Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.

„Уште како дете ме имаа научено дека во време на неволји, читаш, учиш, развиваш, се вртиш кон книжевноста. Информациите значеа контрола.“

-Joan Didion (The Year of Magical Thinking, 2005)

 

Во потрага по мојот професионален идентитет, се свртив кон читање критички книги за графички дизајн. Несомнено, мојот избор да учам теориски е поврзан со она што јас го сметам за еден голем дел од мојот личен идентитет – книгата. Со задоволство можам да потврдам дека не припаѓам на стереотипот според кој графичките дизајнер(к)и не читаат. Независно дали ова клише е точно, пишува Рубен Патер (Ruben Pater), „Lorem ipsum dolor sit amet“ често продолжува да се користи како замена за некој текст што не е најпаметно во случај кога самата цел на типографијата е давање контекст и структура на текстот за да биде почитлив¹. Наоѓањето слатка средина помеѓу содржината и изгледот е предизвик за секој(а) книгосоздавач(ка). Ако во моето детство ми било важно да прочитам што и да дофатам, во моите дваесетти години, за првпат, книгата ја гледам и разбирам како полно тело – семантичко и типографско.

Во последните неколку децении забележуваме револуција на визуелниот изглед на книгата, како и на самиот термин. Што значи книга во современ контекст наспроти книга, на пример, во осумнаесетти век? Еволуцијата на книгата не се должи единствено на технолошкиот развој, туку и на индивидуалци и групи кои почнуваат да ги отфрлаат техничкото и графичкото уредување на книгата како традиционална и патријахална структура. Читајќи за занаетот на печатење, книгата, женското ослободувачко движење и типографките, сфаќам дека судбината на книгата зависела (и сè уште зависи) од слободата и отпорот на мал процент луѓе.

 

Книга или нова шапка?

 

Во поп-културата и мејнстрим кинематографијата на новиот милениум, жените кои читаат се најчесто аутсајдерки предодредени за некоја епска иницијација во посакуваната и популарна девојка. Откако филмската индустрија ја исцрпи оваа тропа, започнаа да се екранизираат други варијанти, во кои ја откриваме тајната на убавата и популарна девојка: таа е паметна и чита. Сепак, наоѓаме една заедничка точка и во двата премина. Книгата често е третирана како идентитетски објект, помагало за трансформација.

Од каде влече корени стереотипното портретирање на жената и нејзиниот однос со книгата со кој мојата генерација порасна? Зошто девојките кои читаат се аутсајдерки во филмовите? Одговорот делумно го најдов во текст на Ен Лион Хејт (Anne Lyon Haight) – „Дали жените се природни непријателки на книгите?“ („Are women the natural enemies of books?“) Таа забележува дека жените во минатото не биле подложни на опсесијата со книгата како мажите затоа што ја немале истата можност. Освен ако жената не била финансиски независна, таа морала да избере како да го користи месечниот додаток и што ѝ е потребно. Следствено, таа морала многу да сака да купи книга наместо нова шапка или нешто друго што ѝ е потребно (Haigh, L. Anne. Are women the natural enemies of books?). Да не заборавиме, книгите биле привилегија и продолжуваат да бидат на многу места во светот.

Во долгата историја на книгата, се чини дека книгите се печатени, пишувани и читани од мажи.

„Во темелот на секоја машка национална книжевност (а нема друга освен машка), вградени се време, енергија и имагинација на безимени читатели.“ (Ugrešić, Dubravka. Lisica, 2017, 72)

 

 

Жени. Принт. Контракултура.

 

Група жени во 1937 година ја издаваат книгата Bookmaking on the Distaff Side¹ за која пишуваат дека е прва книга продуцирана од жени за жени за процесот на печатење. Освен што ја откриваат скриената историја и важноста на улогата на жените во трговското принтање, често се обраќаат повикувајќи на револуционирање на печатењето. Почнуваат да го доведуваат под прашање конвенционалното уредување на текстот. Даваат сугестии за избор на типографија и покажуваат одбивност кон тиранијата на совршено прецизниот простор помеѓу печатените зборови. Книгата е значајна затоа што почнува да се пишува за тешкотиите со кои се среќава една типографка и работничка во тоа време.

Еден од проблемите е невозможноста да се најдат потенцијални клиенти поради машките клубови во кои тие не се добредојдени, а каде се случуваат сите бизнис договори. Група жени создаваат своја организација – Типофилки (Typophiles), како реакција на машките собиралишта. Нивната работа започнува во 1908 година, а нивните наследнички ја одржуваат сè до 2011 година, заклучувајќи ера на предавања, состаноци и разговори за занаетите, како што се типографијата и изработувањето книга.

Жените имаат долга историја на користење на печатот во темелите на контракултурата.

Џес Беинс (Jess Baines) пишува дека во 1970 година во Британија, принт културата била клучна за движењето за женско ослободување. Принтот се користел како примарна комуникациска технологија. Дизајнот станува ангажиран. Се прават памфлети, флаери, списанија, книги: „Нови нешта се кажуваа, замислуваа и истражуваа. Се градеа и оспоруваа нови дискурси.“ (Baines, Jess. A Darn Good Idea: Feminist Printers and the Women’s Liberation Movement in Britain)

Една од феминистките што учествува во женското движење во седумдесеттите, дваесет година подоцна ги остварува своите револуционерни идеи за намената на дизајнот. Шила Леврант де Бретвил (Sheila Levrant de Bretteville) во 1990 година, како нова директорка на студиите за графички дизајн на Yale University School of Art ја менува структурата на студиите со цел дизајнот да се движи повеќе кон проактивна пракса, наместо да се фокусира на корпоративните услуги. Нејзиното преструктурирање на застарениот Mad Man модел, предизвикува лавина реакции и оставки на неколку лути машки колеги. За првпат студентите на катедрата за графички дизајн учат психоанализа, семиотика, постмодерна феминистичка и формалистичка теорија.

Кога во шеесеттите години на претходниот век, колективи, група пријатели и истомисленици изнајмуваа сали и собираа пари за да купат машини за печатење од тогашните фабрики, се раѓаше идејата за инклузивност, слобода, заедништво. Почнуваше да се сфаќа дека постои повеќе од еден начин нештото да се каже и пренесе.

Дигиталната ера (слично на хипи движењето) стремеше кон нова ера на меѓучовечко обединување. Почетоците на интернетот се резултат на контракултурата по Студената војна. „Како се случи социјалното движење посветено на критикување на технолошката бирократија на Студената војна да ги прославува социо-техничките визии што ја анимираа таа бирократија?“ (Turner, Fred. From Counterculture to Cyberculture). Интернетот требаше да биде револуција, темел на идеалното ново општество. Ветувањата денес пропаѓаат во вода затоа што во центарот на идејата за глобално, меѓучовечко поврзување, стојат корпорациите кои постојано го интегрираат и таргетираат индивидуалецот.

 

*

 

Книгата на денешницата се обидува да го имитира нашето детство, лично и колективно. Кога ќе отвориш современа книга или списание е како да отвораш тетратка на дете: поезија, чкртки, судир на бои и инфатилна експресија. Примарната потреба да бидеме прифатени се забележува и во тоа што книгата е сè помалку резултат на технички, а повеќе е на храбар интуитивен и имагинативен процес. Таа е ранлива, интимна, изложена и субверзивна. Се имитира заборавеното писмо, додека уредувањето на текстот зависи од природниот тек на мислата.

Моето размислување за долгата човечка историја на читање, пишување, резбање и создавање книги има звук. Звучност што сè менува низ годините и вековите. И го слушам моето возбудено срцебиење од убавината на нешто кое во себе крие тон, на тивка или на гласна моќ. Но, секако моќ!

 

 

¹Значењето на зборот distaff (фурка) се користело агументативно за женската страна на семејството. Distaff (фурка) се користи како негативната спротивност на staff (стап) што ја претставувал машката страна на семејството.

 

 

 

 

 

Користена литература: 

Ruben Pater, The Politics of Design, Amsterdam: BIS Publishers

Haigh, L. Anne. Are women the natural enemies of books?, Natural Enemies of Book: A Messy History of Women in Printing and Typography, Occasional Papers 2020.

Baines, Jess. A Darn Good Idea: Feminist Printers and the Women’s Liberation Movement in Britain, Natural Enemies of Book: A Messy History of Women in Printing and Typography, Occasional Papers 2020.

Bretteville, de Lavrant, Sheila. Care and inclusion, , interview by Ellen Lupton. One and many mirrors: perspectives on graphic design education. Occasional Papers and The Physics Room, 2020, 24-25.

Turner, Fred. From Counterculture to Cyberculture : Steward Brand, the Whole Earth network, and the rise of digital utopianism, Chicago: The University of Chicago Press, 2006.

НАПИШАНО ОД:
  • Принтот не е мртов
  • December 23, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram