Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
Денес е Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работнички и работници. Во некое друго време денес традиционално ќе бевме на Маршот на црвениот чадор, но иако сме оневозможени да го одбележиме денот на тој начин, тоа не смее да го засени овој ден и фактот дека сексуалните работници се едни од најпогодените групи граѓани од здравствената криза, а државата не ги препознава како такви. Ризиците, предизвиците и секојдневието на сексуалните работнички оваа година ви ги доближуваме преку разговор со сексуалната работничка Мими.

 

Како изгледа животот на една сексуална работничка во време на здравствена криза?

 

Животот на една сексуална работничка/ик во време на здраствена криза не изгледа многу поразлично од друг граѓанин, во аспекст на здравствена заштита и превенција од КОВИД 19. Но сепак, од друга страна е многу поризичен во профосионален аспект. Некогаш условите на некои од сексуалните работнички ги ставаат во безизлезна ситуација и не можат да бираат, па го ризикуваат нивното здравје, а и здравјето на своите блиски за да заработат.

 

На кои ризици се изложени сексуалните работнички генерално, а особено овој период?

 

Ризици со кои се соочуваме најчесто се стигмата и дискриминацијата, од институците, но и од општата популација. Потоа, тука е и насилството врз сексуалните работнички/ци кое за време на кризата драстично се зголеми. Кризата нè втурна во сиромаштија и во сериозни ризици по нашето здравје,  додека не добиваме никаква поддршка од институциите со цел да се намалат негативните последици од кризата по нашата благосостојба.

 

Изложеноста на насилство во оваа работа отсекогаш постоела, но како што кажуваш, сега ризикот е зголемен. Зошто е тоа така, и колку сексуалните работнички го пријавуваат насилството? Дали се случува двојна виктимизација во полициските станици?

 

Според истражувањето кое го спроведе СТАР со околу 50 сексуални работнички/ци на оваа прашање одговори беа зголеменатата сиромаштија, раздразливоста меѓу луѓето, стравот од пренесување на вирусот, тоа што институциите се насочија кон КОВИД-19, а притоа ги занемарија другите потреби на граѓаните. Тоа беше како “ослободување” за насилниците. Нашата заедница нема доверба во институциите, па пријавувањето е многу ниско, баш поради двојната виктимизација што се случува во полициска станица. Самите жртви стануват жртви по втор пат, на системот за заштита.

Јас лично имав случај каде со другарка отидовме да пријавиме насилство врз неа, но полицаецот на пријавница освен психичко насилство, применуваше и физички насилство. За среќа, случајот стигна до суд, благодарение на сите инволвирани и доби позитивна разрешница, односно полицаецот беше обвинет.

Тоа е уште еден показател и апел до сите граѓани не само до сексуалните рабоници дека насилството треба да го пријавуваме и покрај недовербата и непрофесионалноста на институциите. Кога нè има во поголем број, тогаш притисокот е поголем.

 

Претпоставувам дека еден од поголемите предизвици за вас оваа година е губење на клиенти. Како се снаоѓаш ти во тој поглед?

 

Да, периодов нашата професија претрпе многу загуба. Мене од огромна корист ми е тоа што имам хонорарна работа, па се потпирам на тие примања кои ги имам. Во поглед на сексуалната работа, работам повремено и најчесто со мал број на луѓе со кои веќе се знаеме подолго и имаме створено меѓусебна доверба, сè со цел да не се доведам во здравствен ризик од КОВИД 19.

 

Според тебе, дали состојбата со правата на сексуалните работнички и работници драстично и брзо би се променила доколку сте дел од системот на социјална и здравствена заштита или и во тој случај ќе треба да помине доста време за да ги почувствувате бенефитите?

 

Доколку од „утре“ бидеме дел од тој систем, со оглед на праксата која ја имаме видено во изминатите години како нашите институци не ги почитуват ниту постоечките закони и мерки, ниту пресудите на ЕСЧП, односно вработените си ги применуват нивните лични ставови на нивните рабнотни места, јас не сум некој оптимист дека состојбата драстично би се променила. Најпрво треба да се воведе сеопфатна пракса во институциите за исклучување на нивните лични ставови на работните места.

 

Претпоставувам дека стигмата поврзана со вршење на оваа професија е огромна…Дали гледаш некаква промена кон подобро, особено со оглед на тоа што сега постои СТАР – организација посветена исклучиво на борба за правата на сексуалните работнички и работници?

 

Стигмата и дискриминацијата ќе продолжат да постојат, а низ годините предизвикувале и фатални последици по животот на сексуалните работнчки/ци. Но, со зголемувањето на активизмот на организациите кои се бораат за нашите права има видливи промени. Се имаме померено од мртва точка. Како пример ќе ја дадам Декларацијата за приоритетно донесување на “Законот за спречување и заштита од дискриминација“ исто така Декалрицијата насловена “Законот за зддравствена заштита да ги препознае граѓанските организации како даватели на здравствена заштита од посебно значење за јавното здрацје“. Овие декларации беа поддржани и потпишани од 17 партии, така да, промени се случуваат, а се надеваме во најбрз можен рок да издејствуваме и декриминилизација.

Потоа, подигaње на свеста на опшата популација е една од клучните работи за намалување на стигмата, a тоа значи прифаќање на сексуалната работа како работа. Со нашата работа ниту загрозуваме некого, ниту наштетуваме на општеството. Колку побргу тоа го сфатиме сите, толку полесно би било за сите нас.

 

 

Каква е иднината на сексуалната работа доколку продолжи ваквиот начин на живот кој подразбира внимателност, дистанца и редуцирани сексуални односи?

 

Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица. Веќе има и такви случаи, лица од заедницата избркани од работа поради пандемијата, исклучени од здравствено осигурување, го напуштиле живеалиштето бидејќи не можеле да плаќаат кирија. Доколку државата продолжи да нè исклучува од помошните мерки, свесно нè втурнува во сиромаштија!

 

Голем број на луѓе имаат грешна перцепција дека сексуалната работа не може да биде личен избор. Што би им порачала на оние кои размислуваат на овој начин?

 

Најчесто сексуалната работа (нудење на сексуални услуги, ескорт придружби, стриптиз танци) е доброволна работа. Наметнувањето на трговија со луѓе на доброволната сексуална работа е само начин да се оправда нечиј став за неприфаќање на сексуалната работа како професија.

 

Со оглед на тоа што овогодинешниот марш на 17 декември по повод Меѓународниот ден против насислтвото врз сексуалните рабонички не може да се одржи, како планирате да го одбележите денот?

 

По повод 17-ти Декември подготвивме кампања насловена НИЕ. Со оглед на ситуацијата, а свесни и загрижени за нашето здравије и здравјето на нашите сограѓани, една активистка/ сексулана работничка во придружба на 3 девојки, сексуални работнички, ќе одржи прес за медумите. Воедно организиравме одличен перформанс “Red light destrict” кој ќе се одржи на 17-ти Декември на излозите на Универзална сала со почеток во 18ч. Истиот ќе биде прикажан онлајн на страните на СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС Опции за здрав живот и Коалиција Маргини.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • December 17, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Сексуалната работа е работа: Интервју со Лила Милиќ од STAR-STAR
Утре ќе бидеме на Марш на Црвениот чадор, по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички и работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ДИЈАЛОЗИ
Локални поборници за работнички права: Интервју со Кристина Ампева
Најголем предизвик во моментов е немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ива Станојковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ
Sandra ti priča: Интервју со Сандра Силаџев
Сандра Силаџев е  глумица и стенд ап комичарка која со портретирање на реалноста успева на сатиричен начин да ни ги долови социјалните и родови проблеми во нашето општество.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротиставам на неправдите: Интервју со Уранија Пировска
Верувам дека нема потреба од вовед кога станува збор за Уранија Пировска. Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, во првите редови во сите борби за човековите права, феминистка, активистка... По повод одбележување на 25 годишното постоење на Хелсиншкиот комитет за човекови права, го направивме долго очекуваниот разговор со Уранија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram