Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ
Локални поборници за работнички права: Интервју со Кристина Ампева
Најголем предизвик во моментов е немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права.
„Гласен текстилец“ е здружението кое неуморно се бори за и со работниците и работничките во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, чии работнички права често претрпуваат прекршоци. За нив, покрај моменталната пандемија и масовниот страв по здравјето, дополнителен товар е и неизвесноста за финансиската иднина. Имено, освен ризичниот метеж и недостатокот на заштитна опрема во конфекциите, на текстилните работници и работнички им се закануваат и неисплаќање на плати и принудни откази. За да ве запознаеме со дејностите на Здружението и да ви ја доближиме важноста на ваквите здружувања, особено во време на криза, поразговаравме со претседателката, Кристина Ампева. Разговорот го водеше Анастасија Марковска.

 

„Гласен текстилец“ постои веќе неколку години. Кој дел од тогашната состојба на текстилната индустрија во Северна Македонија беше главен мотив за создавањето на Здружението?

 

Гласен Текстилец на 17ти мај оваа година, односно, за неколку дена, полни 3 години постоење. Но како активисти на темава работиме малку подолго од здружението, од 2016 година. Главен мотив секако ни беше тоа што немаше кој да нè заштити на работното место од неплатена работа, работа на празник, прекувремена работа, мобинг, лоши услови… Згора на тоа, тогаш немаше ниту законска рамка за минимална плата, па работодавачите исплаќаа плати од 7, 8, 9000 денари по основ на неисполнување на нормата, која до 2017та стоеше во Законот за минимална плата. Додуша, за кусо време бевме препознаени од работниците и работничките од цела Источна Македонија, па веќе за секоја една фирма, можеме да знаеме што се случува, а последната година и пол, се јавуваат вработени и од останати сектори барајќи совет и помош.

 

За докажување на проблемите кои ги засегаат работниците/чките од клучно значење се статистиките, било да се работи за степенот на неплатена прекувремена работа, бројот на претставки за К15 или приморување кон отказ. Како „Гласен тексилец“ ги прибира и прикажува овие податоци и на кој начин се осигурува за нивната објективност, имајќи предвид дека меѓу вработените постои страв од пријавување?

 

Во 2019, моја поранешна колешка од фабрика, а сегашна членка во здружението, Ивана Грозданова, аплицираше на субгрантиран проект преку ЕУ. Можам да кажам дека неколку години нè мачеше што не сме направиле некаква анкета за да мафтаме пред надлежните и речеме, еве, ова е тоа што го збориме, ова се проблемите за кои нè контактираат работничките! Ова е финансиската состојба на работничката класа од Истокот и поради ова не сакаат да пријавуваат и си ги бараат правата истите тие вработени!
Ивана и тимот кој беше формиран од работнички, успеаја да приберат податоци од телефонски, теренски и онлајн анкети од 870 испитаника/чки. Сето она кое го знаевме од терен, разговори, средби, (тајни) состаноци со вработените од цел Источен регион, се одрази во истражувањето. Објективноста не е воопшто доведена во прашање, бидејќи жените кои ги правеа анкетите се од истата целна група, дел се од истата локална заедница, но се и тесно поврзани со нашата работа како здружение, па на некој начин се препознати од нивните колешки. Работничките по нашата неколку годишна работа, сметам дека имаат доверба во нас, немаат страв дека ќе се дознае нивното име и се свесни дека нивната анонимност е загарантирана до моментот додека тоа го бараат од нас. Имам случаи кога ми звонат со скриен број, но откако ќе направиме ред-муабет, велат, па зошто звонев јас со скриен број? На крајот ми го даваат нивниот телефонски број за да им јавам и ги известам за некое прашање, совет, пријава…
По истото тоа истражување, соодветно дадовме и решенија, кои полека, полека ги преточуваме во законски решенија. Тоа ќе го видат работниците/чките во новиот Закон за работни односи во кој бевме вклучени и кој нетрпеливо го чекаме веднаш по парламентарните избори.

 

 

Се чини дека „Гласен текстилец“ успешно се прилагодува кон модерните видови активизам. Имате Инстаграм страница, создавате улична уметност, одржувате проекции на студентски филмови итн. Ќе може ли поопширно да ги опишете ваквите активности, заинтересираноста на луѓето за нив и како тие го доближуваат Здружението до неговите цели?

 

 

Нашата веб-страна, twitter, instagram, не се моја идеја, ниту пак јас ги оддржувам, а не се ни разбирам во нови технологии и алатки. Тоа го прават нашите млади волонтери и членови кои си зедоа за одговорност да ги создадат и оддржуваат и профилите на Гласен Текстилец. Значи ништо без младите.

Гласен Текстилец немаше да постои доколку не беше уметноста и културата. И тоа ми е најомилен момент кога им раскажувам на младите кои допрва учат за активизмот. Тоа се бар моите почетоци во битката за работнички права. И може ќе одземе повеќе место во ова интервју, но е најважно. Најважен е придонесот на културните работници во оваа борба. Така почна, со Филип Јовановски и Ивана Васева од Факултет за работи што не се учат. Во почетокот не се појави здружение кое ќе се бори за работничките права за најмаргинализираните работнички, туку се појави Културно уметнички центар Текстил. И тој почна со проекции на филмови, саеми на книги, концерт, детско катче, изложби на слики и слично. А кога ќе дојдеа и работници/чки, им велевме, останете уште малку, ќе имаме една работилница за синдикално здружување, човекови права… Меѓу таа уметност и култура, им го доближувавме времето кога животот на работникот бил познат како концепт 8-8-8. Осум часа култура, осум часа работа, осум часа одмор.
По некогашните силни синдикални организирања, културни друштва во склоп на фабриките, се обидовме преку овој КУЦ Текстил, весниците и уметноста која ја продуцираме со останати активисти да ги потсетиме дека работникот бил вреднуван не толку одамна.
Преку графитите низ градот, разните акции, иглата како споменик, се обидуваме да им дадеме на сите до знаење да почнат да ги ценат вработените во нашиот град и цела држава, да посочиме дека тие ја ствараат економијата, капиталот, профитот за сите останати и дека треба да бидат почитувани и уважени од сите чинители во ова наше општество.
Затоа и сум убедена, дека ако ги немавме ваквите активисти, културните работници како Ивана, Филип, Сања и неколку други, сега немаше да го имаме Гласен Текстилец како што е сега – релевантна организација која ги застапува правата на оваа група вработени, а можеби и добар дел од останатиот приватен сектор.

 

Мнозинството вработени во конфекциите се жени, па така родовиот аспект на работничките права мора да е составен дел од вашата работа. На кој начин „Гласен текстилец“ му обрнува посебно внимание на тој факт?

 

 

Да бидам искрена, иако работев во истите тие погони, не го сфаќав како родово прашање, родов проблем, родова дискриминација – родов аспект.
Тоа се промени пред две години кога бев на еден настан со тогашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска каде требаше да си поставуваме прашања и одговараме на истите. Ме праша, дали сметаш дека проблемот со работничките права на жените текстилни работнички е родово прашање? Се замислив, ме фати неспремна… За мене работник значеше работник, не гледав дали е маж или жена, во конфекциите исто беа дискриминирани моите колеги и колешки. Но, се сетив дека кога викаа и навредуваа, тоа беше на колешките, не на мажите. Кога се даваше плата, имаше разлика, мажите секогаш земаа повеќе. Од тој момент, го гледам и родовиот аспект. Не е возможно да не се забележува, особено во време на пандемијата кога се погодени работничките кои се бремени, мајки на деца до 10 години, возрасните жени кои се возат стуткани во автобуси, жените хронично болни кои се на удар и со откажувања на договори за вработување. Мерките, законите, уредбите кои ги даваме како предлог решенија, дали сега во моментов, дали во Законот за работни односи, се резултат на претходно направена проекција, земајќи предвит како ќе се одрази на нив, односно, да бидат заштитени баш тие.

 

За крај, кои се моментално најголемите предизвици со кои работниците се соочуваат и како Здружението им пружа помош?

 

Најголемите предизвици во моментов се немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права. Инспекторатот за труд, бар мене ми е една ретка светла точка која во моментов се покажа во полн сјај, иако со недостиг на човечки кадар. Јавно укажуваме на лоши уредби, лоши примери на непочитување на работнички права, но мора да се спомне и соработката со неколку синдикати и организации со кои направивме барања и успеавме да смениме неколку уредби. Иако на почетокот не бевме консултирани, сепак мора да се спомне дека Владата нè вклучи и веќе ќе имаме соработка.
А тука се и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, па сум мирна дека не сме сами како организација, знам дека ќе бидат тука, внимаваат, даваат помош и капацитети кои ние како мала организација ги немаме и знам дека заедно штетата ќе ја сведеме на минимум. Жал ми е што немаме видлива соработка со работодавачите иако има чесни, комуникативни, работодавачи со план и идеја, но не доаѓаат до израз. Останува да се слушаме, споделуваме информации ,,тајно,, и се надеваме на некое поубаво време каде нема да се гледаме како непријатели, туку партнери.
Дотогаш, ќе бидеме на линија за одбрана на човековите/работничките права.

НАПИШАНО ОД:
  • Анастасија Марковска
  • May 7, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Светлана Алексиевич: Се надевам дека „Војната нема женско лице“ им дава сила на жените во Украина
Нобеловката Светлана Алексиевич е добитничка на наградата „Букстар 2022“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Сексуалната работа е работа: Интервју со Лила Милиќ од STAR-STAR
Утре ќе бидеме на Марш на Црвениот чадор, по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички и работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Sandra ti priča: Интервју со Сандра Силаџев
Сандра Силаџев е  глумица и стенд ап комичарка која со портретирање на реалноста успева на сатиричен начин да ни ги долови социјалните и родови проблеми во нашето општество.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротиставам на неправдите: Интервју со Уранија Пировска
Верувам дека нема потреба од вовед кога станува збор за Уранија Пировска. Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, во првите редови во сите борби за човековите права, феминистка, активистка... По повод одбележување на 25 годишното постоење на Хелсиншкиот комитет за човекови права, го направивме долго очекуваниот разговор со Уранија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram