Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ
Сексуалната работа е работа: Интервју со Лила Милиќ од STAR-STAR
Утре ќе бидеме на Марш на Црвениот чадор, по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички и работници.
STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans и оваа година организира Марш на Црвениот Чадор по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички/ци, а во пресрет на Маршот поразговараме во Лила Милиќ од STAR-STAR. Кои се конкретните барања и цели на маршот?

Оваа година Маршот на Црвениот Чадор го посветуваме на Родово-базираното насилство. Искуствата и статистиките во светот и кај нас покажале дека жените и трансродовите сексуални работници се најмногу изложени на насилство во секоја форма. Затоа, како и секоја година, ќе излеземе на улица да ја истакнеме нашата заложба за солидарност кон сексуалните работници и да ставиме крај на маргинализацијата и виктимизацијата на сексуалните работници.
Ве поканувам и оваа година на 17-ти декември да ги отвориме црвените чадори и заедно да маршираме против криминализацијата и насилството врз нашата заедница. Маршот на Црвениот Чадор ќе започне во вторник во 12 часот напладне од пред платото на Спомен куќата на Мајка Тереза. Рутата на маршот е иста како и секоја година, ќе маршираме до плоштад Филип II.

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски
Маршот на Црвениот Чадор се случува по 12 пат. Дали нешто се има променето во позитивна насока за сексуалните работници/чки во земјата?

 

Додека се приближуваме до овој значаен ден, се присетуваме на сите жртви на насилство низ годините и ја засилуваме нашата посветеност на постојаната борба за зголемување на видливоста и почитување на правата на сексуалните работници. Иако маршираме веќе 12 години, сепак сè уште сме невидливи за општеството и институциите. Институциите и понатаму се глуви на нашите барања и заложби за создавање на безбедни услови за живот и работа, иако имаат должност да им ја гарантираат безбедноста и здравјето на сите граѓани подеднакво. Нашите права треба да бидат загарантирани, бараме да бидеме признаени од законите за работни односи и слободно да пристапуваме до правдата и здравствените услуги.

 

На кој начин декриминализацијата ќе помогне кон намалување на родово-базираното насилство?

 

За разлика од легализацијата која не можеме да ја земеме како позитивен пример, досегашните анализи и компаративни истражувања кој сме ги правеле, покажале дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобар модел за регулација на сексуалната работа, бидејќи се грижи за безбедноста и сигурноста, како и ги почитува правата и достоинството на сексуалните работници и пошироката заедница. За позитивен пример, сексуалните работници го земаат Нов Зеланд, каде што сексуалната работа е декриминализирана. Според неодамнешните истражувања се открива дека 90% од сексуалните работници веруваат дека со Законот за декриминализација им се гарантираат нивните права, здравствени и безбедносни права; 64% изјавиле дека им е полесно да преговараат со клиентите за безбеден секс и условите за работа; 57% изјавиле дека, веруваат дека ставовите на полицијата кон нив се подобриле.
Особено ме радува тоа што сексуалните работници во Р.С. Македонија се вклучени уште од самиот почеток во процесот на носење одлуки во усвојување и спроведување на нова, јасна и конзистентна законска рамка која се заснова врз потребите на сексуалните работници и за заштита на нивните права.

 

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Настрана институциите, сексуалната работа е и во голема мера стигматизирана и осудувана од повеќето луѓе, факт кој дополнително ги изложува сексуалните работници и работнички на насилство и општествена маргинализација. Што би им порачала на луѓето кои не ја „прифаќаат“ сексуалната работа како работа и личен избор?

 

Сметам дека сексуаланта работа треба да се смета како и секоја друга работа на пазарот на трудот и да се почитуваат слободата и правото на избор кај секоја индивидуа подеднакво во нашето општество. Сексуалните работници заслужуваат безбедни работни услови, бидејќи за нив тоа е најдобрата опција да заработат за живот и тука нема место за стигма и дискриминација. Сите сексуални работници имаат право да работат, ослободени од страв, насилство, малтретирање, принудување и експлоатација.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 16, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ
Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротиставам на неправдите: Интервју со Уранија Пировска
Верувам дека нема потреба од вовед кога станува збор за Уранија Пировска. Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, во првите редови во сите борби за човековите права, феминистка, активистка... По повод одбележување на 25 годишното постоење на Хелсиншкиот комитет за човекови права, го направивме долго очекуваниот разговор со Уранија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram