Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Џоан Дидион: За самопочитта
„Карактерот - подготвеноста да се преземе одговорност за сопствениот живот - е местото од каде што извира самопочитта.“

Текстот е преведен од Марина Туфекчиевска и оргинално објавен на Окно.

 

 

Еднаш, за време на сушната сезона, на две страници од една тетратка со големи букви напишав дека невиноста завршува кога човек ќе се ослободи од заблудата дека си се допаѓа самиот себеси. Иако сега, неколку години подоцна, со чудење забележувам дека умот во толкава мера си е сам себеси јасен што сепак требало педантно да го забележи секој свој трепет, со засрамувачка јасност се сеќавам на вкусот на таа пепел. Се работеше за привремено изгубена самопочит.

Не бев примена во Фи Бета Капа[1]. Овој неуспех тешко дека можеше да биде уште попредвидлив или помалку сигурен (едноставно ги немав потребните оценки), но ме изнервира; на некој начин, се сметав себеси за некаков академски Раскољников, на чудесен начин ослободен од причинско-последичните врски што ги кочеа другите. Иако ситуацијата мораше да има исто толку трагично значење како неуспехот на Скот Фицџералд да стане претседател на клубот Принстон Триангл[2], денот кога не бев примена во Фи Бета Капа означи крај на нешто, а невиност може да биде зборот што го објаснува тоа нешто.

Го изгубив убедувањето дека секогаш ќе ме чекаат зелени светла, пријатната увереност дека прилично пасивните доблести кои ми обезбедуваа прифаќање како дете ќе ми гарантираат не само клучеви за влез во Фи Бета Капа, туку и среќа, чест и љубов од добар човек (по можност комбинација на Хемфри Богарт во „Казабланка“ и еден од Муркисонови[3]); изгубив одредена потресна верба во тотемската моќ на добрите манири, чистата коса и достигнувањата прикажани на скалата Стенфорд-Бајн[4]. Мојата самопочит висеше на толку несигурни конци, и тој ден се затекнав себеси во состојба на чудење, како личност која налетала на вампир, а не понела со себе венец од лук.

Иако оддалечувањето од самиот себе е во најдобар случај непријатно, како обидот да поминеш граница со позајмени документи, тоа сега ми се чини дека е единствениот неопходен услов за почеток на вистинската самопочит. Меѓу сите наши секојдневни површности, самозалажувањето е најтешката од сите заблуди. Шармот кој може да помине добро во справувањето со другите, не вреди ништо во таа поразително добро осветлена „мрачна улица“ во која некој се среќава со себеси: нема да запалат никакви победнички насмевки, никакви симпатично срочени листи со добри намери. Со очајничка агилност на коцкар кој гледа дека Бет Мастерсон[5] се подготвува да се приклучи во зделката, личноста повремено, но залудно ги меша своите обележани карти – што претставува љубезност направена од погрешна причина, очигледен триумф кој не барал никаков вистински напор. навидум херојски чин со кој некој е посрамотен.

Мрачен е фактот дека самопочитта нема никаква врска со одобрувањето од страна на другите – кое, на крајот на краиштата, е лесно да се измами; дека нема никаква врска со угледот – без кој, како што Рет Батлер ѝ кажа на Скарлет О’Хара[6], луѓето со храброст можат понатаму.

Да се живее без самопочит, од друга страна, значи да се биде публика на самиот себеси, во видео запис без крај кој ги бележи маните, вистинските и измислените, со секогаш свеж материјал кој се вметнува во секоја екранизација. Ете ја чашата која си ја скршил при бес, ете ја повреденоста на ликот на лицето Х; гледај сега, еве ја следната сцена, ноќта кога Y се враќа во Хјустон, да видиме како тоа ќе го зафркнеш. Да се живее без самопочит значи да се лежи буден некоја ноќ, без топло млеко или фенобарбитал[7] на дофат, поспаните раце на прекривката, броејќи сторени и пропуштени гревови, изневерена доверба, суптилно прекршени ветувања, подароци неповратно изгубени поради мрзеливост или кукавичлук, или невнимание. Колку долго и да одложуваме, во одреден момент легнуваме во тој крајно неудобен кревет кој сами себеси сме си го направиле. Дали спиеме или не зависи, секако, од тоа дали се почитуваме себеси.

Да се зборува со негодување за тоа дека некои прилично неверојатни луѓе, луѓе кои нема шанси да се почитуваат себеси, се чини дека лесно заспиваат, е целосно промашување на поентата, исто како и луѓето кои мислат дека самопочитта мора да има врска со надраснувањето на пелените . Постои суеверие според кое „самопочитта“ е некаков чин против змиите, нешто што ги штити оние кои го сочувале во некој свој недопрен Едем од чудни кревети, амбивалентни разговори и воопшто, неволји. Тоа воопшто не е така. Тоа нема никаква врска со состојбата на нештата, туку се однесува на сосема засебен мир, лично помирување. Иако невнимателниот, самоубиствен Џулијан Инглиш во „Средбата со Самара“ и невнимателната, неизлечиво нечесна Џордан Бејкер во „Големиот Гетсби“ изгледаат како подеднакво неверојатни кандидати за самопочит, Џордан Бејкер го има тоа, додека Џулијан Инглиш не. Со тој талент за прилагодување што почесто можеме да го сретнеме кај жените отколку кај мажите, Џордан стана свесна за себе, го среди својот мир, избегнувајќи ги заканите: „Мразам невнимателни луѓе“, му рече на Ник Каравеј. „За несреќа се потребни двајца“.

Како Џордан Бејкер, луѓето со самопочит имаат храброст да прават грешки. Тие ја знаат цената на нештата. Доколку решат да направат измама, не трчаат да добијат прошка од оштетената страна при напад на совеста, ниту неоправдано се жалат на неправда, на незаслужена посрамотеност која произлегува од тоа што се жигосани како прељубници. Доколку решат да ја остават својата работа настрана – да речеме дека станува збор за подготовка на сценарио – за да седат во бар во Алгонкин,[8] не се прашуваат огорчено, зошто Хакетите[9], а не тие, ја поставиле Ана Франк.
Накратко, луѓето со самопочит покажуваат одредена чувствителност, еден вид морален нерв; тие го покажуваат она што некогаш се нарекуваше карактер, особина која, иако начелно ја одобрувам, понекогаш паѓа пред некои понепосредни доблести. Мерката за неговиот неостварлив престиж е во тоа што личноста настојува да мисли за себеси само споредувајќи се со простаци или сенатори од Соединетите Држави кои биле поразени, по можност уште во првиот круг за реизбор. Сепак, карактерот – подготвеноста да се преземе одговорност за сопствениот живот – е местото од каде што извира самопочитта.

Самопочитта е нешто за кое нашите баби и дедовци знаеле сѝ, без разлика дали го имале или не. Имале одредена дисциплина втисната во себе, млади, и чувство дека човекот живее правејќи работи кои не сака особено да ги прави, оставајќи ги стравовите и сомнежите на страна, споредувајќи ги непосредните удобности со можностите за поголеми, дури и нематеријални утехи. За околностите на светот од деветнаесеттиот век, чинот на Кинезот Гордон[10], кој облекол бел костум и го повел Картум против махдистичките бунтовници[11], бил восхитувачки, но бил вреден за поголемо внимание; тоа што патот до слободна Калифорнија вклучувало смрт и тешкотии и нечистотија не изгледало неправедно. Во дневникот што го водела зимата 1846 година, дванаесетгодишната емигрантка Нарциса Корнвол рамнодушно забележала: „Татко ми беше зафатен со читање и не забележа дека во куќата се собираат чудни Индијанци додека мајка ми не проговори скоро ништо за тоа“. Секој, дури и немајќи точна претстава за она што го кажала мајката, тешко дека би останал неизненаден од целата случка: таткото чита, Индијанците се тука, мајката бира зборови кои никого не би го возбудиле, детето соодветно го забележува настанот наведувајќи малку подоцна дека тие Индијци, „за наша среќа“, не биле непријателски расположени. Индијците едноставно биле само “податок” во тоа време.

Во една или друга форма, Индијците секогаш се тоа. Повторно, станува збор за признавање на тоа дека сè што е вредно има своја цена. Луѓето кои се почитуваат себеси се подготвени да го прифатат ризикот дека Индијанците можеби ќе бидат непријателски настроени, дека потфатот ќе пропадне, дека ќе се испостави дека врската нема да биде од оние во кои секој ден е празник затоа што си во брак со мене. Тие се подготвени да заложат нешто од себе; тие можеби никогаш нема да се коцкаат, но ако го сторат тоа, ќе ги знаат своите шанси.

Тој вид на самомпочит е вештина, навика на умот која никогаш не може да се одглуми, но затоа пак може да се развива, да се увежбува, однапред утврдена. Во една прилика ми беше предложено, за да го поттиснам плачењето, да ја ставам главата во хартиена кеса. Се испостави дека за тоа постои здраворазумска физиолошка причина, нешто што се однесува на кислородот, но самиот психолошки ефект е немерлив: незамисливо е тешко да се замислите себеси како Кети од „Оркански височини“ која нурка со главата во некаква ќеса. Слично е и со сите тие мали постапки, неважни сами по себе; замислете да одржувате некаква состојба на несвест, несвесност за сочувство или несвесност на телото, под ладен туш.
Но, овие мали постапки се вредни само до степен до кој ги претставуваат поголемите постапки. Да се каже дека Ватерло бил освоен на терените за играње на Итон, не значи дека Наполеон можел да биде спасен со стратешкиот план за натпревар во крикет; организирањето свечени вечери во дождовните шуми би било бесмислено доколку треперењето на свеќите на лианите не се повикува на подлабоки, посилни закони, одамна втиснати вредности. Тоа е еден вид ритуал кој ни помага да се потсетиме кои сме и што сме. За да се сети на него, некој прво би мора да го познавал.

Да се има чувство за суштинската вредност на сопственото јас, кое, без разлика на тоа дали е добро или не, ја конструира самопочитта, потенцијално значи да се има сè: способност да се дискриминира, да се сака или да се биде рамнодушен кон нешто. Да се нема тоа чувство, значи секогаш да се биде заклучен во себе, парадоксално неспособен за љубов или рамнодушност. Доколку не се почитуваме себеси, од една страна сме приморани да ги презираме оние кои имаат толку малку расположливи начини да општат со нас, толку малку сетилни можности што остануваат слепи на нашите фатални слабости. Од друга страна, на чудесен начин му робуваме на секој кој ќе го видиме, необично одлучни да ја одиграме – со оглед на тоа што сликата за себе ни е неодржлива – нивната лажна претстава за нас. Си ласкаме себеси, мислејќи на компулсивната потреба да ги задоволиме другите како на привлечна особина: подарок за имагинарната емпатија, доказ за нашата подготвеност да даваме. Секако дека ќе ги играме Франческа Паола[12], Брет Ешли Џејк[13], Хелен Келер на било која Ени Саливан[14]: ниту едно очекување не е несоодветно, ниту една улога не е премногу неверојатна. Препуштени на милост и немилост на оние кои не можеме, а да не ги презираме, играме улоги осудени на пропаст уште пред да започнат, со секој пораз предизвикувајќи нов очај поради неопходноста од предвидување и соочување со следното барање поставено пред нас.

Овој феномен понекогаш се нарекува самоотуѓување. Во својот напреден стадиум, веќе не одговараме на телефонските повици, бидејќи некој можеби би сакал нешто; способноста да се каже “не” без давење во самопрекор е туѓа за оваа игра. Секоја средба бара премногу, ги кине нервите, ја суши волјата, а сеништето на нешто толку мало како неодговорено писмо предизвикува толку непропорционално чувство на вина што прашањето за нечие ментално здравје станува предмет на шпекулации меѓу познаниците. Припишување соодветно значење на неодговорените писма, ослободување од очекувањата на другите, повторно придобивање на себеси – во овие работи лежи големата, единствена моќ на самопочитта. Без неа, поединецот на крајот ја открива последната завртка од несреќата: бега, случајно да не се пронајде себеси, но не наоѓа никој дома.

 

 

 

 

 

[1] ΦΒΚ, најстарото и секако најпрестижното студентско здружение. (Сите белешки се на преведувачот.)
[2] Една од најстарите музичко-комични трупи во САД
[3] Семејство на нафтени магнати и политички оперативци. Бесрамно познати по нивната соработка со режимот на Франко и обвинувањата кои вклучуваат вмешаност во атентатот на Кенеди. (Неколку Муркинсонови беа членови на Фи Бета Капа.)
[4] Една од најпознатите ревизии на скалата Бине-Сајмон, најпознатиот тест за индивидуална интелигенција
[5] Ловец на Бафало, спортски новинар, пиштолџија на Рузвелт и еден од најуспешните коцкари на Дивиот Запад и Америка од осумдесеттите години на XIX век, до неговата смрт во 1921 година.
[6] Однесено со виорот, 1939 година.
[7] Лек, „лек“. Делува како неселективен депресив на централниот нервен систем.
[8] Најверојатно се мисли на Тркалезната маса Алгонкин, група њујоршки писатели, критичари и актери кои се собирале во хотелот Алгонкин.
[9] Еден од многуте театри во Њујорк.
[10] Еден од прекарите на Чарлс Џорџ Гордон, британскиот војсководец.
[11] Главен град на Република Судан по стекнувањето независност. Војниците лојални на водачот Махди ја започнаа опсадата на Картум во март 1884 година и го окупираа градот до јануари 1885 година, масакрирајќи го англо-египетскиот гарнизон.
[12] Јунаци на второто пеење на Божествената комедија.
[13] Хероите од филмот Сонцето повторно изгрева, 1957 година.
[14] Ени Саливан, негувателка на глуво-слепата писателка и педагог Хелен Келер.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • April 5, 2023
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Од Лилит до вили
Компаративна анализа на сличностите помеѓу самовилите од јужнословенските сказни и хебрејската Лилит.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Светлана Алексиевич: Се надевам дека „Војната нема женско лице“ им дава сила на жените во Украина
Нобеловката Светлана Алексиевич е добитничка на наградата „Букстар 2022“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА
Квир-хронополитики: историја, афекти, утопии
Фестивалскиот куратор Славчо Димитров кон единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје, кое ќе се одржи од 1 до 13 јуни, во Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram