Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.

Во последните неколку години, протестите во Европа, Латинска Америка и на други места се спротивставија на „идеологијата на родот”. Изборите во Франција, Колумбија, Костарика и Бразил се фокусираа на ставот на кандидатот за улогата на родот. Во САД, католици и евангелисти одбија бројни политички позиции поврзани со „теоријата на родот” или „идеологијата на родот”: правата на транс луѓето во војската, правото на абортус, лезбејките, хомосексуалците и трансродовите лица, геј бракот, феминизмот и други движења во корист на родовата еднаквост и сексуалната слобода.

Веројатно оваа реакција против „родовата идеологија” се материјализираше во 2004 година кога Папскиот совет за семејството напиша писмо до Епископите на Католичката црква, сигнализирајќи го потенцијалот на „родот” да ги уништи вредностите на жената важни за Црквата; да поттикне конфликт меѓу половите; и да ја оспори природната хиерархиска разлика помеѓу мажот и жената врз која се засноваат семејните вредности и општествениот живот.

Во 2016 година, папата Франсис ја засили реториката: „Сведочиме на момент на уништување на човекот како слика на Бог”. Папата во оваа дефиниција ja вклучи „[идеологијата на] “родот” и потенцираше: „Децата, денес – децата! – на училиште се учат дека секој може да го избере својот пол!” На крајот, папата разјасни што е тука теолошки загрозено: „Бог создаде маж и жена; Бог го создаде светот на одреден начин … а ние го правиме токму спротивното.”

Поентата на папата е дека родовата слобода – слободата да се биде или да се стане род; идејата дека родот како живот може да биде израз на лична или социјална слобода – ја фалсификува реалноста, бидејќи ние, според него, не сме слободни да го избереме полот со кој се раѓаме, ниту пак да афирмираме сексуална ориентација која се оддалечува од „божјо дадената“. Всушност, антиродовите религиозни критичари го толкуваат правото на луѓето да го одредат својот род или сексуална ориентација како обид да се узурпира божјата моќ за создавање и како спротивставување на божјо наметнатите граници на човековото делување. Така и за папата, родовата еднаквост и сексуалната слобода не се само прекумерни, туку се деструктивни – дури и „дијаболични”.

Родовата еднаквост од страна на овие критичари се третира како „дијаболична идеологија” токму поради тоа што тие ја гледаат родовата разновидност како историски контингентен „социјален конструкт” кој се наметнува врз божјо зададената природна дистинкција меѓу половите. И додека е точно дека родовите теоретичари генерално ја отфрлаат идејата дека родот е одреден според полот што е доделен при раѓање, идејата дека социјалниот конструкт е намерно уништување на божјо дадената реалност создава погрешна слика за родовите студии и идејата за социјален конструкт на вознемирувачки начин.

Но, ако внимателно ја проучиме теоријата за родот, тоа не е ниту деструктивна ниту индоктринирачка. Всушност, таа едноставно бара форма на политичка слобода да се живее во поправеден свет.

Во Другиот пол (1949), Симон де Бовоар пишува: „Не се раѓаме, туку стануваме жена”. Ова тврдење создаде простор за идејата дека полот не е исто што и родот. И во наједноставната формулација на овој поим, полот се смета за биолошки даден, а родот е културна интерпретација на полот. Личноста може да се роди како жена во биолошка смисла, но потоа под влијание на низ низа општествени норми открива што подразбира да се живее како жена – или друг род – во конкретниот културен контекст.

Круцијално кај Бовоар, „полот” од самиот почеток е дел од нечија историската ситуација. „Полот” не се негира, но се оспорува неговото значење: ништо од тоа што една личност е родена како жена, не одредува каков вид на живот ќе живее и што значи да се биде жена. Навистина, многу луѓе се родени во еден пол, а се пронаоѓаат во друг. И ако се надоврземе на „егзистенцијалистичката” логика на Бовоар за социјален конструкт, тогаш личноста може да се роди како жена, но да стане маж.

Посилна „институционална” варијација на социјалниот конструкт се појавува во 90-тите и се фокусира на фактот дека и самиот пол е наметнат. Ова значи дека медицинските, семејните и правните авторитети играат клучна улога во одлучувањето за тоа од кој пол ќе биде детето. Овде, „полот” веќе не се зема како биолошки даден, иако делумно е утврден во рамките на биологијата. Но, која рамка е релевантна за определувањето?

Земете го предвид случајот со „интерсекс” новороденчињата кои се родени со мешани полови карактеристики. Некои здравствени работници препорачуваат прибегнување кон хормони за да го дефинираат својот пол, додека други ги земаат предвид хромозомите како одлучувачки фактор. Како е направен изборот е од големо значење: интерсексуалните лица стануваат се повеќе критични за фактот дека медицинските власти честопати погрешно ги категоризираат и подложуваат на сурови форми на „корекција”.

Заедно, егзистенцијалистичките и институционалните толкувања на социјален конструкт покажуваат дека родот и полот се детерминирани од комплексен и интерактивен склоп на процеси: историски, општествени и биолошки. И, според мене, институционалните форми на моќ и знаење во чии рамки сме родени претходат, ги формираат и организираат егзистенцијалните избори кои ги донесуваме.

Полот ни се доделува, третирани сме на различни начини кои пренесуваат очекувања за живеењето во еден или друг пол, формирани сме под влијание на институциите кои низ родовите норми ги репродуцираат нашите животи. Значи, ние секогаш сме “изградени” на начини кои не ги избираме. И сепак, сите ние сакаме да создадеме живот во социјален свет каде што конвенциите се менуваат и каде се бориме да се најдеме во рамките на постоечките и развивачки конвенции. Ова укажува на тоа дека полот и родот се “конструирани” на начин кој не е ниту целосно утврден, ниту целосно избран, туку заглавен во постојана тензија помеѓу детерминизмот и слободата.

Па, дали теоријата на родот е деструктивна, дијаболична или индоктринизирачка? Родовите теоретичари кои повикуваат на родова еднаквост и сексуална слобода, не се посветени на хиперволунтаристичкиот став за „социјален конструкт” моделиран низ концептот на божјата моќ. Ниту пак бараат да ги наметнат своите ставови за родот преку образованието. Ако ништо друго, идејата за родот се отвора кон форма на политичка слобода која ќе им овозможи на луѓето да живеат со својот „доделен” или „избран” род без дискриминација и страв.

Отфрлањето на овие политички слободи, што е целта на папата и многу евангелисти, доведува до сериозни последици: на хомосексуалците и лезбејките кои би сакале да се омажат ќе им биде оневозможено да ја реализират таа желба; на оние кои би сакале да транзитираат во род различен од полот во кој се родени би им било забрането да го прават тоа.

Освен тоа, училиштата кои сакаат да предаваат родов диверзитет би биле ограничени, а на младите луѓе ќе им биде ускратено знаењето за вистинскиот спектар на родови животи. Таквата педагогија во родовата разновидност од нејзините критичари е толкувана како догматска вежба која пропишува како учениците треба да мислат или да живеат. Всушност, овие критичари намерно погрешно ја толкуваат суштината на сексуалното образование, која, како што велат, воведува мастурбација или хомосексуалност како димензии на сексуалниот живот, како прирачник кој буквално ги наведува студентите да мастурбираат или да станат хомосексуалци. Сепак, точно е токму спротивното. Поучувањето за родовата рамноправност и сексуалната разновидност ја доведува во прашање репресивната догма која фрли толку многу родови и сексуални животи во сенка, без признавање и лишување од какво било чувство за надеж за иднина.

Конечно, борбата за родова еднаквост и сексуалната слобода се обидува да ги олесни страдањата и да ги препознае различните отелотворенија и културни животи што ги живееме. Учењето за родот не е индоктринација: не му кажува на поединецот како да живее; туку ја отвора можноста младите да си го најдат својот сопствен пат во свет кој честопати ги соочува со тесни и сурови општествени норми. Афирмирањето на родовата различност не е деструктивно, тоа ја потврдува човечката сложеност и создава простор за луѓето да си го најдат својот пат во оваа комплексност.

Светот на родовата разновидност и сексуална сложеност нема да исчезне. Само ќе бара признание за сите оние кои сакаат да го живеат својот род или сексуалност без стигма или закана од насилство. Оние кои остануваат вон нормата заслужуваат да живеат без страв, да љубат и да постојат и да се обидуваат да создадат поправеден свет без насилство.

Извор: New Statesman

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 22, 2022
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гасеница
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram