Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.

Што се случува кога жените раскажуваат приказни? Различни и прекрасни работи, според анкетата на филмските експерти која ја направи BBC Culture. За таа цел 368 новинари, критичари, филмски работници и луѓе од академските кругови ги наведоа своите омилени филмови од режисерки, што резултираше и со феноменално четиво. Најдобар на листата беше „Пијано“ на Џејн Чемпион кој и го донесе и Оскарот, а веднаш зад него се најде „Клио од 5 до 7“, драма чие дејство се одвива во реално време, во режија на покојната Ањес Варда. На листата се најдоа и филмови на култната режисерка Шантал Акерман, контроверзната француска режисерка Клер Денис – познатa по нејзините индивидуалистички, честопати експлицитно еротски филмови, потоа британската хероина на работничката класа Андреа Арнолд и славните Софија Копола и Кетрин Бигелоу.

Најпопуларен жанр беше драмата, додека романсата – област со жените се најчесто стереотипно поврзувани – беше далеку позади на листата. Станува збор за филмови кои го привлекоа вниманието на критиката, наместо основен критериуми да им биде да ги „соборат“ кино-благајните – така што од листата отпаднаа Wonder Woman на Пети Џенкинс, Twilight на Кетрин Хардвик или What Women Want на Ненси Мејерс. Најблизок до филмовите за суперхерои е иранскиот филм A Girl Walks Home Alone At Night на Ана Лили Амирпур, во кој женски вампир напаѓа насилни мажи. Комедијата со највисок рејтинг не е ром-ком, туку фарсичниот, надреален Тони Ердман, во режија на Марен Аде.

Десетте најдобри се филмови за маргинални ликови, отпадници и жени – поретко мажи – кои се борат да комуницираат и да се поврзат, исто како што се обидуваат и нивните креаторки. Пошироките 100 вклучуваат филмови за сиромашни (Salaam Bombay!, Capernaum), бездомник (Vagabond) и Desperately Seeking Susan каде глуми и Мадона. Малку е чудно што овие обесправени ликови им се допаѓаат на режисерките во патријархалното општество. Потоа, исклучително допадливи се и жените чиишто навидум „нормални“ секојдневни животи делуваат крајно фасцинантно, делумно затоа што толку ретко се прикажуваат на екранот. Два од нив се снимаат повеќе или помалку во реално време: „Клио од 5 до 7“ на Ањес Варда и Jeanne Dielman на Шантал Акерман, потоа 23, Quai du Commerce, 1080 Bruxelles.

„Jeanne Dielman е фокусиран на минутните детали од животот на една обична домаќинка“, вели Адам Робертс, кој со Joана Хог го основаше колективот „A Nos Amours“ и курираше целосна ретроспектива на филмовите на Шантал Акерман. „Таа лупи компири во реално време! Но, ова не е само естетизирана неблагодарна работа; тоа се случува за постепено да се вклучиме во шемата на животот, да ја препознаеме инвентивноста што е потребна за да се справи со страшната затвореност. Креативноста потребна за одржување на оската во услови на таква изолација и дехуманизиран живот, е многу возбудлива. Секако, се случува криза, бидејќи рутината се распаѓа, но до тој миг веќе безнадежно сме инволвирани во овој живот: нејзиниот живот е наш живот, нејзината криза е наша криза“. Од друга страна, Клио открива различна перспектива. Гледиштето на Варда делува како поглед на мудар аутсајдер затоа што прво била фотографка. Нејзиниот идентитет се развил во многу машки простор – вели Миа Бејс, која ги прикажува филмовите од жени низ Велика Британија, како дел од програмата „Birds Eye View – Reclaim the Frame“ и цврсто верува во „женскиот поглед“. „Тоа е инспирација за нашиот проект. За нас, тоа значи кој одлучува што влегува во кадарот, кој пишува, насочува или ја режира основната приказна. Тоа треба да биде дело на жени креативци или не станува збор за женски поглед“.

 

Станување возрасен/на

 

Бејс смета дека ова е особено важно за филмовите за созревањето. Женското искуство, особено индивидуализацијата и стекнувањето зрелост, честопати се многу појасни кога се пренесени од страна на освестена женска перспектива.

Треба да ги погледнете многуте филмови на листата на првите 100 за да ја сфатите нејзината поента. Fish Tank и American Honey на Андреа Арнолд; Girlhood на Селин Скиама, Lady Bird на Грета Гервиг – сите демонстрираат заводлива длабочина во разбирање на развојот на женската сексуалност и идентитет. Во меѓувреме, со Winter’s Bone и Leave No Trace, Дебра Граник се фокусира на млади девојки кои пред себе имаат одговорност, а Лин Рамсај во Morvern Callar ги прифаќа комплексностите на трауматизираните жени од работничката класа, како што тоа го прави Андреа Арнолд со Red Road – нешто на кое и Бејс аплаудира.

„Ги сакам Рeмси и Андреа Арнолд“, вели таа. „Се восхитувам на нивната визуелна амбиција; нивното потпирање на уметноста (обично недозволива за работничката класа – ние треба да бидеме „забавувачи“) и нивните непредвидливи избори.“

Филмската критичарка Памела Хачинсон се согласува. „Претставувањето на работничката класа во филмската индустрија е толку болно ниско во моментот, па важно е да се гледаат жени од помалку привилегирана позадина како работат, а исто така прават навистина одлични, возбудливи дела.“

Бројот на не-бели режисерки во првите 100 е исто така релативно мал, со исклучок на иранката Фороу Фарокџад (The House is Black) и афроамериканката Ава ДуВернај (Selma, 13-ти) на местата 24 и 26/55. Изненадувачки, овие жени нудат фасцинантна перспектива на расата и културата, како и Мира Наир со комичната Monsoon Wedding ( 29-та на листата).

Концептот на „женскиот поглед“ може да се сфати како реакција на терминот на феминистичката филмска теоретичарка Лора Мулви, „машки поглед“, што претставува поглед на хетеросексуален машки гледач, заедно со машкиот лик и машкиот креатор на филмот. Според уредникот на „Тајм аут“, Фил де Семлин: „женскиот поглед полесно се дефинира според тоа што не е отколку што е: не станува збор за објективизирање на женската форма или замена на целосно реализираните женски карактери со лабави аватари за машка сексуална фантазија; не ги врамуваме секс-сцените со тропи кои се вообичаени за порнографијата наменета за машкиот гледач; не станува збор за автоматско препуштање на моќта и контролата на мажите во раскажување приказни.“

Ја споменува темата на „одмазда за силување“, претставена преку хоророт Raw, на 91-та позиција во решија на Јулија Дукурнау. „Женскиот поглед е моќна алатка за субверзија на жанровите што традиционално беа под влијание на мажите – особено трилерот, на навистина интересен начин. Значи, гледаме трилери за одмазда како „Revenge and The Nightingale“.Исто така би можеле да ги споредите и спротивставите верзиите на Клинт Иствуд и Софија Копола на „Бегигил“ за студија на случај во тоа како женски и машки режисер го земаат истиот изворен материјал и прават радикално различни дела.

Женското справување со „машкоста“ е тема за која честопати е зборувана на Girls On Film, а првите 100 на Би-Би-Си содржат бројни примери, вклучувајќи го тука и Beau Travail на Клер Денис. На слична линија се и неколкуте филма на од Кетрин Бигелоу, сè уште единствената жена што го освои Оскарот за најдобра режија со „ The Hurt Locker “, кој се наоѓа на број 7.
„Холивуд си го сака своето и Кетрин Бигелоу e школувана таму“, вели Бејс.„Таа го асимилира ‘машкиот поглед’, а потоа дава стручен женски спин на хипер-машките субјекти/жанрови, така што мислам дека поради тоа стои малку настрана.“ Додека си игра во холивудскиот систем, Бигелоу исто така прави филмови за машкото ментално здравје, како „Point Break“ (на 15-тото место), за вампирите во „Near Dark“ (41) и за криминалците во „Strange Days“ (59). Со својата приказна за машините на виртуелна реалност кои буквално ги ставаат клиентите на позициите на другите луѓе, станува збор за интересен пример за филм кој конкретно се справува со поимот, тема која исто така се провлекува во „Red Road“ на Андреа Арнолд.

Еден од моите лични фаворити е драмата „Portrait of a Lady on Fire“, за жена ангажирана да наслика портрет на друга жена, но која во неа постепено открива извонредно привлечен и алузивен субјект. Мислам дека режисерката Селин Шиама го доловува интензитетот на сапфична љубов далеку подобро од истата во многу пославниот Carol на Тод Хејнс. Додека мажот добива одвај неколку реплики, сепак темата на договорениот брак мрачно стои во позадина паралелно со развојот на интензивната врска меѓу двете жени.

Критиката го споредува со најдобриот филм на листата на Би-би-си „Пијано“ на Џејн Чампион, за кој гласаа 43,5% од испитаниците. Пијано раскажува приказна за нема пијанистка која е продадена на маж, но постепено ја користи нејзината музикалност и сексуалност за да ги контролира мажите околу неа. Филмот е приказна за комуникацијата, или предизвиците на истата. „Интересно е што таа е женски уметник, но сепак не може да комуницира на директен начин“, вели филмската критичарка Памела Хачинсон, специјализирана за критика на нем филм. Бејз укажува на другите привлечност на Пијано. „Се работи за секс и еротизам и за жена заглавена меѓу двајца мажи додека го гледаме процесот на нејзина себереализација – не знам што има тука недопадливо?“

 

Секс, лаги и видеоленти

 

Еротизмот и заведувањето се истражуваат и во други филмови на листата како „The Night Porter“, „India Song“, „Le Bonheur“, „Eve’s Bayou“ и „The Meetings of Anna“.

Брачното неверство се чини дека е интргантно за многу режисерки, некои затоа што директно се засегнати од тоа: преку документарниот филм на Сара Поли „Приказни што ги кажуваме“ прашува кој е нејзиниот вистински татко. Додека неколку филмови се справуваат со темите на самохрано родителство и татковство, бременоста е тема што изненадувачки ретко e присутна на листата, иако имало необични неодамнешни филмови, како што е комедијата-хорор „Prevenge“ на Алис Лоу, која ја снимила во осмиот месец на бременоста, и „Seahorse“, документарец на Џени Финди за бременоста на транс лице. Неколку филмови на листата директно ги истражуваат транс-проблемите, од „Boys Don’t Cry“ до „Orlando“ притоа анализираји го женското искуство, истражувајќи го концептот за родот и добрите и лошите страни на идентификување како жена или маж во конкретно општество.

Додека Пијано беше одлично прифатен од двата пола, неколку филмови имаа забележителна поделеност: „Big“ на Пени Маршал беше скоро двојно попопуларен кај мажите отколку жените. Не е изненадувачки мажите полесно да се идентификуваат со приказната за младо момче кое се буди во тело на возрасен маж: Станува збор за случај кога жена режисерка зазема гледиште на маж, до моментот кога тој ја губи невиноста со непозната колешка. Сепак, како што вели Хачерсон, „Жените гледаат сè, ние сме насекаде – нема тема со која режисерка не би можела да се справи“.

И се чини дека филмските студија – кои традиционално имаат поголема фискална доверба во машките режисери – конечно слушаат. Додека само 4 од првите 100 најскапи филмови во САД минатата година беа режирани од жени, тој број се искачи на 14 во 2019 година. Има директен напор да се зголеми бројот на режисерки во Холивуд. Sвездите како Теса Томпсон го презедоа предизвикот од 4%, односно да поддржат еден проект на жена режисер во наредните 18 месеци. Универзал и МГМ неодамна станаа првите студија што се регистрираа на истиот залог, што значи дека за неколку години, нашите гласачи треба да имаат уште поубави филмови режирани од жени. И се надеваме дека еден ден, режисерките ќе станат толку вообичаени, што воопшто нема да треба да се зборува за тоа.

 

 

 

 

Извор: BBC 

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • December 7, 2019
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram