Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.

Деновиве многумина од нас беа згрозени од видеото кое проциркулира на социјалните мрежи во кое две млади момчиња тепаат девојка која ги моли да престанат, ветувајќи им дека нема да кажува никому за тоа дека е бремена (веројатно од некој од насилниците). Можеби најголемата иронија во целата таа приказна е што момчињата, чие насилничко однесување има за цел да ја заплаши и замолчи девојката, го снимаат целиот чин и се единствениот извор од каде подоцна “протекува” видеото. Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.

Ако ги погледнеме статистиките во нашата земја, слободно можеме да кажеме дека живееме во средина во која насилството врз жените е секојдневие. Бројките велат дека секоја четврта жена е жртва на физичко насилство, додека секоја втора на психичко. Меѓутоа, еден од главните проблеми е нормализацијата на насилството која е широко распространета во нашата земја, но и во целиот регион. Едно од поновите истражувања на ОБСЕ во земјава укажува на тоа дека најголем дел од жените сметаат дека насилството е вообичаена појава и дека семејното насилство е приватна работа, што ни укажува на ниското ниво на свесност и непрепознавање на насилството и неговите штетни и фатални последици. Но, колку и да се нормализира насилството односно колку и да се перцепира како прифатливо или заслужено во одредени ситуации, сепак во голем степен е табуизирано. Сè уште ретко кој од оние кои се згрозени од видеото се спремни да го лоцираат насилството како многу поширок општествен проблем, а уште помалку би се осмелиле да го пријават, бидејќи едноставно ,,не е нивна работа,,.

Во патријархално општество во какво живееме, во кое успешно опстојуваат традиционалните родови улоги, мажите сè уште во голема мера уживаат право да го контролираат однесувањето на жената во согласност со нејзината улога во општеството. Соодветно на тоа, уживаат и право да ги користат сите расположливи методи за нејзино дисциплинирање во случај таа да застрани од извршувањето на својата предодредена улога, бидејќи целта ги оправдува средствата. Истото тоа општество ни ги воспитува децата, во согласност со водечките религиозни и културни вредности. Според истражувањата на УНИЦЕФ, на глобално ниво, три од четири деца на возраст од 2 до 14 години биле изложени на некакво насилно дисциплинирање. Децата се воспитуваат со користење методи кои се потпираат на физичка сила или вербално заплашување за да се казни некое несакано, а да се поттикне посакувано однесување. Многу често таквите насилни методи се резултат на лутината и фрустрацијата на родителите или недостатокот на знаење за ненасилни практики. Оттука, сосема е вообичаена праксата на користење на насилство (физичко и/или психичко) за дисциплинирање и казнување на децата, што може да има големо влијание врз понатамошниот физички и емоционален развој на децата, како и за создавање на плодна основа за примена на насилничко однесување од страна на самите деца во подоцнежните години. Родителите имаат примарна социјализаторска улога во животот на децата и преку нив децата ја креираат првата претстава за општествените односи, норми и вредности. Родителите кои применуваат методи на насилство за дисциплинирање на своите деца, меѓутоа и родители кои поттикнуваат и/или одобруваат насилство, претставуваат сериозен фактор во создавање на магичниот круг на опстојување и постојано репродуцирање на насилството.

Дел од тој магичен круг се и институциите. И покрај тоа што веќе подолго време се работи на сензибилизирање на лицата кои треба да овозможат примарна заштита на жртвите, сè уште сме сведоци на несоодветен однос и непостапување, што дополнително ги обесхрабрува жртвите за наоѓање на излез од ситуацијата. Еден од најсериозните проблеми е токму непријавувањето на насилството, за што ни говори стапката на пријавување на насилство од страна на партнер која кај нас е околу 2%, бројка која е поразителна и е резултат на недовербата во институциите, неказнувањето на насилниците, но и стравот и срамот, па дури и непрепознавање на насилството од страна на самите жртви.

Најголемиот парадокс е што голем дел од луѓето кој го осудија насилството во видеото, повикуваа на одмазда кон насилниците и примена на истото тоа насилство како одговор. Повиците на одмазда беа упатени не само кон насилниците, туку и кон нивните сестри и мајки, што само нè врати назад во патријархалната матрица, каде женскиот род треба да е казнет, дури и кога мажот е тој кој е виновен. Лутината од насилството повторно резултираше во желба за насилство и повторно се вративме во магичниот круг. И како и секогаш се појавија со мислење и апологетите, “објективните” аналитичари, дежурните виктимизатори, кои ги бараа мотивите за насилството, како и можностите жртвата да го заслужила она што го добила.

Најголем дел од жените кои биле убиени во земјава биле убиени токму во нивниот дом и тоа најчесто од страна на партнер. Насилството, особено семејното, не е традиција. Не е приватна работа. Не е од другата страна на ѕидот. Насилството е страв, болка, траума, а неретко и убиство. Затоа ни е потребно целосно расклопување на патријархалната матрица и преиспитување на значењето на традиционалните општествени норми, особено на оние кои имаат штетни, а неретко и фатални последици врз одредени припадници/чки на општеството. Ако некои останати традиционални вредности во едно општество се штетни по егзистенцијата на голем дел од своите членови, тогаш треба серизоно да размислиме за нивна промена, бидејќи традицијата не е слово исклесано во камен. Општеството ќе продолжи да постои и без традиционални вредности. Сè додека безусловно негуваме вредности со цел да ја зачуваме врската со некое (денеска) нерелевантно минато, забораваме на сите оние кои се нивни жртви во сегашноста.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • April 4, 2020
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Матеј Тројачанец
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram