Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ
Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротиставам на неправдите: Интервју со Уранија Пировска
Верувам дека нема потреба од вовед кога станува збор за Уранија Пировска. Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, во првите редови во сите борби за човековите права, феминистка, активистка... По повод одбележување на 25 годишното постоење на Хелсиншкиот комитет за човекови права, го направивме долго очекуваниот разговор со Уранија.
Ако треба да издвојам твои најпрепознатливи карактерни особини, веројатно би избрала гласна, присутна и храбра… Можеш ли да идентификуваш од каде доаѓа твојот борбен порив, самоувереност и непоколебливо заземање место во просторијата, професијата и јавниот дискурс? Дали се работи за гени или за постепен развој на карактер во дадени услови? Веднаш го начнав прашањето за гените, бидејќи сигурно не е мала работа да го носиш името на баба ти Уранија, една од најпозните хероини од антифашистичкиот период. Колку нејзината неверојатна животна приказна влијаела на твојот развој и жената која си ти денес?

 

 

Генетскиот материјал секако има удел, но мислам дека растењето и односот на оние кои што те воспитуваат има пресудно значење. Беше возбудлива авантура да се расте со жена каква што беше баба ми. Нејзиниот однос кон животот, радоста на живеењето и нејзините неверојатно (за тоа време) слободоумни сфаќања, беа нешта што мене ме обликуваа како личност. Моите први искуства кои влегуваат во доменот на возрасните, беа искуства кои најчесто ги споделував со неа. Приказната за нејзината борба, беше мојата приказна за лека ноќ. Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротиставувам на неправдите. Секако, имајќи ја предвид нашата ментална матрица, ваквиот мој однос и нестеснувањето да се спротивставам и да го кажам тоа што го мислам, редовно претставуваше проблем во текот на моето школување.

 

 

Многу луѓе се имаат запознаено со Уранија Јурукова преку романот кој е инспириран од нејзиниот живот – „Небеска Тимјановна“ на Петре М. Андреевски. Овој роман е еден прекрасен пример на македонската книжевност каде се слави херојството на жената. Сепак, може да се каже дека е исклучок, а правилото е дека женските приказни и сведоштва обично се подзабораваат. Колку е важно да зборуваме за жените борки од минатото кој на некој начин го „истапкале“ патот за нас? Дали сметаш дека колку повеќе ја познаваме историјата на женската борба, толку похрабри ќе бидеме во борбата за женски права денес?

 

 

Мислам дека Петре М. Андреевски со својот роман за баба ми направи огромен исчекор во таа насока, не само поради тоа што раскажа приказна за една жена борка, туку поради начинот на кој го стори тоа ина кој ја претстави, ослободен од предрасудите за тоа што една жена е способна да стори. Апсолутно е важно да се раскажува за херојствата на жените и тоа е една од работите што претставува исчекор во женските движења во последните години. Тие приказни се важни за жените да го добијат местото во општеството кое природно им припаѓа, но и поради тоа што секогаш ќе претставуваат мотивација за женската борба.

 

 

Фотографија: Жарко Чулиќ
Во едно интервју за „НОВА“, по повод 8 март, велиш дека жените кои се активни во политиката, во борбата за човекови права и кои се присутни во медиумите, често наидуваат на навреди и коментари со сексуална конотација. Вистина е дека јавните личности се често изложени на сурова критика, но дотолку повеќе кога се работи за жени. Како ти се справуваш со мизогинијата и родово базираниот говор на омраза со кој се соочуваш, верувам, на дневна база?

 

 

И покрај тоа што не е воопшто пријатно да се соочуваш со навредливи коментари и пораки кои речиси секогаш имаат сексуална конотација, јас научив сосема присебно да се справувам со тоа. Во текот на целата моја кариера неминовно се соочувам со мажи на кои во принцип им пречи мојот пристап, авторитет и однос кон самите нив. Секој изблик на слободоумна мисла наидува на презир и потреба да се обезвредни, само поради тоа што доаѓа од жена, скандалозно, нели?! По правило не одговарам на таквите коментари, но ги пријавувам. Треба да се говори за тоа што ни се случува, но треба и да се преземаат дејствија што би резултирале со санкционирање на таквите случаи. За жал, говорот на омраза кај нас сѐ уште останува феномен кој не се казнува и тоа само ги охрабрува сторителите да продолжат со таквото однесување.

 

Она што може да се издвои како мала победа за локалната женска борба е гласањето за новиот Закон за прекинување на бременоста. Твојот говор на собраниската расправа, кога изјави дека „Господ е најголемиот непријател на жената“, беше пречекан со јавен линч од страна на религиозните и верските групи. Во традиционално општество како нашето, каде верските заедници имаат значително влијание, феминизамот е непопуларна кауза, а сè уште сме во процес на израмнување на законската регулатива со онаа на Европската Унија по овие прашања, која е реалната состојба на жената во Македонија и што е иднината на женската борба тука?

 

 

Верските заедници имаат голем удел во зацврстувањето на стереотипите за жените, а со тоа и во охрабрувањето на сторителите на родово базирано насилство, особено во средини каде што жените немаат никаква поддршка и заштита. Обидот на верските заедници да се вклучат во расправата за законот за спречување на бременост беше невидена дрскост и секако преминување на границите на она што имаат право да го прават во една секуларна држава каква што е Македонија. Постојат многу заинтересирани страни еднаквоста на половите да остане само на хартија, а фактот дека е многу мал процентот на жени во политиката, говори за нивото кое сме го достигнале. Сепак, јас сметам дека последниве години женската борба доби поголема видливост и охрабри многу жени да ги раскажат своите приказни и да побараат заштита. Моето мислење е дека ни се потребни повеќе жени кои ќе имаат одлучувачки позиции во политичкиот живот и ќе го подигнат ова прашање на повисоко ниво.

 

 

Фотографија: Жарко Чулиќ
Како надоградување кон претходното прашање, после долго одоговлекување беше донесен и новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, каде сега е вклучена и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Борбата за права на ЛГБТИ луѓето во Македонија беше долга, а ти директно учествуваше во истата, од отворањето на првиот ЛГБТИ Центар за поддршка, до Парадата на гордоста. Кој е твојот осврт на ситуацијата по однос на ЛГБТИ правата? Од една страна хомофобијата е сеппристуна, а од друга страна успеавме да одржиме успешна прва парада. Дали чекориме напред?

 

 

Кога ќе се сетам на времето кога го отворивме ЛГБТИ Центарот за поддршка и на сето она што се случуваше, сите напади и целата црна пропаганда која ја водеше поранешната власт против ЛГБТИ заедницата, чувствувам гордост дека сето тоа го преживеавме, не се откажавме и денес успешно опстојуваме. Хомофобијата е сѐ уште и ќе биде присутна уште многу години, но денес не се случуваат веќе напади и секако успеавме да се донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација со вклучување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација. Се случи и парадата на гордоста која беше едно од најубавите доживувања во мојот живот. Се чувствуваше љубов во воздухот и во тој еден ден сите бевме еднакви, споени со љубовта кон нашите особености. Неспорно е дека постои напредок, но од друга страна, фактот дека сторителите на нападите на ЛГБТИ центарот за поддршка сѐ уште не се пронајдени, виси над нашите глави. Делата сторени од омраза мора да бидат казнувани поради тоа што тоа е многу важен момент во борбата против хомофобијата и трансфобијата. Сè додека луѓето не разберат дека за тоа може да се оди во затвор, секогаш ќе постои опасност од нивно повторување.

 

Оваа година Хелсиншкиот комитет слави 25 години постоење, а повеќе од 7 од тие години со тебе како Извршна директорка. Во тие 7 години граѓаните поминаа низ многу: студентски протести, антивладини протести, (многу) избори, политичка криза и други работи, за конечно да можеме да се понадеваме на прогрес и можеби менување на системот од внатре. Сепак, можноста повторно да влеземе во политичка криза постојано ни дише во врат, а човековите права се постојано прекршувани… Ако може да се направи некаква генерализација, дали постои прогрес во полето на човековите права и кој е уделот на Хелсиншкиот комитет во истиот? Кои се следните големи борби во полето на човековите права во Македонија?

 

 

На позицијата извршна директорка дојдов во најтурбулентното време, време кога сфатив дека организацијата мора да излезе од канцеларија и да се вклучи целосно во граѓанскиот активизам. Бевме дел од сето она што се случуваше, со сите ризици и за нас како индивидуи, но и за опстанокот на организацијата. Тоа помина, но за жал сѐ уште поминуваме од една во друга политичка криза што во голема мера има реперкусии врз реформските процеси и секако на квалитетот на правдата и остварувањето на човековите права. Од една страна постои напредок во соработката со институциите и вклученоста на граѓанскиот сектор во реформските процеси, но суштествените прашања за демократијата во една земја како што се корупцијата, клиентелизмот и селективната правда, се феномени со кои што оваа влада сѐ уште не се справува. Тоа има последици и сите ги чувствуваме. Се додека не ги решиме проблемите во правосудството, граѓаните нема да чувствуваат правна сигурност ниту пак ќе ја достигнат правдата.

 

 

Фотографија: Жарко Чулиќ
Кои се најважните лекции кои ги имаш научено како Извршна директорка и каде ја гледаш иднината на Хелсиншкиот комитет?

 

 

Хелсиншкиот комитет за мене е местото каде што се пронаоѓам и имам можност да ги артикулирам своите пориви и идеи. Слободата на дејствувањето и изразувањето во граѓанскиот сектор е бесценета и јас таа слобода не би ја заменила за ниту една позиција на моќ. Нема ништо помоќно од тоа да го артикулираш тоа што го чувствуваш и да знаеш дека работиш за луѓето да живеат подобро. Хелсиншкиот комитет во текот на своето 25 годишно постоење секогаш бил перцепиран како креатор на критичката мисла во земјата и ќе продолжи во таа насока. Времињата се менуваат, луѓето имаат поинакви потреби и ние секогаш се трудиме да го следиме тој пулс во тоа што го правиме. Фокусот секогаш ни е на ранливите групи и поради тоа ја отворивме „Сигурната куќа“, а во процес сме на отворање и на простор кој ќе биде место за создавање уметност и култура надвор од оној мејнстрим кој сите нè задушува. Впрочем, ние постоиме за да одговориме на потребите на луѓето и да им овозможиме да ја уживаат слободата непречено, па сите наши идни акции ќе зависат токму од тие потреби.

 

 

Фотографија: Жарко Чулиќ

 

 

Разговорот го водеа Ена Бендевска и Калиа Димитрова.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • November 28, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram