Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.

До 1980-тите, терминот „геј“ претежно се користел за квир луѓе со различни идентитетски одредници и се сметал за прифатлив наспроти етикетата „хомосексуалци“ или останатите навредливи зборови. Денешната кратенка ЛГБТК која има за цел да ги обедини сите квир лица се појавила во поодминатите години на кризата со СИДА.

Отпрвин, акронимот ЛГБТ бил познат како „ГЛБТ“ – геј, лезбејки, бисексуалци, трансродови лица. Преминот во „ЛГБТ“ – со лезбејките на чело – всушност бил умислен потег со кој им се оддало почит на лезбејките за нивната несебична поддршка и помошта укажана на геј мажите и останатите квир лица кои боледувале од СИДА и нивната улога како негувателки, медицински сестри и крводарителки.

Голем број на здравствени работници за време на кризата со СИДА одбивале да бидат во иста просторија со пациенти заболени од СИДА. Медицинските сестри оставале послужавници со храна на подот пред нивните болнички соби. Лезбејките биле тие кои се грижеле за многу од овие геј мажи (и други пациенти заболени од СИДА) кога никој друг не сакал да го прави тоа.

Во 1983 година, среде растечката паника околу ХИВ вирусот, на геј мажите ширум Америка им било забрането да даруваат крв. Тогаш истапуваат лезбејките и формираат крводарителни групи ширум земјата познати како „крвни сестри“ (blood sisters) – од кои најпозната е групата од Сан Диего – кои организираат акции за дарување крв за геј мажи заболени од СИДА, кои биле во очајна потреба од трансфузија на крв.

За време на првата крводарителска акција во Сан Диего, организаторките очекувале да се појават максимум 50-тина луѓе, но дури 200 жени се појавиле и чекале да ја дадат својата крв за каузата. Овие акции се организирале во текот на 80-тите и почетокот на 90-тите, пред да бидат достапни првите третмани за ХИВ.

Крвните сестри давале многу повеќе од крв. Благодарение на нив, мажите кои страдале добиле утеха дека се сакани и дека се дел од една поголема заедница за поддршка која во рамките на своите можности секогаш ќе го прави она што е потребно за да се надмине кризата. Во тоа време, оваа поддршка била непроценлива, бидејќи американската влада комплетно ја напуштила и се откажала од заедницата на геј мажи, не преземајќи ништо за да им помогне и да најде лек за вирусот. Претседателот Роналд Реган за првпат јавно го изговорил зборот „СИДА“ дури во 1987 година.

Факт е дека пред кризата со СИДА, геј мажите не секогаш биле љубезни кон лезбејките. Геј баровите, чија главна клиентела биле белите геј мажи, често не им дозволувале на лезбејките да влезат. Квир жените биле на маргините на движењето за ослободување на хомосексуалците, во чиј центар повторно биле цис мажите. Но, кога изби СИДА-та, лезбејките биле таму.

„Одеднаш, болниците беа полни со лезбејки кои волонтираа. Доброволно влегуваа во овие соби за да им помогнат на моите пријатели кои умираа. Се сеќавам дека бев толку трогнат од нив, затоа што геј мажите не беа премногу љубезни со лезбејките. Ги нарекувавме „риби“ и ги исмевавме буч лезбејките кои доаѓа во баровите –  а сепак, тие беа тука“, раскажува еден геј маж од Сан Франциско кој бил заболен од ХИВ во 80-тите.

Групите на Крвните сестри биле многу повеќе од само групи за поддршка. Тие им се спротивставиле на стигмата и неправдите и ја обединиле квир заедницата, покажувајќи храброст и спремност да се исправат пред кризата.

Извор: Matt Bernstein

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 1, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Рафики: Колективниот пристап е клучен за впечатливи искуства 
Запознајте го диџеј колективот РАФИКИ Берлин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Мислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
  • Од Љупчо Петрески
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Сандра Анастасовска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Јасна Жмак: Од театарот треба да очекуваме повеќе
Авторскиот перформанс на пистелката и драматург Јасна Жмак “this is my truth tell me yours” ќе игра на Академска сцена на ФДУ, на 26 септември од 20:00ч. како дел од фестивалот Прво па женско. Запознај ја Јасна со разговорот во прилог.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram