Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.

Речиси ми се слоши кога пред два дена на својот Фејсбук профил професорка од Орце Николов ја сподели информацијата дека постои затворена група на Телеграм со наслов „Јавна соба“, каде средношколци споделуваат и коментираат експлицитни фотографии и видеа од нивни врснички од земјата. Некои од сликите се преземени од отворени профили на девојчињата, но многу од нив биле пратени приватно, веројатно на интимни партнери, а потоа се нашле споделени во предаторската група „Јавна соба“, каде  членувале и возрасни мажи, а според најновите сознанија групата е првично создадена од 40 годишен маж. „Дел од тие фотографии се лажни, но се поврзуваат со конкретни имиња, така што девојчето – жртва нема можност да докаже дека таа не е всушност девојката на фотографијата“, напиша меѓу другото професорката која меѓу првите проговори за „Јавна соба“. Дополнително загрижува што за многу од девојчињата се споделени и лични податоци (име, презиме и место на живеење) што ја загрозува и нивната физичка безбедност.

Случајот доби многу внимание за кратко време, како медиумско, така и институционално. Од Бирото за јавна безбедност велат дека веднаш е започната истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група, а против прекршителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, исто така на Фејсбук, ги повика децата и родителите кои имаат потреба да побараат полош од центрите за социјална работа.

 

 

 

Брзата реакција на институциите е секако за поздрав, но со оглед на сериозноста и природата на проблемот, е далеку од доволна. Групата „Јавна соба“ веднаш почна да губи на членови откако информацијата се јави во јавност. Завчера администраторот соопшти дека групата се затвара и дека се отвора нова група со истата цел, за потоа да сфати дека поради начинот на кој функционира Телеграм нема можност да се затвори групата. Во моментот „Јавна соба“ сè уште оперира. Со оглед на тоа што нема можност да се избрише групата, повеќе од очигледно е дека проблемот треба да се решава на друг начин – со кривична одговорност на администраторите и членовите.

„Јавна соба“ е симптом на едно болно општество кое не презема соодветни чекори за да го именува, адресира и решава врсничкото и родово-базираното насилство, кое денес во голема мера се случува онлајн, а некогаш се јавува во вакви форми, односно порно за одмазда, „creep shots“, уцени со експлицитни фотографии и видеа, итн.

Воопшто не ме изненадува дека вината и во овој случај се префрла на жртвите, па изјави од типот „Што барала да се слика гола“ има на претек на социјалните мрежи. Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини изјави дека според нејзиното искуство од работа на оваа тематика во средни и основни школи, над 90% од младите за овие постапки ги обвинуваат девојките кои се сликале, а голем дел сметаат дека жртвите всушност не се жртви туку уживаат во „славата“.

 

 

 

Но и многу навидум безопасни коментари и совети како „Девојчињата треба да внимаваат што објавуваат и праќаат„ не одат во насока на решавање на проблемот, туку исто така ја префрлаат вината кај жртвите. Повеќе од јасно е дека е потребно сеопфатно, сексуално образование во Македонија и тоа потребно е веднаш. Сеопфатното сексуално образование, доколку е спроведено правилно, би им помогнало на младите да ја разберат и прифатат својата сексуалност, своето тело, би ги охрабрило и поттикнало да се почитуваат себеси и другиот, и би ги научило како да бидат внимателни во изборот на интимните партнери, и секако во содржините кои ги споделуваат на социјалните мрежи, а кои би можеле да бидат злоупотребени. Меѓутоа, сè додека се фокусираме на фотографиите на девојчињата (на зошто, кому и како ги праќале, што си мислеле и слично) стануваме дел од ланецот на ревиктимизација, кој секогаш се фокусира на жртвата, а никогаш на сторителот.

Во „Јавна соба“ членувале над 7000 млади и возрасни мажи, чиј фетиш очигледно не се експлицитни фотографии од девојчиња, туку „неодобрени“ фотографии кои се споделуваат без согласност, во една тајна, крајно криперска средина, каде родово базираната омраза не е само присутна, туку поттикната, а тоа е повеќе од очигледно доколку ги прочитате коментарите на фотографиите во групата.

 

 

Луѓето кои се членови на овие групи, имаат типична психологија на сексуални предатори, кои жените и женските тела ги гледаат како расположливи предмети, кои немаат никаква моќ, авторитет, право на приватност, ниту сопствена сексуалност. Со други зборови, случајот „Јавна соба“ е далеку посериозен од само споделување на фотографии и баш поради тоа нема да се реши бришење на групата и со бришење на секоја следна група која ќе се појави (иако дури и тоа се испоставува како невозможно). Ова е проблем на сексуално и родово-базирано вознемирување и насилство, чии корени се наоѓаат во родовите стереотипи, ревиктимизацијата, неказнувањето на сексуалните насилници и предатори и ред други општествени „традиции“ кои мора да се решаваат сеопфатно во сите надлежни институции, во семејствата и секако училиштата.

Не можеме да ги заштитиме девојчињата, доколку ова го гледаме како изолиран случај или како интернет феномен. Брзо решение нема. Но за почеток, може да ги учиме момчињата дека женските тела не постојат за нивна забава и задоволство. Можеме да ги учиме младите за сексуалноста, наместо да го игнорираме фактот дека се сексуални битија. Можеме да ги учиме момчињата дека кога ќе добијат фотографија од девојка, не смеат да ја споделуваат со своите другари. Можеме да ги учиме младите дека родово-базираното и сексуалното вознемирување и насилство во оваа држава се казниви. Конечно, можеме да ги разбереме девојчињата наместо да ги осудуваме, бидејќи повеќето од нас испратиле барем една експлицитна фотографија во животот и не очекуваме дека ќе се најдеме на група како „Јавна соба“.

Размената, споделувањето и објавувањето на интимни фотографии и видеа од девојки и жени без нивна согласност е проблем со кој се соочуваат многу жени. Овој феномен зема замав токму поради фактот што женската сексуалност е крајно табуизирана, па некој може да ве уценува со една фотографија во долен веш. Колку и да звучи банално, реалноста е дека во една таква ситуација, ви се заканува можност да ја загубите работата, пријателите, почитта, статусот, итн., а насилникот ретко кога ќе биде казнет.

На ова додадете го фактот дека во случајот „Јавна соба“ се работи за малолетни и/или млади девојки, многу од нив изложени со име и презиме, а понекогаш и фотографија каде им се гледа ликот, па можете да замислите како тие се чувствуваат во овој момент. Затоа, во овој момент да им бидеме поддршка на жртвите на секој можен начин, а случајот „Јавна соба“ што побрзо да се разреши институционално. Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • January 27, 2020
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram