Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.

Насловна фотографија: Мартин Атанасов

 

Минатата недела во Скопје, во рамки на 46-то издание на МОТ се одигра феноменален, длабоко интимен и политички ангажиран танцов перформанс или повеќе – перформативен танц насловен „Силата на С“. Ова интердисциплинарно дело во авторство и продукција на кореографот и танцовиот уметник Александар Георгиев – Аце и е ко-продуцирано од Локомотива, Гараж Колектив и ICC – Imaginative Choreographic Center. На неговото премиерно прикажување настапија танчарите од познатиот колектив „STEAM ROOM“, во состав на Георгиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас, кои, како и секогаш, ја оставија публиката во состојба на катарза и ослободувачка внатрешна резонанса од танцовиот патопис на безброј емоции.

Делото ги истражува „политиките на читањето одзади“ (Allan, J.A.), буквално од агол на анусот и задникот. Танцот го преиспитува прифатливото и табуизираното во рамки на јавното и институционалното, фрлајќи критика кон хомофобијата и хомопаранојата, и на многу повеќе од тоа. Фокусирајќи се на дел од телото што е општествено „усмртен“ и „гротескен“, кореографијата го демистифицира, дестигматизира и поставува анусот како актуелен критички пункт на уметноста преку кој се толкува и менува стварноста. „Силата на С“ ги истражува антропоморфните карактеристики на меѓуножниот мускулен отвор што долго време беше цензуриран поради различните антропогени и тенденциозни влијанија, што имаат врска со моќта за власт, економијата и епистемологијата на значењето.

Абјектната природа на анусот во рамки на танцот се преобразува во најблизок извор на сила за спознавање на вистински мрачните и зли жаришта на денешницата. Танчарите излегуваат на сцената исправени, а потоа се постојано надвиснати надолу и свртени со грбот и со задникот кон публиката, алудирајќи на превртувањето на општествената пирамида и ништењето на хиерархијата. За постигнување на тоа тие никогаш не ги покажуваат своите лица, криејќи ги дури и во најнапорните танцови секвенци. Нивните вратови се секогаш свиткани, така што брадата им го допира градниот кош, презентирајќи симболично отсекување на главата од телото. Постојаната впереност на главата кон подот создава оптичка илузија на смалување на телото до негово преполовување и метаморфозирање во суштество со долги нозе и задник – место глава што набљудува. Зафрлањето на нозете од лево кон десно има ефект на предизвикување на заборав дека горниот дел од телото некогаш постоел. Всушност, во текот на целиот танц триото на сцената се движи во различни формации на фибоначева поставеност, за на крај да се соедини и тактички и ритмички во едно цело кое наликува на триаголник што пулсира, вадејќи ја метафората на пирамидата на виделина.

Акефалното движење во просторот е алузија на кастрацијата на централизираниот политички авторитет и смртта на „Лидерот“ и уште од самиот старт, танцот ѝ прави иницијација на публиката во обезглавеното општество. Политичкото анално тука е критика на стигматизацијата на оние што се наоѓаат на последното општествено скалило и се обележани како „непожелни“ и „бесполезни“ во системското нормативно вреднување. Освен тоа, „Силата на С“ зборува и за економската вредност на оние области што скоро никогаш не се наоѓаат на листата на приоритети во денешното општество, какво што се уметноста, културата и образованието. Оваа танцова „анална економија“ (Stockton, K.B.) зборува за маргинализираноста на танцот како уметност, но и за кореографијата како потценета практика.

Но, сам по себе анусот не е економска категорија. Во врска со ова Георгиев вели дека:

„Анусот не е ниту економски, ниту идеолошки, ниту како идентитет близок и просперитетен во денешниот капиталистички свет, и тоа е конфузно и само-контрирачки, но и јасно само по себе. Поради фактот дека анусот не игра никаква улога во репродукцијата на човештвото тој ја губи целата своја вредност, иако е тој еден од централните мускули што служат за задоволство и секојдневно олеснување (не само во сексот, туку и за балансирање на организмот и исфрлање на фекалиите што телото ги смета за непотребни). Тој мускул ги бележи првите наши чекори на независност и еманципација преку неговото контролирање, искусување на првиот момент кога учиме да задржуваме и да не носиме пелени и да управуваме со задоволството како чувство. Анусот не принадлежи на определен идентитет, род или политички подвиг, тој просто коегзистира со сите подвизи и тоа од таму некаде одзади. Но, еманципаторски и доста свесно тој треба да стане дел од политичката дебата и политичкиот начин на делување, одзади, од темното, од срамното, од маловажното.“

Кореографијата го „оживува“ анусот преку неговото „дишење“, илустрирано со отпуштањето и стегањето на сфинктерите, очудувајќи го овој „срамен“, „несоодветен“ и секогаш покриен дел од нашето тело. Преку ваквиот визуелен впечаток се истражува концептот на аналното политичко како социјално, а не приватно прашање. На тој начин „Силата на С“ раскажува за придобивање на контрола и моќ врз сопственото тело и во околината, преку целосна деконструкција на фалусоцентричното-исправено низ кое еднолично се дефинира мажественоста во хетеронормативното опкружување.

„Силата на С“ има епифаничен крај кој е зајакнат со помош на хипнотизирачката сила на музиката на Цветан Момчилов, која гради чувство на постојано очекување и искачување кон нешто, што како вибрација останува со нас и по завршувањето на танцовиот перформанс. Музиката почнува со бавно темпо коешто го следи концептната кореографска линија на оснажнувањето на телата, од нивното загревање, истегнување, лазење и размрдување на колковите. Забрзувањето на музиката го следи приближувањето на телата едно кон друго и нивното конечно спојување. Нејзиниот ефект на мантра дава постојано лажно чувство на доближување до некаков ослободувачки крај, кој таа не го дозволува сè до смирувањето, забавувањето и оладувањето на телата на танчарите. Дополнително, за должината и брзината на делото Георгиев вели дека:

„Идејата на оваа кореографска работа е преку скулптурни и констелациски формации во бавно темпо, да ѝ даде на публиката да помине време без многу случувања, да се остават анусот и публиката да се гледаат и набљудуваат меѓусебно и да воспостават дијалог и некој вид меѓусебно равенство. Затоа, решението е 50 минути да поминеме гледајќи се и флертувајќи едни со други, бидејќи 10 минути нема да имаат никакво влијание.“

Кореографските решенија успеваат да го вознесат она што не можеме да го искажеме на глас во системот на воспоставени значења. Телата на сцената преминуваат од тешки во ослободени движења, кои ја придобиваат назад силата за да го слават „срамното“. Тие го активираат чувството на блискост со навидум далечниот Друг и Другиот во себе. Изведувајќи движења што потсетуваат на детски игри, во еден момент танчарите прават кула од тела што се чуваат меѓусебно и се крепат. Од нивната цврста прегратка и лулање се излева чувство на безбедност, доверба и блискост.

Конечно, танцовиот јазик во „Силата на С“ претставува излез од досегашните теориски епистемолошки значења за аналното и поинаков излез од традиционалните толкувања на претставите и улогата на анусот, но и воопшто на телото и телесното, дополнително нагласено преку сценографијата составена од златна завеса и златен танцов под. Сценскиот амбиент успешно ја надополнува кореографијата, но и претставата на анусот како космички елемент, како извор на енергија и инспирација, како ѕвезда или како Сонце, и место кое зрачи, а не само дно или црна дупка како што бил отсекогаш перципиран.

 

 

Фотографија: Зорица Зафировска

 

Фотографија: Зорица Зафировска

 

 

Фотографија: Ѓорѓи Десподов

 

 

Фотографија: Ѓорѓи Десподов

НАПИШАНО ОД:
  • Мања Величковска
  • December 3, 2021
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристијан Стефановски
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram