Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.

Лени Фрчкоска прави пресек на теориите за потеклото, структурата и проникнувањето на бајките во фолклорното творештво преку современието, главно низ психоаналитиките толкувања и родовите перспективи на авторите како Владимир Проп, Жак Лакан, Јулија Кристева, Сандра Ли Бартки, Славој Жижек до современата инструментализацијата на фантазмот на бајката како средство за идеолошко спознавање.

Бајките се есенција на современието. Тие се негова културолошка кристализација стокмена низ археликовите на принцези, принцови, омразени ќерки и истерани синови, џуџиња змејови или, денеска, нивните современи варијанти.
Како литераризирани идеолошки приказни, преку теми за субјектот кој го препознава своето место во социјалните релации, едуцираат за правилата и општествената улога.
Бајковниот фантазам денес, во контекст на идеолошкото толкување на реалноста, е подложен на неограничени избори и нови трансформации. Во ваков контекст тој сепак ги задржува и двете контроверзни тензии: да еманципира или да конзервира. Неговата употреба лежи во одлуката за тоа кој аспект ќе се презентира во образовниот и медумски сегмент што, секако, е политичка одлука.
Со тоа се потврдува и нагласува важноста на улога на бајката во образовниот процес на децата, интегритетот на нивната личност и вредности кои ги восприемаат.
Текстот поминува низ тие волшебни метаморфози на ликовите и наративите и се обидува да ги долови логиката и опциите на еманципаторските, конзервативните па и експерименталните трансформации

Книгата прави и пресек на историјата на претставите на женските ликови во бајките при тоа лоцирајќи ги формите на кои патријархатот ги сфатил социопсихолошките механизми низ кои бајката ја обновува идеологијата и преку бајките ја пренесува пораката за „обезмоќување“ и силно ограничување на телото, но и на полето на дејствање на жената, но истовремено, парадоксално, бајките остануваат простор каде што жените успеваат да се измолнат од таквите пранги.

 

 

Па така нешто за Црвенкапа:

Шарл Перо „ги отфрла елементите кои би го шoкирале општеството со својата суровост (девојчето кое го јаде месото и ја пие крвта на бабатa) или да ги навредат (патот на иглите и трњата) или се несоодветни (интересот на девојчето за телото на „бабата“) и храбрата и итра селанка ја претвора во наивна и беспомошна (ако не и глупава) буржујка.“ Девојчето кое покажува природен и релаксиран однос кон своето тело и сексот и реагира слободно на предизвикот на заводникот, кај Шерл Перо е казнето поради отвореност кон природното (на кое се алудира и преку сумболите на шумата и волкот) и како казна за вината – немањето контрола врз сопствените желби – е силувано.

 

За Убавицата и ѕверот:
…
Симболичните културни одлики на матријархатот, кои ја претставуваат како иницијатор на хуманизацијата, низ вековите се транформираат и жената таквата улога може да ја добие само со претходно заробување во неговиот дом или замок – симбол на нејзино потчинување во однос на неговиот авторитет.

…

За одржувањето на енергија на отпор и бунт:

Марија Лујза фон Франц слично се надоврзува на концептот на субверзивноста на женските ликови во бајките велејќи дека горчината која се насобрала како резултат на отфрлањето и недоволната почит кои ги искусиле безброј жени, довела до колективна ерупција на движења за еманципација на жените кои се јавуваат во почетокот на дваесеттиот век.

И, конечно, за моќта и пркосот во ликот на дистанцираната, сама, и навидум индиферента Жена:
За разлика од доминантноста на вештерката (или Баба Јага) во дејството и во текот на иницијацијата, оваа жена се појавува како спореден лик, често игнориран од толкувачите и аналитичарите, но битен, како сам по себе, така и за главната хероина и за понатамошниот развојот на настаните.
Осамената жена во бајките веројатно ја претставува крајната способност за независност…

 

 

 

Книгата може да се купи во книжарниците на Или-или, Литература.мк, Магор, и интернет книжарницата Купикнига.мк.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • April 8, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминистички мир значи безбедност за сите
Борбата за родовата рамноправност е константна и долготрајна
  • Од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-син облак кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Ивана Смилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој навистина се бори за слобода на говор во нашето општество?
Спојлер алерт: не, тоа не се конзервативците
  • Од Нина Раповска
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колективна негрижа
Заеднички учествувавме во хаосот наречен реалност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram