Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ
Sandra ti priča: Интервју со Сандра Силаџев
Сандра Силаџев е  глумица и стенд ап комичарка која со портретирање на реалноста успева на сатиричен начин да ни ги долови социјалните и родови проблеми во нашето општество.

Сандра живее и работи во Србија, но нејзините видеа зборуваат за наративите на целиот Балкан. Нашето секојдневние е еден нејзин голем клип. Нејзините клипови ги открив така што сестра ми реши дека треба како семејство, заедно со мајка ми да седнеме и да изгледаме сè што има од неа на интернетот. Perfect quality time. Начинот на која таа си поигрува со она што ни пречи во секојдневието, за момент успева да те ослободи од идејата дека работите околку тебе се бесмислиени. Умешноста во минута ипол, тргнувајќи по површината за да продре во суштината на одреден проблем, ја прави нејзината искреност бесценета. Сандра штотуку објави илустирана книга Феминизам за почетници. Во нејзините постови, сè повеќе е јасно дека е личност со став и дека многу често луѓе (окриени позади своите профили) имаат проблем со тоа. Меѓутоа, тоа за неа е само дополнителна мотивација повеќе да зборува и креира наратив во кој сме ослободени од  традиционалните  норми и дефинирања. Ја имав можноста да ми биде соговорник, а можеби и ќе и ги пратам видеата што ме инспирирала да ги направам 😀 Интервјуто го водеше Сара Миленковска.

 

Како започна сето ова?

 

Сè започна спонтано, од секогаш си поигрував со камери и фотоапарати, па во еден момент решив да започнам да ги поставувам истите на YouTube и vines.

 

Минатата година беше интересна за вашата актерска кариера. Можеш ли да ги запознаеме читателите на медуза повеќе со вашата актерска работа?

 

Да, глумев во серијалот ‘’Вистини и лаги’’ и филмот Taksi Bluz. Ми беа дадени интересни и предизвикувачки улоги што тешко можев да ги одбијам.

 

Дали вашата професионална кариера влијае врз вашата личност на социјалните мрежи?

 

Не влијае. Тоа сум јас севкупно и сè заедно. Мојот повик е глума, а со тоа оди и активизам.

 

Секогаш кога гледам некое од твоите видеа, се прашувам како е можно истото да ми се има случено и на мене. Некогаш самата апсурдност на работите нè тера да мислиме дека одредени работи не им се случуваат на останатите жени. Па се прашувам колку си играш со имагинацијата, дали твоите видеа се само интерпретација на реалноста и дали сè доаѓа од реалноста, само пренагласено со доза на сатира?

 

Сè е реалност. Понекогаш мојата, понекогаш реалноста на пријателите, познаниците, колегите итн. Овие нешта им се случуваат на сите нас, и затоа е важно отворено да зборуваме за нив.

 

Една од моите фасцинации која совршено ја потентираш, а е една чувствителна тема, т.е меѓуодносот на жените и третманот меѓу жените кој некогаш е полн со завист и непријателство. Јас секогаш мислам дека сме воспитани и програмирани да се мразиме, а ти го критикуваш токму тоа. Како го улови овој елемент?

 

Работев во исклучително мизогинистички колектив. Иако имам работено во многу компании и сменив работни места, оваа компанија во којашто се наоѓам последните неколку години беше шок за мене. Никогаш немав видено толку многу мизогинија, токму меѓу жените. Страшно примитивно опкружување каде жените се поткопуваа, се отсекуваа, дозволуваа мобинг, учествуваа во озборувања итн. Виновник за тоа беше лошата структура и системот на работа и вработените.

 

Општествената улогата на жената до ден-денес зависи од тоа што заедницата очекува од неа. Кое се твоите лични искуства по ова прашање, имаше ли пресврт во животот кога нешто се промени и дали тоа ти создаде простор за да почнеш да ги создадете сите овие генијални ликови?

 

Жените не треба да ја менуваат женската природа, туку општеството и работните услови. Жените не треба да се натпреваруваат со мажи или жени затоа што работата не е ринг, љубовта не е ринг, а и животот не е арена за натпревар. Жените сакаат да сакаат, да работат и да живеат, да не се споредуваат, да не се натпреваруваат, да се борат една со друга, ниту пак да кукаат и да се докажуваат. Жените не претставуваат само тело, ниту флертување или репродукција. Жените ниту се копчиња или тестери. Жените не се тука за нивниот труд и постоење се проценува преку хормоналенот и брачен статус, емоционална стабилност и репродуктивна моќ, ниту пак тоа за нив треа да биде единица мерка за морал. Жените не се нечиј имот што само треба да трпи да  и да извршува  домашни работи без да бидат платени. Жените не постојат за да бидат експлоатирани во бизнисот, како што се случува. Приказната за слободата на жената е приказна за правата на жените, а станува збор за ослободување од секаква споредба со машки пол, станува збор за слобода за жената да има право да биде она што е и да има право на избор (во работата, животот, однесувањето, облеката , љубовта и сексот). Приказната за правата на жените ги засега сите жени. Ги засега жените со посебни потреби и жените со оштетен вид, ги засега транс-жените, сиромашните, богатите и жените од сите националности. Приказната за правата на жените се однесува токму на тоа жената да не се гледа низ призмата на патријархатот. Жените се човечки суштества и имаат мозок, способности и таленти. Зошто да не ги искористиме во полн капацитет и да ги заработиме своите пари, нашите куќи и лична слобода? Жените имаат право доколку сакаат да изберат патријархат, но исто така имаат право да живеат надвор од наметнатата рамка и правилата на патријархатот и да не страдаат од осуда од мажите и другите жени.

 

Презирам воопшто да си дозволам да прашам некого за нејзината улога како мајка, но се прашувам дали има нешто што се обидуваш да правиш поинаку? Твојата освестеност не е дел од нашата култура и се радуваме кога некој ги критикува слабите точки на општеството.

 

Јас не правам ништо поразлично, правам сè што сметам дека е во склад со себе.

 

Имаш цела фан-база во Македонија, кога планираш да дојдеш?

 

Ќе дојдам кога некој од Македонија ќе ме покани. Ја сакам Македонија, јас сум родена овде, а мајка ми е македонка.

 

Дали cyberbullying е дел од твоето секојдневиие? Како се справуваш со тоа?

 

Секој што работи на Интернет поминува низ тоа и треба да изградиш сиситем. Имате опции да не одобрувате коментари, да ангажирате тим на луѓе за да ги водат вашите мрежи итн. Исто така си постои посебен  оддел за високо-технолошки криминал, затоа одите на суд доколку некој е психопат. Сè што треба е да го пријавите.

 

Кој е најдобриот пристап, лично, за решавање на системската дискриминација?  Како да се бориме против мизогинијата по наши услови?

 

Избегнувајте мизогинистички луѓе, пријавете мобинг, насилство, борете се, бранете други лица, не правете компромиси. Променете ги работните места, барајте си ја платата на време и побарајте плата што е во согласност со вашата работа и способности.

 

https://www.youtube.com/user/MsSasyla

https://www.instagram.com/sandra.siladjev/

https://www.facebook.com/siladjevsandra/

НАПИШАНО ОД:
  • Сара Миленковска
  • November 21, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Светлана Алексиевич: Се надевам дека „Војната нема женско лице“ им дава сила на жените во Украина
Нобеловката Светлана Алексиевич е добитничка на наградата „Букстар 2022“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Локални поборници за работнички права: Интервју со Кристина Ампева
Најголем предизвик во моментов е немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram