Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.

Родови политики и сексуални идентитети во филмската адаптација oд страна на Анг Ли на новелата на Ани Пру, Планината Броукбек Планината Броукбек претставува филмска адаптација на истоимената новела на Ани Пру од страна на режисерот Анг Ли која се поставува како една од најпарадигматичните обработки на темите на сексуалноста и родовите идентитети поставени во контекст на американскиот запад или поконкретно државата Вајоминг во рамките на една конзервативна социо – културна констелација. Филмското дејство претставува исцрпна елаборација на комплексните емотивни, сексуални, психолошки и политички релации во кои се преплетуваат Енис Дел Мар и Џек Твист во потесна рамка, односно нивните семејства, опкружување како и размислувањата и ставовите, а од непобитно значење и стравовите кои се продукт на доминацијата на патријархалните и хетеронормативните вредности во конкретната општествена средина.

 

Хомосексуалната врска меѓу Џек и Енис

 

Во главен план е претставена хомосексуалната врска помеѓу Џек и Енис, иако секако нивната сексуалност не може толку да се симплифицира и подведе под овој термин, затоа што таа претставува комплекс од сите општествени услови во кои се наоѓаат во едно видно конзервативно опкружување во руралните предели на западот на САД. Исклучувајќи ги понатамошните импликации на нивната врска, Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.

Врската на Енис и Џек е изградена на Планината Броукбек и тоа е и местото каде што таа останува. Нивните понатамошни средби во период од дваесет години се само обид за темпорално обновување на идеалниот контекст во кој е првично остварена таа емоционална и сексуална врска, но и потсетување на иреверзибилноста на тој период и неможноста да се реконструира истиот. Во еден ваков контекст нивната понатамошна врска е пред се изграден на спомените oд тие неколку месеци. Значаен елемент на вака изградената врска помеѓу Џек и Енис е молчењето, односно неможноста за комуникација. Секој обид за дискусија завршува во конфликт, а за време на нивната последна средба ескалира и во физичка пресметка која завршува во прегратка, но секако во обновен молк. Комуникацијата изгледа невозможна, а нејзиното остварување како при заминувањето од Планината Броукбек кога Џек го прашува Енис што ќе прави понатаму како каузално да доведува до секвенца од катастрофални одлуки кои веќе лошите предуслови ги претвораат во животна лага проследена со деструктивна моќ упатена кон самите нив како и луѓето во нивната околина. Евидентно е дека тишината не може да ги реши нивните проблеми, но од друга страна јасно е исцртано дека надвор од општествениот контекст таа комуникација не е ни потребна. Во нивниот единствен разговор на планината Енис потенцира дека сексот меѓу нив нема да се повтори по првиот пат, но уште истата вечер тој безгласно влегува во шаторот и повеќе не е потребен разговор затоа што сами, далеку од сите можат да му се препуштат единствено на сексуалното задоволство. Според Мишел Фуко сексуалноста е социјален конструкт создаден во релација со моќта и знањењето. Притоа, за разлика од сите останати култури кои ја третираат сексуалноста како ars erotica или уметност на сензуалното задоволство, модерната западна, односно постренесансна и постхуманистичка култура која се зародува во седумнаесетиот век ја третира сексуалноста како scientia sexualis или наука за сексуалноста.

Она што се потенцира според овој модел, а е важно за да се разберат позициите на Енис и Џек и истовремено е врзано за нивната можност, односно неможност за комуникација е односот на општеството кон дискурсот на сексуалноста. Фуко се согласува дека сексот е репресиран во западната култура, но влегува во судир со она што го нарекува „хипотеза на репресија“ во однос на дискурсот за сексуалноста. Западната култура ја разгледува сексуалноста низ бројки и класификации, а со тоа се зголемува дискурсот за сексуалноста, но едновремено индивидуата е подведена под еден голем наратив кој ја поставува сексуалноста како есенцијална одредница во севкупноста на аспектите на личноста, наспроти нејзината природа на општествен конструкт. Ова води кон уште еден значаен момент, затоа што по реализацијата на филмот се јавуваат обиди главните ликови да се етикетираат како геј, би или стрејт. Но, додека е евидентно дека нивното однесување е ненормативно, не е ниту возможно до толку да се симплифицира затоа што тие живеат во даден контекст и опкружување кои неминовно ги конструираат нивните идентитети. Контекстот е од особено значење затоа што и двајцата мажи стапуваат во брак, имаат деца, но и афери надвор од бракот и надвор од нивната врска, Енис пред се со жени, додека Џек со мажи. Јасно е дека Џек е лик кој ја има прифатено својата сексуалност, и наспроти двојниот живот кој го води и е подготвен да создаде заеднички живот со Енис. Од друга страна Енис прогонуван од стравовите не е во состојба воопшто да го замисли таквиот живот. Имено, во близина на ранчот на кој живеел Енис, живееле двајца мажи за кои се зборувало дека се геј. Татко му на Енис, откако на изразито насилен начин го убил едниот од нив, ги однел Енис и брат му да го видат мртвото тело. Оваа слика се впишува како неизбришлив страв во меморијата на Енис. Таа слика го попречува да размислува за каква било иднина со друг маж и токму затоа имплицира на прашањето за тоа дали Енис стапува во врски со жени како резултат на својата интернализирана хомофобија продуцирана од сликата на насилство или доколку не го запознаеше Џек, секако ќе беше во врска со жена. Одговор на ова прашање е секако тешко, веројатно и невозможно да се даде, но укажува на притисокот кој го создава стравот, како и сликата, односно меморијата на насилството. Тој страв е и темелната причина на неприфаќањето на квир идентитетот и продукцијата на автохомофобични чувства. Стравот го следи Енис во текот на целиот фил, а ескалира во моментот кога Лорин му ја соопштува веста за смртта на Џек. Додека нејзиниот опис е навистина детален, таа зборува за несреќа во која пукнала гума која го скршила носот и вилицата на Џек, а откако никој не дошол да му помогне тој се удавил во својата крв. Сето ова во мислите на Енис во истиот момент го обновува постојаниот страв и креира во неговиот ум слика во која Џек е насилно убиен. Тоа не значи дека може да се тврди дека стравот на Енис е залуден, безсмислен или неоснован бидејќи смртта на Џек секако останува неприкажана, а Лорин иако дури во текот на разговорот станува свесна за врската помеѓу 21 човекот со кој зборува и нејзиниот маж, нејзиниот говор е целосно ладен и монотон што остава секако широк простор за дилема во однос на смртта на Џек. Филмското сценарио во овој случај се јавува како рефлексија на општествената стварност која ги поставува геј мажите и воопшто квир лицата под тежината на молчењето и стравот како конзистентно врзани алатки за принудно ненапуштање на комфорот на хетеронормативната зона.

 

„Не сум Квир“ – Енис („I am not queer“) – Enis

 

Една вечер додека се Планината Броукбек, Енис и Џек минувајќи го времето во разговор и пиење виски заспиваат. Кога Енис се буди во текот на ноќта, одлучуваат дека е премногу темно за да замине кај стадата и затоа останува да спие во кампот надвор од шаторот. Но, ноќта со себе носи и силен ветер, така што Џек на крајот успева да го убеди да влезе во шаторот и да легне до него. Подоцна Џек се буди и ја става раката на Енис врз себе. Тоа го буди Енис кој сака да излезе од шаторот, но Џек успева да го смири и имаат секс. Утрото Енис заминува без збор, а вечерта се води следниот дијалог меѓу нив:

Енис: Ова се случи само еднаш. (Enis: This is a one-shot thing we got goin’ on here.)

Џек: Не е ничија работа освен наша. (Jack: It’s nobody business but ours.)

Енис: Не сум квир. (Enis: I ain’t queet.)

Џек: Ниту јас. (Jack: Me neither.)

Иако алудира на хомосексуалноста, интересно е тоа што Енис го користи терминот квир (queer) кој во дадениот контекст во 1963 година, односно воопшто во шеесетите години и се до осумдесетите се користи како термин со пејоративно и изразито негативно значење насочено кон хомосексуалците (пред се геј мажите кои имаат рецептивна улога во сексот). Во периодот пак кога е создаден филмот веќе постои традиција која од околу дваесет и пет години која го користи во позитивна конотација како обединувачки термин за сите форми на нехетеронормативно однесување. Во секој случај, Енис јасно му дава негативна конотација на терминот што е во согласност со неговиот стоицизам и времето и околностите во кои живее. Џек прави суптилен обид да го отстрани тој негативитетврзан признак за хомосексуалниот секс изразувајќи го својот став дека тоа не е работа на другите, но употребата на терминот квир од страна на Енис како да спречува секој понатамошен отпор. Станува збор за тоа дека Џек ја разбира тежината која ја носи еден термин кој во негативна конотација е врзан за една општествено осудена група на луѓе и како резултат на општествениот притисок и страв кој го предизвикува истата инсистира на своето неприпаѓање во неа. Ова секако имплицира на различната подготвеност на ликовите да се прифатат себе си, но и на тоа дека општествениот наратив некогаш може да носи премногу притсо дури и за оние кои делумно се подготвени да се судрат со него.

Планината Броукбек е место надвор од општеството, место кое станува симбол на можноста да се манифестираат различните и непостојани идентитети на една личност. Приказната на Џек и Енис е креирана на оваа планина и таа таму останува и да постои. Далеку од планината, во хетеропатријархалното опкружување во општеството се наоѓа притисокот кој води кон различни игри и обиди да се стекне моќта како реакција на стравот од отстапување од нормативниот поредок, а тоа резултира со драматично распарчените животи на четворица луѓе кои не успеваат да навлезат во комфорната зона на своето социјално опкружување.

 

 

Текстот е оргинално објавен во Фанзинот Усни, публикација на Коалиција Маргини.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Кристијан Стефановски
  • January 24, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЕСНА
Квир песни на неделата
Четири квир песни во превод по повод Парадата на гордоста.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 7 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram