Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.

„Нова вештерка во градот!“ ентузијастично вели Банда, инаку претставник на власта, штом од полицијата добива повик за девојче кое се појавило од нигде никаде, а обвинувањата дека е вештерка – ниту ги потврдува ниту ги негира. Тоа се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.

Дебитантскиот филм Јас не сум вештерка на Рунгано Њони (Rungano Nyoni) го доловува апсурдот што го опкружува еден вештерски камп среде неодредено место во неименувана африканска земја, иако како мотивација за филмот на режисерката Њони ѝ послужиле вештерските кампови во Гана. Колку за контекст: феноменот на африканските вештерки Њони го открила додека престојувала во селото на баба си каде што премногу жени биле обвинети дека се вештерки. Секако дека се запрашала од каде изникнуваат овие обвинувања, а не вештерките.

Па така, почнала да го осмислува филмот и ликот на Шула (Maggie Mulubwa) која се приклучува во оваа вештачки создадена заедница од жени произволно обвинети за вештерство. Како сите, така и Шула добива лента прикачена за грбот која го ограничува движењето на вештерките во одреден радиус или како што се кажува во првата сцена од филмот: ги спречува да одлетаат (а би можеле да одлетаат дури до Велика Британија!) и да им наштетат на луѓето. Единственото нешто кое му се нуди (некаков вид квазиизбор) на одвај десетгодишното девојче, е останување во кампот и живеење според својата вештерска природа или бизарната можност да биде претворено во коза ако ја исече лентата. Шула, која од прва ќе ве освои со збунетоста во крупните детски очи, одбира да ја задржи својата лента и така почнува иницијацијата во новата околина. Со оглед на тоа што поголемиот дел од вештерките се безопасни и добродушни бабички, сите се свесни дека Шула се издвојува, но никој не одлучува да го каже тоа или да посочи на бесмисленоста во нејзиното затворање.

Како низ историјата, така и во овој филм вештерството функционира како банална причина и оправдување за мажите да можат да го контролираат движењето и дејствувањето на жените. Благодарение на бројните измислици, вештерките како непожелни мистични жени се одвоени од останатите, иако нема показатели дека поседуваат какви било натприродни моќи. Животот во вештерскиот камп се конципира околу измачувачка земјоделска работа и понекоја церемонија пропратена со обредно пеење и танци. Врвот на мизогинијата е тоа искористување на нивниот труд на кое се толку навикнати што не се ни бунтуваат.

 

Од овие вештерки отскокнува сопругата на Банда, која порано наводно била вештерка. Средбата со неа, кај Шула буди надеж зашто конечно добива погоден модел за препознавање и поврзување. Однесувањето кое некогашната вештерка го охрабрува подразбира почит, и послушност, истакнувајќи како таа „направила сè што ѝ било кажано“, па реинтегрирањето во средината станува нешто што треба да се заслужи, вид награда. Со тоа, пожелното однесување на малата Шула се поклопува со она однесување кое се смета за типично женско, како некогаш да сме се спогодиле нам да ни припаѓа таа подредена улога: без реплики, само тивко прифаќање наредби. Сепак, критиката во филмот е најмногу насочена кон ликот на Банда, а преку него индиректно и кон сите кои допуштаат митот за вештерките да опстојува.

Во светот во кој Шула е втурната, свет со многу лефтерно суеверие и демонизирање на жените, проблеснува и понекој разумен глас, но не доволно силен за да се спротивстави. На тој начин, вештерските кампови остануваат нешто нормално за локалното население, но атракција за туристите како што покажуваат неколку сцени од филмот кои во сатиричен манир го нагласуваат контрастот помеѓу двете средини, две различни реалности кои постојат паралелно и само изгледаат незасегнати една од друга. Не може да не се спомене и хуморот кој се провлекува и пројавува во скроз шашавите појави (на пр. жената која на вештерките им продава перики со имиња од типот: Rahinna, Minny Mikaj, Sim Kardashian) и практики (истурање скоро пола шише џин пред куќниот праг за заштита од лоши духови).

Откако се опседнав со филмов и изгледав низа интервјуа со режисерката и сценаристка Рунгано Њони, сфатив дека низ фиктивната приказна за одземеното детство на Шула, се прикажува и крајно нехуманиот однос кон жените во вештерските кампови. Таа открива дека лентите во филмот се само метафорична претстава на ограниченоста и заробеноста на жените во еден систем од верувања. Поттикната од поразувачките факти за тоа на што се сведува животот во таквите кампови, Њони зема елементи од своето родно место и од нивната автентичност поаѓа за да креира, како што вели, горчлива замбиска сказна. Некако ѝ успева истовремено да насмее и да натажи, па дури и да замисли кога еден од ликовите ќе го постави неизбежното прашање што останува да виси во воздух: А што ако е таа само дете?

НАПИШАНО ОД:
  • Радица Стојановска
  • Радица Стојановска
  • April 14, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram