Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција

Приморани да бидеме во изолација, во обид да не го срушиме и онака кревкиот систем поради неговите веќе очигледни недостатоци, имаме прилика да гледаме буквално сѐ што сакаме. Би издвоила пет серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција – па така, конечно можеме и визуелно да ја видиме и другата страна од приказната – онаа која не припаѓа на семоќниот протагонист којшто нѝ кажува како стојат работите.

 

Unbelievable (2019)

 

Кратка американска крими серија од осум епизоди која нѝ ја покажува темната страна на дисфункционалните полициски и судски органи во САД, фокусирајќи се на пеколот низ кој поминуваат жените – жртви на силување. Приказната е базирана на статијата „An Unbelievable Story of Rape”, напишана од Т. Кристијан Милер и Кен Армстронг (ProPublica и The Marshall Project), статија која во 2016-та година ја доби Пулицеровата награда. Оваа серија ја открива темната страна на државните органи, нивната нетранспарентност и неадекватна примена на кривичната материја која постои за да ги заштити жртвите, но само со соодветна примена. Исто така, темелно го прикажува различниот пристап кон силувањето како кривично дело зависно од државата кадешто се случило – сериозноста на делото е занемарена во некои од американските држави. Хиерархиското патријархално уредување, нееднаквиот третман кој го доживуваат жените насекаде (не само во САД, туку ширум светот) се маестрално прикажани во оваа мини-серија и сакале – нејќеле, гледајќи ги епизодите континуирано ќе правите паралела со нашиот систем и ужасниот третман кон жртвите на силување.
Набрзо откако ќе почнете да ја гледате серијата, ќе воочите дека некомпетентните вработени лица во државните институции на многу едноставен начин можат да создадат простор за двојна виктимизација и пролонгирање на психичката траума која остава белег во животите на секоја жртва на насилство (психичко и физичко, респективно). Главните улоги вo Unbelievable ги толкуваат Тони Колет, Мерит Вевер и Кејтлин Девер.

 

 

The handmaid’s tale (2017 – )

 

Дистописка серија базирана на популарниот феминистички роман на Маргарет Атвуд, објавен во 1985-та година. Исто како и книгата, серијата во продукција на Брус Милер (Hulu) е брутално добра – главната протагонистка во оваа серија е Џун Озборн, толкувана од страна на генијалната Елизабет Мос која претпоставувам дека ќе ви стане омилена глумица после 20 минути од првата епизода. Првичниот фокус на оваа серија е на животите на жените во пост-апокалиптичната држава Гилеад, односно некогашните Соединети Американски Држави. The handmaid’s tale е приказна кадешто жените веќе не се третирани како луѓе, туку се во сопственост на државата – можат да бидат или чистачки и готвачки, или пак машини за раѓање во библиската држава со тоталитаристичко, „теоекономско“ уредување, сон на секој диктатор кој ужива да се расфрла наоколу со својата лажна супериорност, притоа користејќи ја моќта на религијата за создавање на брутален и суров свет кадешто ќе ви ја отсечат раката или клиторисот ако сте жена и не се однесувате соодветно со начелата на манијакалната тоталитаристичка влада. Звучи претерано? Па и не баш, земајќи предвид дека ширум светот се уште се случуваат насилства од ваков тип врз жените. Светот пробува да ги надмине, но повеќе теоретски отколку практично (пример: Универзалната декларација за човекови права која датира уште од 1948-ма, Истанбулската конвенција од 2011-та која се уште не е целосно имплементирана во нашата легислатива итн.), бидејќи насилствата кои се прикажани во Гилеад не се многу поинакви од насилствата кои се случуваат во 21-от век ширум светот. Некои сцени се многу слични со нашето секојдневие (пред глобалната изолација, а и по нејзиното завршување) – протестите за женските права, одземањето на веќе постоечките права од страна на владејачките структури, религиозната пропаганда, жедта за моќ на просечните мажи, сериозноста на климатските промени, глобалното затоплување и енормното загадување, евтината работна сила и уште многу други.

 

 

Caliphate (2020)

 

 

Caliphate е нова шведска крими серија чиј примарен фокус се испреплетените судбини на пет жени – секоја од нив на некој начин поврзана со планиран терористички напад од страна на ИСИС. Режирана од страна на босанско-шведскиот режисер Горан Капетанович, снимена во Стокхолм и Јордан, оваа серија перфектно го доловува бруталниот третман од страна на екстремистите кон жените во Рака, Сирија, ранливоста на младите тинејџерки и лукавите начини на придобивање и експлоатирање на жените од страна на терористичките организации.
Caliphate експлицитно ја доловува атмосферата на живеењето во Рака и суровиот третман кон жените кои се третирани како предмети и се комплетно лишени од своите права како човечки суштества, но исто така, ги покажува итрите тактики за радикализирање и регрутирање на младите девојки чија перцепција за религијата е некомплетна, земајќи ја предвид нивната ранливост поради возраста, но и социјалната структура на живеење.

 

 

The Alienist (2018 – )

 

 

Психолошка крими серија со десет епизоди која нималку не го романтизира животот во 19-от век, The Alienist е всушност адаптација на истоименуваниот роман на Калеб Кар од 1994-та, роман во кој Кар пишува за темната страна на секојдневието во Њујорк, отфрлајќи ги зашеќерените приказни типични за тоа време и обрнувајќи внимание на искористувањето и фетишизирањето на децата. Дејството се одвива во 1896-та и се фокусира на серија на убиства на сексуално експлоатирани млади момчиња принудени на проституција – секогаш облечени во фустани типични за Викторијанската ера. Серијата експлицитно го прикажува суровото секојдневие на младите деца од пониските слоеви во општеството, но и несоодветниот третман и комплетна негрижа на корумпираните полициски органи – децата во континуитет се нарекувани дегенерици и нивните случаи се занемарени од страна на полицијата поради тоа што се сметаат за неважни.

Од друга страна, адекватно е прикажан и развојот на криминалистичката психологија како и стигматизацијата и објективизацијата на жените во работната средина. Главните улоги ги толкуваат Даниел Брул, Дакота Фенинг и Лук Еванс.

 

 

Unorthodox (2020 – )

 

Мини серијата Unorthodox е наштимана за преглед во една вечер. Базирана врз мемоарите на Дебора Фелдман и предводена од 19 годишната Шира Хаас како Естер „Етси“ Шапиро, дејствието не’ води низ приказната на една млада девојка која бега од својот брак наметнат од традицоналистичката Хасидична средина во Вилијамсбург, Бруклин. Етси ја бара својата слобода во Берлин, каде под закрила на група студенти на музичка академија си ја пробува среќата во својата дотогаш забранета пасија за музика, истовремено бегајќи од потерата на својот сопруг Јенки (Амит Рахав) и неговиот криминоген братучед, Моише (Џеф Вилбуш).
Избегнувајќи ја претпоставката дека серија со волку религиозни конотации би се бавела со тешки прашања околу Бог и оносветовното – Unorthodox, согласно името – неортодоксно, комплетно бега од очекувањата. Развојот на приказната е неочекуван – од девојка која „треба да си го знае“ своето место во редина која бара од неа со наведната глава да молчи, трпи, служи и раѓа „како што е пишано“, Етси прераснува во кормилар на својата судбина и одлучува сама одново да се измисли онаква како што знаела отсекогаш дека можела да биде, но не смеела, без разлика на неизвесноста која и ја носи новиот почеток.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • April 9, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Турција и Сирија
Бројот на жртви во Турциja и Сириjа е во постоjaн пораст.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram