Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.

фотографија: Небојша Гелевски 

Јана Бауер (1975, Љубљана) е една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели. Дипломира драматургија на Академијата за драмски уметности во Љубљана, а работи како уредничка и преведувачка во издавачката куќа Содобност. Пишува драми, книги за деца, преведува од англиски јазик и има приредено неколку антологии на кратка проза. Нејзините дела се преведени на десетина јазици и се наградени со некои од позначајните награди за детска литература. Во 2020-та година ја доби главната награда на книжевниот фестивал „Друга приказна“ за Грозовила и страшната шума, со цртежи од англиската уметница Керолјан Тау, а неодамна е објавено и продолжението на оваа книга, Грозовила и дивата зима. И двете книги се достапни на македонски, во превод на Лидија Димковска, во едицијата Бајче, на издавачката куќа Артконект.

Во разговор со Лени Фрчоска за Медуза, Бауер зборуваше за важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност…

 

Првото прашање ќе биде очекувано прашање, но како ти се случи грозовилата? Арогантна и лута, но зад таа камуфлажа во суштината мека, грижлива и длабоко емпатична. Како дојде до таквиот склоп на спротивставености? Како ти се случи Грозовилата?

 

 

Се започна една вечер кога го заспивав својот, тогаш, скоро тригодишен син. Тој пееше „грозовила, грозовила“ што на словенечки не е вистински збор. Туку има две значења – грозна/страшна и вила што значи мала самовила, но и вилушка. Ми се допадна името како некаков антипод. Страшно и убаво. Го прашав „Дали си го прочитал ова во градинка“ ми рече „Не“. Проверив во словенечкиот фолклор и навистина немаше таков лик. За авторските права му платив со голема кутија „лего“. Од тоа име создадов лик. И се запрашав себеси каков карактер има една страшна самовила. И така почнав да ја пишувам приказната. Во секој од нас има по малку „страшна самовила“, лоша и добра во исто време.

 

Она што е особено битно кај ликот на Грозовилата е тоа што таа во Страшната шума се појавува како туѓинка, како нов лик. Шумата има свои правила, функционира како систем кој е однапред регулиран. Грозовилата е Другиот во тој систем, но интересно, таа не се обидува да се вклопи. Кога лик, особено во детската книжевност, влегува во нов систем, тој прави напор да стане дел од групата, но неа тоа не ја интересира, не се обидува да припадне, нема потреба да се допадне. Дали тој аспект на нејзината личност ти беше битен?

 

 

Понекогаш треба да направиме напор да преминеме некои граници, дури и ако се впишани во законот, но не се суштински добри за групата. Групата, односно, во овој случај жителите на Страшната шума се некако спори и заспани, рутинизирани во своите животи. Ним таа им треба токму таква. Да направи нешто кое им се чини невозможно. Таа на тој начин носи живот во шумата, и ги учи многу работи, на пример, дека извесни различности треба да бидат прифатени и инкорпорирани. Внесува некаков тип, да кажеме, мултикултурност во шумата. Таа сето тоа го носи со своето однесување. Не велам дека постојано е во право. Мислам дека за некои нешта треба да им се извини, но секако таа иницира нешто важно кај нив.

 

Каква идеолошка порака една книга за деца треба да им пренесува на младите читатели?

 

 

 

Мислам дека на детето треба да му се даде комплесен, полнокрвен карактер, затоа што, животот не е црно-бел.  Навистина ја мразам тенденцијата ликовите за деца да бидат само добри, убави и воспитани. Мислам дека треба да им дадеме различности. Добрите книги, оние детски книги кои јас ги сакам се со полнокрвни ликови кои прават добро и лошо и повторно добро. И растат и се менуваат. Добрата книжевност произлегува од вистинскиот живот и тоа треба да им се даде на децата.

Децата, конечно, полесно се идентификуваат со карактер кој им е близок, кој не е потполно добар. Кој, на пример, повремено пцуе, бидејќи и децата пцујат. Но, на крајот мораме овој карактер да го префрлиме на другата страна. Да им понудиме решение. Како да се биде со другите, како да се живее со другите, како своите слабости да ги инкорпорираат во животот. Како и грозовилата која на крајот се вклопи во заедницата и која тие исто така ја прифатија. Тие мораа да учат и таа мораше да учи и на тој начин се променија едни со други.

Јас кога пишувам книга не мислам на политички прашања, сакам да раскажам добра приказна, која потоа сама по себе веројатно пренесува некаква порака во однос на светот во приказната. Кога би мислела на самиот почеток што сакам да напишам, која е мојата политичка позиција и што приказната треба да каже, мислам дека не би успеала да напишам збор. Јас одам со приказната.

Во една прилика, со оглед на тоа што Грозовилата е објавена во 2011-та година, една новинарка во Полска ме праша како сум знаела дека ќе се случи големата мигрантска криза. Јас бев збунета, но таа потоа ми рече дека Грозовилата е мигрантка која потоа е прифатена во Страшната шума. А потоа во 2015 се случи големиот мигрантски бран во Европа. Во една добра книга секој ќе најде нешто.

Знаете, Страшната шума е како една голема трпеза, на која има секогаш еден слободен стол за некој кој можеби ќе сака да седне. Веројатно со таа идеја и ја напишав таа книга. Мултикултурализмот е многу битен во светот денес.

Неолибералниот капитализам ја има тенденцијата да се шири и делумно да ги инкорпорира формите на отпор, со што тие го губат потенцијалот за промена и отпор. Каде е детската книжевност во нелибералниот капитализам и дали успева сè уште да го задржи потенцијалот за преиспитување и отпор?

 

 

Мислам дека дека помладата генерација е единствена која е способна да се спротивстави. Кога сме мали сме почисти, поотворено го промислуваме светот, без целосно да ги прифатиме правилата. И секако, читајќи ги вистинските книги, бидејќи книгата е моќно оружје за подоцна кога сме возрасни да ги правиме вистинските нешта. Тоа многу зависи од тоа што читаме и кои идеи ги следиме. Затоа некои книги многу често низ историјата биле забранувани.

 

Мој омилен дел од книгата е приказната со волкот. Очигледна е некоја референца на Црвенкапа која и директно е спомената во романот. Но, тука станува збор за потполно различен волк кој игра поинаква улога.

 

 

 

Овој волк за мене ја претставува слободата. Често кога го живееме животот се чувствуваме затворено. Дури и кога сме среќни со животот кој го живееме замислуваме како би било кога би направиле нешто поинаку, би биле со некој друг, би отишле на друго место. Овој волк ја симболизира таа слобода. И конечно на крајот мислам дека треба да останеме во својот живот. Ако скокаме од едно во друго па во трето место, на крајот ќе бидеме разочарани. Можеби Грозовилата би можела да живее и да остане со волкот. Но сфаќа дека не сака да го направи тоа. Тоа е кратка епизода на бегство.

 

Значи мислите дека треба да остане во својот живот? Но што ако навистина сака да отиде со волкот?

 

 

Кога навистина би сакала да отиде со волкот мислам дека би отишла. Но она што навистина го сакаше беше да остане, но ѝ недостасуваше авантура. И конечно, на крајот, самата си создаде авантура и живот во кој е повторно среќна.

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • September 8, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Кристина Ивановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram