Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.

И токму таа неопходност ја разбира Џудит Батлер, една од највлијателните современи филозофи и теоретичарки чии текстови, низ разоткривањето на наметнатите и рестриктивни норми за родот, полот и сексуалноста, на сосема нов начин успеваат да ги постават фундаменталните прашања на феминистичките теории, а со тоа нејзините текстови се вредно наследство со разновиден опус чија цел е во различни контексти трајно да ги поставува истите прашања.

Родена на 24 февруари 1956 година во Кливленд, Охајо, Батлер пораснала во еврејско семејство со унгарско и руско потекло. Oд мала посетувала еврејско училиште, но и дополнителни приватни часови кај својот рабин како казна за недисциплина. Меѓутоа, овие учења, особено оние на еврејската етика, на крајот се покажале многу корисни за уште како мала да ја заинтересираат за светот на филозофијата.

Кога имав дванаесет години, ме интервјуираше докторант во областа на образованието и ме праша што сакам да бидам кога ќе пораснам. Реков дека сакам да бидам филозоф или кловн, а потоа мислам дека сфатив дека многу зависи од тоа дали себеси се наоѓам во свет вреден за филозофирање и за цената на тоа да се биде сериозен. Не бев сигурна дека сакам да бидам филозоф и признавам дека никогаш целосно не го надминав овој сомнеж.

Своето образование сепак го продолжила во таа насока, а по колеџот Бенингтон се запишала на Јеил, каде што дипломирала, а во 1984 година и докторирала, за во почетокот на 1990-тите да ја започне својата професорска кариера, која трае и денес на Катедрата за компаративна книжевност на Универзитетот Беркли во Калифорнија.

На оваа младешкa возраст впечаток и оставиле нејзините родители, колку поради ангажманот во политичките дебати, толку и поради фактот што како Евреи се обиделе да се вклопат во американското општество имитирајќи родови стереотипи од холивудските филмови, а нивниот неуспех уште повеќе ја заинтригирал во нејзината желба да го разбере родот, дополнително поттикната и од сопствените студентски искуства:

…Единствениот начин на кој би можеле да ме опишете во моите помлади години беше барска дјук, која своите денови ги поминуваше во читање на Хегел, добро и своите ноќи во геј бар, кој повремено стануваше дрег бар (…) u во тие моменти доживеав извесна имплицитна теоретизација на родот: наскоро сфатив како некои од овие таканаречени мажи можат да ја обработат женственоста многу подобро отколку што јас било кога би можела … (…) Женственоста, која ја сфатив како нешто што никогаш не ми припаѓало, очигледно припаѓаше на друго место, и бев среќна што и бев публика. Секогаш бев посреќна да бидам нејзината публика отколку било кога да и бидам, или би можела да бидам нејзино олицетворение.

Во тоа време почнува и нејзиниот ангажман со феминизмот, откако на молба на нејзината пријателка од постдипломски студии на феминистички конгрес одржала предавање конципирано околу познатата теза на Симон де Бовоар според која како жени не се раѓаме туку стануваме, прашувајќи се што се случува ако тоа станување никогаш не запира.

Токму оваа замисла подоцна станува јадро на нејзината книга “Неволји со родот” (1990), едно од канонските дела од теоријата за родот и квир теоријата, која ја инаугурираше тезата за родовата перформативност и, општо, идејата за артифициелноста на категориите род, пол и сексуалност настанати како резултат на делувањето на поединецот во пресрет и наспроти системските норми.

Така, родот е културен конструкт наметнат врз тело кое повторува чинови и гестови, обидувајќи се да ја оствари нормата која ќе му овозможи стабилност и видливост во системот, додека ефектот на негова природност е само резултат на таложењето на тие процеси. Затоа, никогаш не е одраз на некаква есенцијална срж, туку средство со кое полот воопшто се воспоставува како неутрална површина врз која културата дејствува, додека самиот тој е производ на перформативно изведување, секогаш неуспешно во својата желба да постигне исполнување на нормата.

Неговата илузорност и некомплетност на тој начин можат да ги откријат праксите кои не може да се сведат на цврсти категории, како што е, на примерер, дрегот, чиј пародичен ефект го раскринкува нормативниот, но исто така и фантазматичниот статус на родот. Таквото ослободување може да понуди можност за своевидно поигрување со родот, иако никогаш не треба да се заборави контролирачката и насилната тенденција на системот да ги избрише лицата кои ги предизвикуваат неговите норми:

Toa не може туку така да се нарече игра или забава, дури и ако играта и забавата се значајни моменти во сето ова. Не сакам да кажам дека родот понекогаш не е игра, задоволство, забава и фантазија (…). Само сакам да кажам дека сѐ уште живееме во свет каде што може да се ризикува сериозна обесправеност и физичко насилство поради потрагата по сопственото задоволство, фантазијата која ја отелотворуваме во родот кој го изведуваме.

И покрај карактеристичниот херметичен стил на пишување на Батлер, книгата “Неволји со родот”, во времето на нејзиното објавување, постигна исклучителна популарност во и надвор од академските кругови, а нејзината слава и прогонство траат и денес. Така, делата што подоцна ги објави – „Тела кои нешто значат“ (1993) и „Расчинување на родот“ (2004), функционираа како дополнителни појаснувања и разработки на нејзината претходна теза или поопшти размислувања за родот, полот и сексуалноста наменети за пошироката читателска публика.

При тоа, особено важна критика е таа против тенденцијата жената да се прикаже како универзална и аисторична категорија со есенцијални карактеристики, токму поради тоа што со нагласување на социјалната и културната конструкција на родот и полот, Батлер укажа на неуспехот на обидите да се дефинира “жената” како пристап кој исто така е резултат на нормативно влијание.

Наспроти тоа, родот треба да се сфати како слободен и флексибилен атрибут кој не е предизвикан од стабилни карактеристики, а со тоа и неповрзан со одредена сексуалност наметната од хетеронормативниот систем, што се идеи кои подоцна станаа едни од темелните постави на квир теоријата.

Моето разбирање на квир-от е дека не мора да ја наведете личната ориентација пред да се отиде на состанок. Хетеросексуалците можат да се придружат на квир движењето. Бисексуалците се приклучуваат на квир движењето. Квир не значи да се биде лезбејка. Квир не значи геј (…) Квир е аргумент против одредена нормативност, како на пример правилен лезбејски или геј идентитет.

Освен споменатите теми, Батлер во десетина други трудови се занимава со прашања за слободата на говор, цензурата, етичноста, знаењето но и насилството, страдањето и признавање на важноста на несигурноста и ранливоста на човечкиот живот. Во нејзините неодамнешни текстови, таа претежно е заинтересирана за позицијата на Евреите, особено во врска со конфликтот меѓу Израел и Палестина, а нејзините ставови предизвикаа и неодобрувања откако во 2012-та година ја доби наградата Адорно за исклучителен придонес во областа на филозофијата.

Меѓутоа, неспорно е влијанието на нејзините текстови врз многу различни теоретски пристапи и академски дисциплини обезбедувајќи и популарност што дури и ја инспирира појавувата на фанзинот Judy!, но и на разновидните современи уметнички практики и квир активизам воопшто, пред се’ благодарение на радикалното преобликување на категориите пол, род и сексуалност, што овозможи нов пристап кон прашањата за телото, идентитетот и желбата, како и маргинализацијата и исклучувањето.

Самиот факт дека живееме со други, чии вредности не се исти како нашите, или кои поставуваат ограничување на она што смeеме да го знаеме, или кои се нетранспарентни кон нас, или кои се чудни или делумно разбрани значи дека живееме со некаква понизност, значи дека сме децентрализирани. Што значи – тоа кој сум јас не е центар на овој свет. Јас живеам во свет во кој постојано сум децентрализирана од различностите на другите.

 

 

 

 

 

 

Извор: Voxfeminae 

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • April 3, 2019
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram