Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.

Олабавувањето на мерките кои ни го оркестрираа движењето до неодамна и падот на бројот на заболени од коронавирусот ни донесе нов елан и полетност. Сепак, сенките од изминатата година се веќе дел од нас, а условите во кои живее/в/ме ни наложуваат да трагаме во себе, по нови и креативни сили во борбата со познатото и непознатото. Како важна рефлексија на изминатата година и екипирање за она што нè чека во иднината, прашавме 5 жени каде црпат надеж во вакви времиња.

 

НЕДА ЧАЛОВСКА
правничка и активистика 
  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почетната точка од која секогаш тргнувам е разбирањето на надежта како активно делување, наместо пасивно чекање нешто да се промени, дури и во време на ваква глобална пандемија. Секако е полесно да зборуваме за надеж, ние, жените, кои доаѓаме пред се од економски привелегирана позиција споредено со останатите кои директно се соочија со распаѓањето на системот кој не можеше да одговори на ниту една нивна потреба. Тука зборувам за секојдневните хероини кои го преживуваат денот во небезбеден дом, за самохраните мајки, жените со пореченост, жените Ромки, жените од руралните средини, текстилните работнички. Нивната борба ми дава и мене сила, но и обврска да се борам за поправеден свет.

Изминатиов период ме научи да ги славам малите победи, пред се против патријархалните норми, кои како феминистки ги правиме постојано, но не ги забележуваме, трчајќи по таканаречената голема слика. Промена на стереотипно мислење преку аргументирана дискусија, спротивставување на дискриминаторско однесување на работно место, недвосмислена поддршка на некој/а чии права се повредени, се само примери како секојдневно се спротивставуваме и го менуваме системот од доле нагоре. И да, феминистичкиот свет(л)оглед и размената на енергија преку феминстичките разговори секогаш ми даваат сила да продолжам понатаму.

 

РУЖИЦА MAKСИМОВСКA
новинарка, главна и одговорна уредничка на Портрет 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Често размислувам на оваа тема и се прашувам дали е нормално секогаш кога би ми било најтешко и кога сум била најповредена, да се чувствувам најхрабра и да имам најоптимистични мисли за иднината? Не сум сигурна  дали тоа било така зашто обично станувало збор за релации, ситуации или настани за кои сум знаела дека се токсични за мене, па на некој начин ми олеснило или едноставно, мојот одбранбен механизам на тој начин се справува со проблемите.

Морам да кажам дека за жал оваа година и целата ситуација со пандемијата на Ковид 19, ми падна многу тешко на професионален план. Ние работиме креативна работа, постојано сме во движење и едноставно дојдовме во ситуација сè што правиме да е импровизација и да мораме да се приспособиме на новите услови на живеење. Имаше период кога бев во некоја меланхолична, апатична фаза и кога претпоставував дека и нашите читатели се чувствуваат така. Тогаш имав блокада и не знаев што е најсоодветно да пишуваме. На сите веќе ни беше преку глава од рецепти, сите ги имавме изгледано сите серии, за пандемијата се зборуваше буквално секаде, а многу важни теми и проекти не можевме да ги сработиме, зашто ни беше ограничена слободата на движење. Но јас имам среќа да работам работа во која запознавам премногу талентирани, упорни и успешни луѓе. Пишуваме за жени кои се навистина инспиративни, од кои многу научив и кои повторно и оваа година ме избавија од летаргичната фаза и ми ја вратија надежта. Имам преголема почит за нашите културни, филмски и музички работници и артисти, а нивните успеси секогаш ги доживувам емотивно и тоа исто ми дава чувство на огромна надеж. Сметам дека треба да престане омаловажувањето на локалната култура и уметност, дека треба да се трудиме да ги негуваме нашите вредности и да се надеваме дека и идните генерации ќе продолжат да размислуваат во таа насока. Во нашата земја има многу талентирани луѓе, кои можеби не добиле доволно медиумски простор, кои ми ја враќаат надежта и вербата во професионализам.

Надеж ми раѓаат и малиот круг прекрасни луѓе кои се околу мене секој ден. Со прекрасни карактерни особини, со многу љубов за сите, за своите професии, за своите семејства. Надеж дека ќе биде подобро ми даваат моите деца, нивните интереси и нивните другари. Цел еден нов свет од кој и јас секојдневно учам многу работи.

 

ЕНА УТЕВСКА
активистка за климатска правда 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Најпрво, надеж црпам од природата и нашата мајка Земја, во чие присуство чувствувам припадност и љубов. Надеж ми е знаењето за меѓуповрзаноста на сите луѓе и живи битија. Верувам дека она што ни се случува го поминале или поминуваат и други во нивниот живот и нивната издржливост и истрајност ми даваат голема храброст за чекорење по животот и кога има препреки.

Манифестација на поврзаноста се многу примери на сплотеност, солидарност и мали или големи акти на добрина на луѓето. Но, од неодамна надеж ми дава и разбирањето дека самата природа на постоењето на нештата е нивната непостојаност. Па вака, прифаќањето на промената на Земјата, нашиот животен стил, навики и сѐ што ни доаѓа и ќе дојде, го разбирам како еден дел од природниот циклус.

Сметам дека животот секогаш ќе биде исполнет со потешки и полесни моменти; потешките нѐ прават посилни, а полесните треба да знаеме целосно и присутно да ги уживаме. За крај, надеж ми даваат луѓето кои сѐ повеќе будно реагираат и дејствуваат кон тоа животот да биде подобар за сите, и тоа што движењата за климатска и социјална правда, ЛГБТИ+ права и слично, стануваат сѐ помасивни, а со тоа и погласни.

 

ЏАНЕ КРЕШОВА
Извршна директорка на Женски Форум – Тетово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Живееме во тешко време, време на корона вирусот кој е присутен во цел свет и донесе многу жртви. Ни се промени секојдневието, се затворивме во нашите домови, изолирани од светот, без средби со пријатели и колеги. Носењето заштитни маски стана секојдневие и оружје со кое се бориме против вирусот, долго време бевме во исчекување на вакцината која по долг период дојде и кај нас.

Осаменоста, стресот и депресијата го зголеми бројот на семејното насилство. Центарот за пружење на бесплатна правна помош беше активен за цело време на пандемијата и им нудеше помош на потешките случаи, но поради ваквата ситуација недостасуваа директните врски со женските здруженија за поголема соработка и координација. Воедно ни недостасуваат средбите за подигнување на свеста за сериозноста на семејното насилство, а повеќето од контактите со жените кои се жртви на семејно насилство ги реализираме преку телефонски разговори. Во посебни случаи, иако постои ризик поради пандемијата, организираме средби со жртвите кои имаат посебна потреба од помош. Верувам дека дека со заеднички сили меѓу граѓаните и институциите ќе се најде решение да се надмине ова тешка состојба која ни остави длабоки последици и дека нема да се повтори.

 

ВИКИ МЛАДЕНОВА
PhD студентка на Orientale Napoli

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Влезот во одговорот на ова прашање, во чие средиште стои збор што ужаснува и вдахнува истовремено – надеж, би сакала да го направам преку многу кратко димензионирање на надежта во политичката смисла на зборот, имено во однос на политичкото. Во еден пријатен разговор од 2000 година, Ернесто Лакло и Шантал Муф се согласуваат дека надежта е инхерентна на секоја политичка или општествена мобилизација. Нажалост, десницата има историја на мрачни политички успеси, успевајќи да јава на концептот на надеж како на див тигар, мобилизирајќи нови политички шеми на идентификација; кога главниот влог е тотализирачко пресоздавање на формалната политичка заедница и државата (примерите со Третиот Рајх, Путинова Русија и Трампова Америка се евидентни). Но добрата вест од мислењето на надежта заедно со политичкото, е што преку неа се воведуваат страстите, емоциите, афектите, желбите, имагинациите. Имено на рационалниот апарат од секојдневното живеење и формалната политика како негова испостава, му се спротивставуваат невообичаени политички капацитети, кои наместо да расудуваат, итаат кон хоризонтот на очекувања преку телесното, умственото, искусеното, проживеаното, чувственото сѐ наеднаш заедно. Имено, во лева еманципаторска смисла, надежта го поддржува т.н. социјален имагинариум кој несомнено е важен за градењето на колективните и сингуларните идентитети.

Се повлекувам кон интимен, конечно, пососредоточен одговор на твоето прашање, драга Калиа, па нужно одново се стресувам од Бекетовата реплика „Не можам понатаму, одам понатаму“. Надежта, во оваа реплика, барем е интерпункциски воочлива, имено таа е запирката помеѓу зборчињата „понатаму“ и „одам“. Парадоксално, и како што е видливо од оваа репрезентативна реплика, надежта е нужно поврзана со местото на страдање. Изгледа како да вирее, всушност, на прагот помеѓу тоа место и некое друго место, каде допрва треба да се вдомат материјалните облици на тоа што претходно нѐ обнадежува. Во контекст на тековнава коронакриза или „ова време“ на кое реферира прашањето, ова од погоре се здобива со поголема јаснотија или, барем, со силни пронижени искуства за кои е рано да ги памтиме, а кои исто така и ни збоктиса да ги живееме. Една фасцинантна жена, на почетокот на мојот личен пад сосе силниот егзистенцијален тресок, по кој едвај жива глава извлеков, во текот на пандемијава, ми кажа: Вики, кризата е и потенцијал. Оваа реченица, во периодот кој следеше, ми послужи да поитам кон хоризонт на очекувања, кој пред да се наѕре, ги испресекуваше движечките места на моето јас: моето тело, моите чувства, мојот поглед вперен во погледот на пријателите, во чии зеници ги барам своите повратно, значи, формирајќи супер-зеница: загледана во хоризонт на смалена болка од загуба, воопшто помалку загуба, едновремено и на силно пријателство. Пријателството, како ниту една друга форма на заедничарење, ги хармонизира грижата за себе и грижата за другиот. Пријателството е резервоарот од кој црпев надеж ова време, накусо. Ваква е мојата мисла, а таа Џорџо Агамбен ја дефинира како „снага од безнадежност“. Намерно завршувам со Агамбен (сосе препорака за едно негово интервју од 2004: Rethinking Marxism, Volume 16, N. 2), затоа што никогаш до мај, 2019, во Неапол, немав видено како некој филозоф понервозно и истовремено инспиративно одговара на прашање поврзано со надежта, и иритантно поставено кон него со Дали, Вие Агамбен, сте песимист или оптимист (?).

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • June 30, 2021
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram