Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
Филип Петковски е личноста која стои зад изложбата Вита која вечерва го има своето отворање во МКЦ. Инспирирани, па и интригирани од промотивните материјали кои беа споделени изминативе денови, поразговаравме со Филип за позадината на оваа мултимедијална изложба.

 

Здраво Филип! За оние кои не те познаваат, како би се опишал себеси во неколку реченици? Со која мисла се будиш, како изгледа твојот ден, што те мотивира и инспирира и како е да се биде во Скопје подолго време, после толку многу „back-and-forth“ живеење меѓу Македонија и САД?

 

 

За оние кои не ме познаваат, јас сум Филип Петковски, имам 29 години и сум докторанд на Катедрата за Светска Уметност, Култура и Танц на УКЛА каде што работам како асистент и предавам предмети поврзани со танц и изведбени уметности. Наутро се будам со помислата дека имам многу за пишување и читање и дека треба да му се посветам на докторатот ако сакам да докторирам до март. Така да, преку ден читам и пишувам, гледам да отидам во природа и да се видам со пријателите, а навечер предавам. Во Скопје заглавив од март, нo никогаш не ми било поубаво. На Скопје секогаш му се враќам со радост бидејќи знам дека тука ме чекаат луѓе кои навистина ги сакам и ме сакаат и тука се чувствувам најубаво. Сите карантини и полициски часови низ кои поминавме, да бидам искрен, некако позитивно ми влијаеа, ме смирија и ме натераа да им се посветам на важните работи. Мислам дека баш полициските часови ми дадоа време и инспирација да ѝ се посветам на Vita.

 

 

Кажи ни збор-два за инспирацијата и приказната зад изложбата Вита.

 

 

Ова ми е прва изложба и многу сум среќен и благодарен на сите луѓе и институции кои ми помогнаа да ја реализирам. Уште од 14 годишна возраст сум колекционер на народни носии и црно-бели фотографии на кои се прикажани луѓе во народни носии. Антропологијата и културното наследство секогаш ми биле омилени теми, а решив и да ги обработувам во склоп на моите мастер и докторски студии. Можам нескромно да кажам дека сум еден од најдобрите познавачи на народни носии во државава, а тоа е впрочем и резултат на долгогодишен труд и истражување на таа тема. Голем фан сум на работата на режисери како Димитрис Папајоану  и Боб Вилсон кои експериментираат со повеќе медиуми во нивните дела. Конкретно, Папајоану експериментира со движење и кореографија, а низ некои од неговите проекти пробува да оживее дела на познати сликари. Вилсон, од друга страна, е познат по продукциите со Скандинавските театри и по своите видео портрети, кои прв пат ги промовира Енди Ворхол преку неговите screen tests. Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм, а инспирација ми се токму овие уметници и фотографиите и носиите кои ги поседувам. Анализирајќи ги овие фотографии низ годините, често се прашував кои се овие жени, кој ги фотографирал, зошто изразитеим се речиси секогаш неутрални и какви животи воделе. Неможноста да ги одговорам овие прашања, поаѓајќи од фактот дека многу од нив, вклучувајќи ги и фотографите се мртви, а остатокот анонимни, ме натера да режирам краток филм во кој осум уметници од Скопје, односно Наталија Теодосиева, Слаѓана Вујошевиќ, Ана Мојсовска, Мими Поп Алексова, Анастасија Данчевска, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Долорес Поповиќ ги доловуваат некои емоции кои недостигаат на фотографиите. Така да, филмот е всушност една драматична реакција на сите оние прашања кои си ги поставував, односно, прикажува различни сцени во кои актерките доловуваат некаква емоција која недостига на фотографијата, изразувајќи различни форми на женственост.

 

 

Она што можеме да видиме од тизерот кој беше споделен на социјалните медиуми, е дека неколку глумици носат различни традиционални носии и карактеристична шминка и украси/додатоци. Од кое време датира „модата“ која ја прикажуваш, како стигна до тие костими и дали знаеш за какви пригоди се носеле?

 

 

Во принцип, носиите се од првата половина на 20 век, односно се изработувани и носени пред Втората Светска Војна, а се наменети за невести или девојки (според нив, девојка и невеста не е исто, исто како што и невеста и млада невеста не е исто). Инаку важно е да се напомене дека постоеле јасни разлики помеѓу носија за девојче, за девојка, за девојка пред мажење, за невеста, за млада невеста, за жена, за старица итн. Преку облековните елементи, односно бојата, мотивите, големината на везот, но и начинот на покривање на главата, накитот кој е искористен и материјалот од кои се изработени јасно можам да ги воочам овие разлики. Носијата нѝ дозволува и да ја установиме и националноста на личноста која ја носи, нејзината верска припадност, економска состојба итн. Со тек на времето, научив дека всушност анализирам мода, меѓутоа мода која била диктирана од социјалните норми на патријархалното општество во кое живееле овие девојки. Носиите кои ги претставувам преку фотографиите и снимките на Жарко Чулиќ се облекувале за свечени пригоди, односно празници и свадби. Голем дел од нив ги имам купено за време на теренските истражувања во многу села низ Македонија, голем дел ги имам наследено или добиено на поклон, додека остатокот се сопственост на колекционери и пријатели како Антонио Стојчески и Ване Наков.

 

 

Значи гледајќи ја облеката која ја носеле можеме да откриеме нешто повеќе за животот на овие девојки и жени?

 

 

Да, дефинитивно. По застапеноста на накитот и големината и комплексноста на везовите можеме да дознаеме дали девојката потекнува од богата фамилија. По боите застапени на носијата можеме да воочиме дали се работи за девојка или невеста (во принцип доминираат посветли тонови на црвена боја) или пак жена со деца или старица (каде што доминираат потемени бои), дали се работи за ожалостена жена која изгубила ближен (застапеност на црна боја, облеката е облечена наопачки). Понатаму, стилот на чешлање на косата, забрадувањето и бројот на плетенки ни кажуваат дали се работи за немажена или мажена жена, по застапеноста на накитот и застапеноста на терзиски обработени облековни елементи можеме да ја вочиме и економската состојба на жената, како што исто можеме да воочиме од кое село доаѓа, каква е нејзината етничка припадност итн.

 

 

Што е она што те фасцинира во традиционалниот костим?

 

 

Ме фасцинира фактот дека се рачно изработени од сопствениците, од конецот за шиење, креирање на платното, па се до везењето, плетењетото, ткаење, нижењето монистра за накит, притоа употребувајќи материјали кој им биле достапни во средините кои живееле (волна, лен, свила, срма), обоени со бои добиени од природни материјали. На пример, во Скопска Црна Гора, везењето на невестинската кошула траело и до две години, а кошулите ги викале и “крвавки” бидејќи при везењето девојките често си ги повредувале прстите, а морале да внимаваат крвта да не тече на платното. Сè што не можеле да направат сами, носеле на терзии во градовите. Понатаму ме фасцинираат верувањата за нив, на пример, кошулите кои имаат кружни мотиви на везовите во селата во околината на Прилеп биле забранети во црква бидејќи ги третирале како ѓаволски. Фасциниран сум и од застапеноста на богати везови и ткаеници во секој дел од облеката кој е видлив, употребата на црвена боја која ја сметале како најбогата, поставеноста на накитот на телото, габаритноста на целосниот костим… Најмногу од сè ме фасцинира фактот дека за секое зошто, односно зошто ова вака се носи, за секое што, односно што значи овој вез и слични прашања, жените секогаш имале одговор, па отаму,, секоја носија, нејзиниот начин на изработка и редослед на облекувањеима своја приказна и смисла.

 

 

Пропратно со тизерот велиш дека мултимедијалната изложба го критикува објективизирањето на женското тело и ја истражува женственоста и комплексноста на човечката емоција. Веројатно првото нешто што можам да те прашам, е од кој аспект ја разгледуваш објективизацијата на женското тело, особено со оглед на тоа што не можеш да тргнеш од личното?

 

 

Конкретно ме интересира како женското тело е објективизирано преку црно-белите фотографии кои ги изложувам. Се работи за два вида на фотографии- во едните фокусот е на жените или нивните семејства, а фотографиите се направени во фото-студијата во градовите, додека другите се направени од фотографи/етнографи кои патувале низ земјата и ги фотографирале девојките за време на нивната посета низ селата. Голем дел од овие фотографии се направени поради интересот за носијата која тие ја носат, додека фокусот на сликата е целосниот сетинг во кој жената се наоѓа. Во оние фотографии направени од странски етнографи кои доаѓале да го истражуваат регионот, жената претставена на фотографиите е често пати егзотицирана, односно фотографирана поради облеката која ја носи, поради работата која ја извршува, поради околината во која се наоѓа—моменти кои за фотографот изгледале како егзотични и биле мотив за да ја направи фотографијата. Во скоро ниедна од овие фотографии имињата на жените воопшто не се споменати и за нив не знаеме ништо. Додека во овие фотографии женското тело е третирано како објект, преку фотографиите на Жарко Чулиќ, и краткиот филм во моја режија, се обидувам да го претставам женското тело како субјект, односно, да го насочам фокусот кон емоционалните состобји на овие жени и што тие ни откриваат за нивните животи. Од друга страна пак, преку авторскиот материјал пробувам да разгледам некои други и поинакви аспекти на што значи тоа женственост. Инаку да, бидејќи сум маж, бидејќи сум бел маж, бидејќи сум бел маж од Европа, бидејќи сум бел маж од привилегирана средина, а истражувам теми за кои не можам да тргнам од лично искуство, не си земам за право да кажувам или советувам како треба или не треба.. Јас посочувам како овие прашања биле третирани во почетокот на 20 век и зошто јас лично мислам дека женското тело е објективизирано преку овие фотографии.

 

 

Традиционално, од жените се бара скромност, потчинетост и понизност, а голотијата се казнува, освен кога не е наменета за перпетурирање на статус квото. Каде се наоѓа твојата изложбата во „базенот“ на контрадикторности, правила и ригидости со кои општеството го третира и дисциплинира женското тело?

 

 

Како што напоменав, не си земам за право да пропагирам дали женското тело треба да е покриено или разголено, бидејќи сметам дека тоа треба да е личен избор и дека за овој избор треба да одлучува секоја жена засебно. Од друга страна, не мислам дека само разголеното женско тело може да искажува сексапил, не мислам дека покриеното женско тело не може да искажува женственост и не мислам дека женственоста треба стирктно да се поврзува само со идеали за убавина, однесување и изразување кои се продукт на западњачки идеали и норми. Додека некаде разголеното женско тело е казнувано и осудувано, исто така покривањето на телото, односно носењето на бурка или буркини е осудувано и исмевано, а во нашата држава имаме примери и од двете. Свесен сум дека за овие работи тргнувам со male gaze, а поради фактот што не можам да појдам од себе и моите лични искуства, моите сфаќања на оваа тема ќе се делумно лимитирани. Како и да е, фан сум на делата на Сузан Сонтаг, Маја Анџелоу, Маргарет Мид, Чимаманда Адичие, Бел Хукс и Џудит Батлер и од овие жени и понатаму многу учам и редовно им ги давам на студентите да ги читаат. Не сум експерт на оваа тема, но често читам феминистичка теорија и гледам да сум и сакам да сум сојузник. Кога станува збор за она што денес го разбираме како традиционално општество, сакам да напоменам дека јас не би ги нарекол тие општества традиционални, бидејќи се воделе по некои други принципи. Точно е, од жените често се барала скромност, потчинетост и понизност, а разголувањето било казнувано, но во главно овие се и единствените епитети кои ги врзуваме за тоа време, без притоа да земеме во обѕир дека и тогаш постоеле алтернативи и девијации на овие норми. Бидејќи низ литературата, низ изведбените уметности, низ историските и етнографските записи овие моменти ни се претставени како такви, не значи и дека ова се и универзални вистини. Родовата и сексуалната антропологија не се многу развиени теми во нашата држава (секако, постојат исклучоци), па и затоа малку знаеме на оваа тема, но јас сум убеден дека и во тоа време постоеле концептите женственост, феминизам, сексапил итн. (веројатно во некои различни форми од тоа како ги сфаќаме денес), меѓутоа биле ретко истражувани и затоа за нив не знаеме доволно. Мојата изложба едноставно има за задача да претстави едно време кое поминало и да отвори дискусија за тоа како гледаме на овие теми денес. Заклучокот ѝ го оставам на публиката.

 

 

Мултимедијалната изолжба ќе можеме да ја видиме во МКЦ од 26 октомври. Дали имаш некакви планови за доразвивање на овој концепт и проект?

 

 

Изложбата ќе биде отворена од 26 октомври до 1 ноември, а се надевам дека ќе биде изложена и во другите градови на Македонија, а понатаму имам планови да ја носам и во Белград, Загреб и Берлин. Инаку, се работи за трилогија, односно во 2021 планирам да ги работам и другите два дела насловени vitro. и vulgus. кои ќе се бават со слична тематика која истражува спој на минатото и сегашноста како и нивните идеологии, политики и дискурси. Конкретно во vitro. планирам да се фокусирам на политиките на секојдневното движење со фокус на танц и движење, додека во vulgus. Ќе се посветам на естетиката на секојдневието. Секако, планирам понатаму да читам и да ги истражувам овие теми, а на пролет се надевам дека ќе ве поканам и на наредната изложба.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • October 26, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ
Локални поборници за работнички права: Интервју со Кристина Ампева
Најголем предизвик во моментов е немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ
Sandra ti priča: Интервју со Сандра Силаџев
Сандра Силаџев е  глумица и стенд ап комичарка која со портретирање на реалноста успева на сатиричен начин да ни ги долови социјалните и родови проблеми во нашето општество.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Сексуалната работа е работа: Интервју со Лила Милиќ од STAR-STAR
Утре ќе бидеме на Марш на Црвениот чадор, по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички и работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram