Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.

Веројатно помина цела недела од веста за сексуалното насилство која допатува од Србија, внимателно оркестрирано од страна на познатиот учител по глума Мирослав Алексиќ. Пријавата за силување од Милена Радуловиќ, која беше проследена со уште 20тина пријави, а резултираше со притвор, ме потресе до коски. Истовремено, се воодушевив од храброста на девојките да ја водат оваа битка во јавноста, но не бев изненадена од појавата на групата на Фејсбук „Нисам тражила“, каде стотици сведоштва на сексуално насилство и вознемирување се споделуваат секојдневно.

Сепак, иако секојдневно ги следам разврските по прашањето во регионот и локалната (скромна) дебата на темата, ми требаше доста време да се соземам и да седнам да го пишувам овој текст. Вистината е дека, се најдов во состојба на потполна разочараност и чувство на безнадежност, поттикнато од стравот дека уште 50 години ќе дебатираме кога е „вистинско“ време за пријава на сексуално насилство (а наивната јас, мислев дека со #сегакажувам направивме барем мало поместување на темата), како треба да изгледа/се однесува една жртва, во каков однос била со предаторот и други слични спинови на насилство.

Дополнително, се чувствував обехрабрено и разочарано од фактот што мои блиски луѓе беа исто така жртви на насилство, но не можат да се одважат да го пријават истото. Моето чувство на немоќ е дополнително засилено од бројните приватни пораки кои Медуза ги добива, во најголем број од помлади девојки, кои биле жртви на сексуално насилство, најчесто од партнер, другар, фамилијарен пријател или роднина. Некои од нив имаат кажано дома, некои не, но ниедна од жртвите со кои комуницирам нема пријавено во полиција. Повеќето од нив или се плашат да пријават заради можните последици, или сметаат дека маката, траумата и можната двојна виктимизација ќе бидат залудни. Колку и да сакам да настојувам за пријавување на сексуално насилство, не ги обвинувам. Напротив, целосно ги разбирам. Институциите ни праќаат недвосмислена порака дека нашите трауми поврзани со сексуално насилство и вознемирување се наважни, непостоечки и невидливи. Затоа, воопшто не ме изненадува кога ни се обраќаат девојките со нивните искуства од овој домен, само колку да ја раскажат својата приказна и да наидат на некој од другата страна кој ќе ја уважи траумата за тоа што е, наместо да поведат правна постапка и да се изложат на уште болка и осуда.

Овие чувства на немоќ и тага, сега се заменети со чувства на сиров гнев, кој после една година повторно ми го поткопа криминалната група Јавна соба, која и покрај бројните пријави, и од индивидуалци и од организации, продолжува да цвета и уништува животи. Наспроти иницијалното внимание кое беше посветено на овој случај лани (од Бирото за јавна безбедност беше јавено дека веднаш е започната истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група), а беа и понудени сервиси за помош на жртвите, денес ситуацијата е друга. Случајот е заглавен во Јавно обвителство, а на новите жртви во станица често им се вели дека веќе постојат и други вакви групи, и практично, нема што да се направи. Тоа не е вистина:

 

Оној кој ќе објави приватни видеа на интернет со порнографска содржина, може да одговара за кривичното дело „Злоупотреба на лични податоци” член 149 од Кривичниот законик, за кој е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Доколку на видеата има прикажано малолетник, сторителот кој ја произвел детската порнографија со цел нејзина диструбуција, или ја пренел или ја нудел преку компјутерски систем ќе одговара за „Производство и диструбуција на детска порнографијa” член 193-а став 3 од Кривичниот законик за кој е превидена казна затвор од најмалку осум години.“

 

Секако, ова што го споделувам не е сјајно. Полнолетна жртва во ваков случај, не е само жртва на злоупотреба на лични податоци, туку е жртва на онлајн сексуално вознемирување, кое сè уште не е соодветно регулирано во Кривичниот законик. Кога зборуваме за системски заложби, ова е еден аспект на кој треба особено да се обрне внимание доколку сакаме, како општество, да ги заштитиме девојките и жените од ваков тип на насилство во иднина. Со таков проблем се соочи Ана – девојката која е една од жртвите на Јавна соба, која се обрати преку видео. Ана пријавила дека нејзина слика од Инстаграм е споделена и злоупотребена на групата, но во станица и било кажано бидејќи не е малолетна, нема што да се направи.

Во меѓувреме, го следиме случајот со Џудо тренерот, кој е обвинет за сексуално злоставување од страна на три малолетнички, членови на Џудо клубот од Прилеп, кој веројатно користел слични „учителски“ методи како Алексиќ од соседна Србија, за гаење на атмосфера во која е речиси невозможно за една жртва да истапи и пријави. Иако во овој случај имаме жртви кои навидум ќе бидат полесно „прифатени“ како жртви од јавноста (имено бидејќи се малотени), мажот на интернетот повторно ќе најде начин да ја дискредитира реалноста на преживеаната, овој пат, прашувајќи се зошто не пријавиле порано, како само на неколку од нив им се случило насилство (небаре предаторите силуваат сè што мрда), и дали можеби тие го „завеле“ својот тренер.

 

 

 

Одбраната на тренерот вели дека целата истрага се темели само врз сведочења на девојчињата, а материјални докази нема, па затоа тој не е уверен во веродостојноста на случајот. Ова е доста очекувана и стандардна одбрана за еден ваков случај, но тоа што ми прободе очи мене е „апелот“ кон јавноста од страна на адвокатот да не се избрзува со пресуди и да се почитува презумпцијата за невиност.

Ова можеби звучи здраворазумно, но не е. Да не се лажеме, живееме во систем кој одобрува и поттикнува насилство и ги заштитува предаторите, не жртвите. Истиот тој систем активно ги обесхрабрува жртвите да бараат заштита и да пријават насилство. Баш поради тоа, сведоштвата на жртвите треба и мора да се сфаќаат сериозно, а јавноста (и пред сè медиумите) да застанат недвосмислено на нивна страна, без приказни и спинови за лажно пријавување или претставување на насилниците како семејни и не знам какви луѓе, кои едноставно не би можеле да бидат предатори.

Сите овие случаи, како и овој бран на сведоштва, треба да нè научат, како општество, да ја напуштиме идејата дека сексуалните предатори се некои монструми кои се кријат во грмушки и темни сокаци, туку конечно да ја видиме и прифатиме реалноста за тоа што навистина е. Предаторите функционираат и оперираат во сите слоеви на нашиот живот. Тие може да се наши блиски луѓе, роднини, партнери, другари, работодавци, колеги, функционери, учители, тренери, и најчесто ја користат својата општествена надмоќ, за да воспостават контрола врз жртвата. Треба општествено да ја прифатиме идејата дека сексуалното насилство не е нешто што се случува некаде далеку, туку е буквално застапено во сите сегменти на нашето живеење. Конечно, треба да прифатиме дека во реалноста, совршени жртви не постојат, како што и не постојат некаков си тип на девојки „кои си го барале“ и баш затоа, од особена важност е, во недостиг на јавна поддршка, да институциите јасно застанат на нивната страна.

Додека го пишувам ова, во постапка е новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој во линија со Истанбулската конвеција, треба да го олесни патот до правдата на жртвите и да ги опфати сите нијанси на сексуално насилство и вознемирување кои во претходиот закон не беа застапени.

Оваа информација, од непознати причини, ме потсети на последниот Марш за женски права по повод 8 март „Ти не си виновна“, кој беше посветен на жртвите на Јавна соба. Исто така се потсетив, дека Маршот беше посетен и поздравен од пратеници и функционери, кои наводно се залагаат за женските права. Доволно време живеам, постојам и работам во оваа средина за да знам колку е долг патот од „се залагаме„ до „правиме нешто“. Но, исто така, знам дека колку е подолг тој пат, толку е полесно да се заклучи дека институциите стануваат соучесници во кривично дело. Доколку случајот Јавна соба не добие институционална разрешница (читај кривична одговорност за предаторите) час поскоро, ќе биде многу лесно да се дојде до заклучок дека МВР и Јавно обвинителство одбиваат да ги заштитат жените од насилство.

До тој заклучок очигледно веќе стигнале илјадниците членови на јавните соби, кои под закрила на институциите кои спијат, продолжуваат да се разменуваат со наши фотографии како сликички и да стимулираат хајки против девојките кои ги пријавуваат, или феминистиките според кои „јавна соба е бедна група и слично“. Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците. Тие се на потег.

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • January 27, 2021
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ирена Цветковиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram