, но и моќно бидејќи имаат можност да ги охрабрат и другите да ги споделат своите искуства и приказни. Слемот го покажа тоа. Секако планираме уште еден слем – во мај, и се надеваме дека и ова ќе прерасне во традиција.

 

За крај,  што би го издвоила од 2018 како значителен прогрес во полето на феминизмот и женските права, лично, локално или глобално?

 

Глобално, #МеТоо, заедно со движењата за легален и безбеден пристап кон абортус низ светот. Локално, #СегаКажувам. Личните исповеди на огромниот број жени што се приклучија кон ова движење болно ги изведе на виделина сите проблеми што долго време сме ги буткале под тепих, создаде голема свесност за епидемијата на сексуалното вознемирување и малтретирање, како и простор за понатамошно делување. #СегаКажувам беше освестување кое на сите ни беше потребно: кој каде стои и колку е спремен да се бори за принципи, да слушне, да верува, да ги прифати приказните што толку масовно се споделуваа. Повеќето „борци“, мои пријатели со кои до скоро време протестиравме на улица не ни пружија поддршка, или го направија тоа кога сфатија дека им е безбедно да застанат до озлогласените феминистки. Шовинизмот кај многумина што ги сметав за прогресивни ми удри една освестувачка шлаканица. Се уверив и видов дека сексизмот е најприфатена и најприфатлива форма на дискриминација, и дека борбата против него создава огромен, дефинирачки и дефинитивен јаз – како што сега се случува и во САД. Конечно, на лично ниво, како писателка и јавна личност, забележав дека изгубив значаен дел од публиката поради мојата вклученост во движењето, но и стекнав нова, вистинска.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • January 4, 2019
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски

Момент...

No more pages to load

1 2 … 8 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram