Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
Конгресменката изјави дека односот на Џо Бајден со прогресивците зависи од неговите постапки. Ги отфрли критиките од централно ориентираните во Домот, нарекувајќи ги „седечки патки” некои од кандидатите кои ја изгубија трката.
Со месеци, Александрија Окасио-Кортез и служеше добро на Демократската партија и на Џозеф Б. Бајден Помладиот додека тој се обидуваше да го победи претседателот Трамп.
Но, во саботата, во скоро едночасовно интервју, кратко време откако новоизбраниот претседател Бајден беше прогласен за победник, Окасио-Кортез ги потенцираше поделбите во партијата кои сè уште постојат. Таа ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
Ова се уредените извадоци од разговорот.

 

Конечно имаме поцелосно разбирање за резултатите. Кој е вашиот генерален заклучок?

 

Па, мислам дека најважно е што веќе не сме во слободен пад кон пеколот. Но, останува прашањето дали ќе се издигнеме од ова. Го паузиравме ова немилосрдно спуштање. И, прашањето е дали и како ќе се изградиме повторно.
Знаеме дека расата е проблем и со негово избегнување нема да се решат изборните проблеми. Мораме активно да го разоружаме потентното влијание на расизмот на гласачките места.
Но, исто така, научивме дека прогресивните политики не им штетат на кандидатите. Секој кандидат што го ко-спонзорираше Medicare for All го задржа своето место во пресвртните окрузи (swing districts). Исто така, знаеме дека ко-спонзорирањето на Green New Deal не беше неуспех. Мајк Левин беше еден од првите поддржувачи на легислативата, и тој го задржа своето место.

 

Во одност на вашата прва изјава, демократите изгубија неколку места на изборите за кои се очекуваше да ги добијат. Дали тоа му го препишувате на расизмот и белата надмоќност на гласачките места?

 

 

Мислам дека ќе биде навистина важно како партијата се справува со ова одвнатре и дали партијата ќе биде искрена кон себе и ќе направи вистински пост-мортем за да истражи зошто изгубиле. Уште пред да имаме какви било податоци за многу од овие трки, веќе имаше покажување со прст кон прогресивците и дека ова е нивна вина и вина на Движењето за животите на црнците.
Веќе започнав да го разгледувам начинот на функционирање на овие кампањи. И, работата е во тоа што јас ги станувам од фотеља демократите две години по ред. Веќе две години ги победувам кампањите водени од Комитетот на Демократскиот конгрес. Така стигнав до Конгресот. Така ја избравме Ајана Пресли. Така победи Џамал Боуман. Така победи Кори Буш. Па така, сега знаеме за екстремните пропусти во кампањите кои ги водат демократите.
Нешто од ова е криминално. Тоа е злоупотреба. Конор Ламб потроши 2.000 долари на Фејсбук една недела пред изборите. Не мислам дека некој што не е на Интернет на правиот начин оваа „Година на нашиот Господ 2020“ и притоа губи на избори може да обвини некој друг кога не ни бил присутен на Интернет.

Исто така, разгледав многу од кампањите што изгубија, и факт е дека ако не трошиш 200.000 долари на Фејсбук со собирање средства, убедување, регрутирање волонтери, „get-out-the-vote” една недела пред изборите, не ги користиш сите цилиндри од моторот. И ниту една од овие кампањи не ги искористи сите.

 

Е па, Конор Ламб навистина победи. Значи, тоа што го велите: инвестицијата во дигиталното рекламирање и промовирање е поголема причина што умерените демократи изгубија, отколку некоја нивна прогресивна политика?

 

Овие луѓе покажуваат кон републиканските пораки поради тоа што се чувствуваат како тие да ги смачкаа, така? Но, зошто бевте толку ранливи на тој напад?
Ако не тропате од врата на врата, ако не сте на Интернет, ако главно се ослонувате само на ТВ и пошта, тогаш не водите кампања на сите полиња. Само не согледувам како некој може да се повикува на идеолошки тврдења кога не ни водел целосна кампања.
Нашата партија не е ниту на Интернет, барем не на вистинскиот начин што би ја докажал нејзината компетентност. Е па, да, тие беа ранливи на овие пораки, затоа што не беа дури ни на медиумите каде што овие пораки беа најпотентни. Секако, можете да ја посочите пораката, но тие исто така беа седечки патки. Тие беа седечки патки.
Има причина зошто Барак Обама изгради цел државен апаратус за кампања надвор од Демократскиот национален комитет. И има причина што кога тој не го активираше или не ја продолжи неговата употреба, го изгубивме мнозинството во Претставничкиот дом. Бидејќи партијата – сама по себе – ги нема основните надлежности, и ниту една сума пари нема да го поправи тоа.
Ако ги изгубев изборите и излегов да кажам: „Ова е вина на умерените. Ова е затоа што не ни дозволивте да гласаме за Medicare for all”, а после тоа, да ми ѕирнат под хаубата на мојата кампања и да откријат дека потрошив само 5000 долари на ТВ реклами една недела пред изборите? Би се изнасмеале. И така изгледаат сега, обидувајќи се да го обвинат Движењето за животите на црнците за нивната загуба.

 

 

Дали има нешто од вторникот што ве изненади? Или ве натера да ги преиспитате поранешните ставови?

 

Уделот на поддршката на белците кон Трамп. Мислев дека нешто не штима со гласањето , но само кога го видов, се појави чувството кога ќе сфатите уште колку работа имате пред себе.
Треба да започнеме со доста антирасистичко, длабоко преиспитување во оваа земја. Затоа што ако продолжиме да ги губиме гласовите на белците и повторно да дозволиме Фејсбук да радикализира сѐ повеќе и повеќе елементи на белите гласачи и белиот електорат, не постои бројка на луѓе со различна боја на кожа и млади луѓе за кои може да се претпостави дека ќе надоместат за тоа.
Но, проблемот е што токму сега мислам дека стратегијата на Демократите е да се избегне реалното преоѓање преку ова. Само обид да се избегне закачање со мечката. Тоа е нивниот аргумент за намалувањето на трошоците на полицијата, нели? Да не се дразни расната огорченост. Не мислам дека тоа е одржлива мерка.

Затоа, моите колеги треба да разберат дека ние не сме непријателот. Дека нивната база не е непријателот. Дека Black Lives Matter не е непријател, дека Medicare for all не е непријател. Не се работи само за тој кој ќе победи во расправијата. Се работи за фактот дека ако продолжат да одат по погрешната работа, мислам дека само јазајакнуваат сопстевната застареност.

 

 

 

 

 

Извор: The New York Times 

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • November 17, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уметници кои ја трансформирале југословенската култура
Преглед на дел од творештвото на десет југословенски уметници и/или колективи.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Инспиративно порно (кога инспирацијата станува порнографија)
„Не постои количество на насмевки кои претвориле скали во рампа”
  • Од Лин
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Јасна Жмак: Од театарот треба да очекуваме повеќе
Авторскиот перформанс на пистелката и драматург Јасна Жмак “this is my truth tell me yours” ќе игра на Академска сцена на ФДУ, на 26 септември од 20:00ч. како дел од фестивалот Прво па женско. Запознај ја Јасна со разговорот во прилог.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram