Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.

Во последните неколку години, протестите во Европа, Латинска Америка и на други места се спротивставија на “идеологијата на родот”. Изборите во Франција, Колумбија, Костарика и Бразил се фокусираа на ставот на кандидатот за улогата на родот. Во САД, католици и евангелисти одбија бројни политички позиции поврзани со “теорија на родот” или “идеологија на родот”: правата на транс луѓето во војската, правото на абортус, лезбејките, хомосексуалците и транссексуалците, геј бракот, феминизмот и други движења во корист на родова еднаквост и сексуална слобода.

Веројатно оваа реакција против “родовата идеологија” се оформи во 2004 година кога Папскиот совет за семејството напиша писмо до Епископите на Католичката црква, сигнализирајќи го потенцијалот “родот” да ги уништи вредности на жената важни за Црквата; да поттикне конфликт меѓу половите; и да се оспори природната хиерархиска разлика помеѓу мажот и жената врз која се засноваат семејните вредности и општествениот живот.

Во 2016 година, папата Франсис ја засили реториката: “Искусуваме момент на уништување на човекот како слика на Бог”. Папата во оваа дефиниција ja вклучил “[идеологијата на] “родот” и потенцира: “Децата, денес – децата! – на училиште се учат дека секој може да го избере својот пол!”
На крајот, разјаснува што е теолошки загрозено:” Бог создаде маж и жена; Бог го создаде светот на одреден начин … а ние го правиме токму спротивното.”

Поентата на папата е дека слобода на родот – слобода да биде или да стане род; идејата дека родот како живот може да биде израз на лична или социјална слобода – ја фалсификува реалноста, бидејќи ние, според него, не сме слободни да го избереме полот со кој се раѓаме, ниту пак да афирмираме сексуална ориентација која се оддалечува од „божествено дадената“. Всушност, правото на луѓето да го одредат родот или сексуалната ориентација анти-родните религиозни критичари го толкуваат како обид да се узурпира Божјата моќ за создавање и спротивставување на божествено наметнатите граници на човековото делување. И за папата, родовата еднаквост и сексуалната слобода не се само прекумерни, туку се деструктивни – дури и “дијаболични”.

Родовата еднаквост од страна на овие критичари се третира како “дијаболична идеологија” токму поради тоа што тие ја гледаат родовата разновидност како историски контингентна “социјална конструкција” која се наметнува врз божествено задолжителната природна дистинкција меѓу половите. И додека е точно дека родовите теоретичари генерално ја отфрлаат идејата дека родот е одреден според полот што е наведен при раѓање, идејата дека социјалната конструкција е намерно уништување на божествено дадената реалност фрла погрешна перспектива врз областа на родови студии и идејата за социјална конструкција на вознемирувачки начин со значителни последици.

Но, ако внимателно ја проучиме теоријата за родот, тоа не е ниту деструктивна ниту индоктринирачка. Всушност, таа едноставно бара форма на политичка слобода да се живее во поправеден свет.

Во Другиот пол (1949), Симон де Бовоар пишува: “Не се раѓаме, туку стануваме жена”. Ова тврдење создаде простор за идејата дека полот не е исто што и родот. И во наједноставната формулација на овој поим, полот се смета за биолошки даден, а родот е културна интерпретација на полот. Личноста може да се роди како жена во биолошка смисла, но потоа под влијание на низ низа општествени норми открива што подразбира да се живее како жена – или друг род – во конкретниот културен контекст.

Круцијално кај Бовоар, “полот” од самиот почеток е дел од нечија историската ситуација. “Полот” не се негира, но се оспорува неговото значење: ништо од тоа што една личност е родена како жена, не одредува каков вид на живот ќе живее и што значи да се биде жена. Навистина, многу луѓе се родени во еден пол, а се пронаоѓаат во друг. И ако се надоврземе на “егзистенцијалистичката” логика на Бовоар за општествената конструкција, тогаш личноста може да се роди како жена, но да стане маж.

Посилна “институционална” варијација на социјалната конструкција се појавува во 90-тите и се фокусираше на фактот дека и самиот пол е наметнат. Ова значи дека медицинските, семејните и правните авторитети играат клучна улога во одлучувањето за тоа од кој пол ќе биде детето. Овде, “полот” веќе не се зема како биолошки даден, иако делумно е утврден во рамките на биологијата. Но, која рамка е релевантна за определувањето?

Земете го предвид случајот со “интерсекс” новороденчињата кои се родени со мешани полови карактеристики. Некои здравствени работници препорачуваат прибегнување кон хормони за да го дефинираат својот пол, додека други ги земаат предвид хромозомите како одлучувачки фактор. Како е направен изборот е од големо значење: интерсексуалните лица стануваат се повеќе критични за фактот дека медицинските власти честопати погрешно ги категоризираат и подложуваат на сурови форми на “корекција”.

Заедно, егзистенцијалистичките и институционалните толкувања на “општествената конструкција” покажуваат дека родот и полот се детерминирани од комплексен и интерактивен склоп на процеси: историски, општествени и биолошки. И, според мене, институционалните форми на моќ и знаење во чии рамки сме родени претходат, ги формираат и организираат егзистенцијалните избори кои ги донесуваме.

Полот ни се доделува, третирани сме на различни начини кои пренесуваат очекувања за живеењето во еден или друг пол, формирани сме под влијание на институциите кои низ родовите норми ги репродуцираат нашите животи. Значи, ние секогаш сме “изградени” на начини кои не ги избираме. И сепак, сите ние сакаме да создадеме живот во социјален свет каде што конвенциите се менуваат и каде се бориме да се најдеме во рамките на постоечките и развивачки конвенции. Ова укажува на тоа дека полот и родот се “конструирани” на начин кој не е ниту целосно утврден, ниту целосно избран, туку заглавен во постојана тензија помеѓу детерминизмот и слободата.

Па, дали теоријата на родот е деструктивна, дијаболична или индоктринизирачка? Родовите теоретичари кои повикуваат на родова еднаквост и сексуална слобода, не се посветени на хиперволунтаристичкиот став за “социјална конструкција” моделирана низ концептот на божествена моќ. Ниту бараат преку образованието за родот да ги наметнат своите ставови. Ако ништо друго, идејата за родот се отвора кон форма на политичка слобода која ќе им овозможи на луѓето да живеат со својот “даден” или “избран” род без дискриминација и страв.

Отфрлањето на овие политички слободи, што е целта на папата и многу евангелисти, доведува до сериозни последици: на хомосексуалците и лезбејските кои би сакале да се омажат ќе им биде оневозможено да ја реализират таа желба; оние кои би сакале да транзитираат во род различен од полот во кој се родени, би им било забрането да го прават тоа.

Уште повеќе, училиштата кои сакаат да предаваат родов диверзитет би биле ограничени, а на младите луѓе ќе им биде оневозможено знаење за вистинскиот спектар на родови животи. Таквата педагогија во родовата разновидност од нејзините критичари е толкувана како догматска вежба која пропишува како учениците треба да мислат или да живеат. Всушност, овие критичари намерно погрешно ја толкуваат суштината на сексуалното образование, која, како што велат, воведува мастурбација или хомосексуалност како димензии на сексуалниот живот, како прирачник кој буквално ги наведува студентите да мастурбираат или да станат хомосексуалци. Сепак, точно е спротивното. Поучувањето на родовата рамноправност и сексуалната разновидност ја доведува во прашање репресивната догма која фрли толку многу родови и сексуални животи во сенките, без признавање и лишување од какво било чувство за надеж за иднина.

Конечно, борбата за родова еднаквост и сексуалната слобода се обидува да ги олесни страдањата и да ги препознае различните отелотворенија и културни животи што ги живееме. Учењето на родот не е индоктринација: не му кажува на човекот како да живее; туку ја отвора можноста младите да си го најдат својот сопствен пат во свет кој честопати ги соочува со тесни и сурови општествени норми. Афирмирањето на родовата различност не е деструктивно, тоа ја потврдува човечката сложеност и создава простор за луѓето да си го најдат својот пат во оваа комплексност.

Светот на родовата разновидност и сексуална сложеност нема да исчезне. Само ќе бара признание за сите оние кои сакаат да го живеат својот род или сексуалност без стигма или закана од насилство. Оние кои се вон нормата заслужуваат во овој свет да живеат без страв, да љубат и да постојат и да бараат поправеден свет без насилство

 

 

 

 

Извор: New Statesman

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • February 6, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Нина Раповска
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram