Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.

Пред некој ден актерот Сашо Тасевски повторно одлучи да ги сподели своите конзервативни мислења околу улогата на жените, министерката за образование Мила Царовска и не толку субтилно ја обвини ЛГБТИ заедницата за тоа што жените денес наводно не знаеле како да прават грав и летна манџа. Се работи за следниов Фејсбук статус:

 

 

 

 

Во овој статус има повеќе слоеви на мизогинија, хомофобија и трансфобија што ќе помогне да се деконстуира статусот дел по дел. Но најпрво, би сакала да коментирам на изборот на сликата која ја користи Тасевски. Ова не е фотографија од овогодинешниот Прајд (односно Парадата на Гордоста), туку од првиот Прајд што се одржа во Скопје во 2019, така што ова не е актуелна фотографија од Царовска. Тасевски ја постира оваа слика заедно со статус во кој зборува за неговите стравови дека жените во блиска иднина нема веќе да готват и нема да раѓаат – односно за него најверојатно нема веќе да бидат „жени“ – за да имплицира дека овие наводни нови трендови кај жените се последица на поголемата прифатеност на ЛГБТ заедницата и нејзиното „парадирање“ и за тоа е крива Царовска.

Во мојот претходен напис за Медуза пишував за модернизираната хомофобија на Сашо Тасевски по неговата дебата со Ирена Цветковиќ, извршната директорка на Коалиција Маргини. Во овој напис објаснив дека Тасевски во дебатата не користеше хомофобични или трансфобични погрдни зборови, туку дека неговата хомо/би/трансфобија беше имплицитна со тоа што тој ја користеше сликата на традиционалниот дом како доменот на патријархалната приватна сфера која е под закана од родово сензитивниот образовниот систем.

„Она што не го сакам, во што гледам тоталитарни тенденции е кога некој со свои агенди, со свои планови, сака да ми влезе дома преку образовниот систем, преку она што децата треба да го учат,“ рече Тасевски во дебатата. Во овој популарен Фејсбук статус, Тасевски користи речиси исти техники како што користеше во дебатата со Цветковиќ и повторно го нападна образовниот систем и министерката Царовска како тие кои ја менуваат традиционалната улога на жената и со тоа го загрозуваат патријархалното семејство. Да почнеме со првата реченица од овој статус:

Мила ќе ги учела девојчињата уште во основно школо да бидат лидери.

Сексизмот на оваа реченица е повеќе од очигледен: Тасевски истовремено се зафркава со фактот дека Царовска има позиција на моќ (односно дека е лидерка) и се исмева на можноста девојчињата да научат на училиште да бидат лидери. Колку смешно: замисли мало девојче да ја има лудата идеја дека може да стане нешто што повеќе од сопруга и мајка! Изгледа на Тасевски повторно му смета идејата прогресивното образование да му „влегува во домот“.

Грав и летна манџа што нема да знаат да направат не е важно. Никој не јаде денес. Тоа е демоде.

Овој дел од статусот е смешен, бидејќи Тасевски тука изразува голема лутина за проблем кој буквално не постои. Според Студија за Жените во Република Северна Македонија 2020/2021 направена од Friedrich Ebert Stifutung, 72,1% од жените во Македонија кои се во брак или живеат со партнери се во најголема мера одговорни за готвењето во домаќинството. Проблемот кој реално постои во македонското општество е нееднаквата распределба на трудот во домаќинствата, а не тоа што „модерните“ жени не знаат да готват.

Но, Тасевски не само што се разлутува дека жените наводно не знаеле да готват, туку со спомнувањето на гравот и летната манџа, тој користи специфични традионално македонски слики за да ја распали лутината на социјалните мрежи. Критиката на Тасевски не е само дека жените не знаат да готват, туку тој и имплицира дека бидејќи жените повеќе не знаат да ги готват овие традиционални јадења, се губи дел од македонската традиција. Така што, преку критика поврзана со родови улоги, Тасевски всушност смета дека ако се изгуби традиционалната (опресивна) улога на жената, има опасност да се изгуби и националниот идентитет кој според него е очигледно длабоко поврзан со патријархални вредности. Односно ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.

А машина за перење кој ќе ги научи да пуштат?
Или тоа не важно.

Повторно би се вратила на студијата направена од Friedrich Ebert Stifutung според која 90% од жените кои кои се во брак или живеат со партнери се во најголема мера одговорни за перењето во домаќинството. Така што, не мора да се грижиме за тоа дали девојчињата ќе научат да пуштаат машина за перење, бидејќи статистички мнозинството од нив знаат како да ја извршат оваа основна домашна обврска. Но, според овие статистики, можеби треба да бидеме загрижени за мажите кои или не сакаат или пак реално не знаат како да пуштат машина или пак да зготват нешто. Можеби овој системски родов проблем би можел да се реши преку образованието или и тоа би било влегување на одредени агенди во домот?

Зашто како идни лидери нема да имаат обврска да родат деца.
Оти кога си лидер, немаш обврски. Освен да лидеруваш на пешкир паради.
Има кој да раѓа. Момчињата да речеме.

Од прилика, овде овој статус престанува да ми биде смешен бидејќи не е веќе само хистеричен испад на конзервативец, туку експлицитно застапува опасна конзервативна идеологија. Овде Тасевски кажува што мисли дека треба да биде улогата на жената во нашето општеството, додекадиректно ја омаловажува ЛГБТИ заедницата. Тасевски вели дека ако на жените им е дадено шанса да бидат еднакви социо-политички актери во општеството, тоа автоматски ќе значи дека тие нема да имаат деца. Прво, ова не е точно (на пример, министерката Царовска има дете). Но многу пострашно од оваа импликација е што Тасевски очигледно смета дека жените имаат обврска да раѓаат деца. Не само што Тасевски креира дихотомија каде една жена или може да биде лидерка без деца која турка некакви малициозни агенди или примерна мајка-домаќинка, туку тој ги сведува жените на машини за раѓање деца, а не целосни личности кои може да носат свесни одлуки за нивните животи и тела. Исто така, Тасевски целосно ги исклучува цис-родовите жени (жени чии родови идентитети одговараат на нивниот пол доделен при раѓање) кои од медицински причини не би можеле да родат деца или пак жени/родители кои одлучуваат да посвојат деца наместо да ги родат.

Секако, Тасевски не ги зема предвид трансродовите жени — жени на кои им бил доделен различен пол при раѓање, но живеат, се идентификуваат и се идентификувани како жени — кои (за сега) не можат да раѓаат деца, а сепак се жени. Во овој дел од статусот Тасевски вистински кажува кој ја „корумпира“ улогата на жената со тоа што прво ја омаловажува министерката што воопшто отишла на Прајд парадата — како ЛГБТИ заедницата да не го заслужува вниманието на македонските политичари. Односно, Тасевски имплицира дека „ЛГБТИ пропагандата“ (термин кој тој го користи во дебатата со Цветковиќ) го одзема вниманието на девојчињата и жените кои се стремат да станат лидерки и кои би оделе на паради како политички актери неместо да седат дома и да раѓаат деца. И повторно Тасевски се враќа на неговата иницијална сексистичка логика: ако жените станат „лидерки“ автоматски не можат да бидат и мајки.

И секако мора да се спомне очигледната трансфобија во речениците: „Има кој да раѓа. Момчињата да речеме.“ Тука Тасевски зборува за дел од трансродовите мажи кои би можеле да родат деца бидејќи имаат репродуктивни органи соодветни за таа фунција. Едноставно e факт дека некои транс мажи ја носат оваа одлука и имаат свои биолошки деца. Трансфобијата на Тасевски се состои во тоа што тој ја исмева можноста да транс мажи имаат свои деца и со ова повторно сака да каже дека „нормалното“ мислење е дека само жени може да раѓаат и ако (цис) жените уште малку повеќе се еманципираат, наеднаш само мажи ќе раѓаат деца и тоа е некако страшно.

Мила, душо, го знаеш патот за Бардовци?
Ако не го знаеш пушти џи по ес. Нема утка.
Ќе те пречекаат фино. Кажано им е. Имаш посебен апартман со посебен третман. Во делот кај лидерките. Први сосетки ти се Јованка Броз, Џеки Кенеди и Ејми Вајнхаус.

Не мора да ја поддржувате Мила Царовска, ниту пак нејзините политики, за да сфатите колку е сексистички крајот на овој пост. Тасевски не само што ги омаловажува луѓето со психички проблеми и ментални болести — кои често се веќе длабоко стигматизирани и маргинализирани во нашето општество — туку многу јасно кажува дека мисли дека Царовска е „луда“ бидејќи поддржува ЛГБТИ права и дека само „луди“ луѓе би поддржувале работи како транс мажи да раѓаат деца. Тасевски не само што ја навредува Царовска, туку и имплицира дека било која жена која би сакала да стане лидерка, а не само сопруга и мајка е „луда“.

Неколку саати после овој Фејсбук статус, Тасевски напиша уште неколку каде што објасни дека тој наводно не мислел дека мажите не требало да знаат да готват и дека дури и тој знаел да готви. Тој исто така напиша: „кога ме читате не сфаќајте сѐ буквално, освен ако покрај тоа што сте згрешени сте и глупи.“ Значи Тасевски се зафркавал, ама ние жените премногу сериозно сме го сфатиле и сме глупи? Во ред, разбрано.

Јас не верувам во неговите објаснувања но ако некој го разбрал, слободно нека ми објасни што е толку смешно кога се омаловажуваат жените и ЛГБТИ заедницата од страна на актер со 20 илјади+ следачи на Фејсбук.

Нормално дека е во ред ако жените сакаат да бидат мајкi и сопругi, никој не го оспорува овој избор и тој често е и претставен како единствениот легитимен избор кој може да го направи една жена. Но, ако една жена реши да стане мајка тоа треба да е вистински избор на жената, а не едниствената опција во животот што ја прави вредна во очите на општеството. До некаде се сложувам со Тасевски: да, жените треба да знаат да готват и да пуштаат машина за перење. Но, тоа треба да го знаат и мажите, бидејќи ова се основни животни вештини кои му се потребни секому, а не нешто што „биолошки“ им припаѓа на жените.

Јас, лично, обожавам да готвам и сметам дека одлично го правам тоа, ама не знам да правам грав и летна манџа. Дали ова е последица на „ЛГБТИ пропаганда“ и двете скопски паради на гордоста? Дали тоа што често готвам индиска и мексичка храна допринесува до уништувањето на македонското традиционално семејство? Чекам Сашо Тасевски да ми мажојасни како да си го променам однесувањето за да случајно не станам и јас некаква „луда“ лидерка.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • July 19, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram