Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.

„Колку пари се твоите контрацептиви?“ – ме праша другарка ми Али. „Прв пат ги купувам моите во Германија и ми рекоа дека се 50 евра за 3 месеци.“

„Моите обично ги земам од Македонија кајшто се многу евтини, ама истите во Германија се околу 20 евра за 3 месеци. 50 евра ми се некако многу за таа количина.“ -и реков. Али е од Тенеси, САД, и се пресели во Берлин пред околу една година, каде што моментално живеам јас. Такашто, стигната е до момент од нејзиниот престој тука кога мора да почне да го навигира германскиот здравствен систем.

„Нема да ти се верува ама во Америка се поевтини,“ ми рече Али.

Здравството во САД е во принцип приватизирано што значи дека цените на повеќето лекови и услуги се многу повисоки бидејќи не се субсенционирани од државата. Така што, овој факт стварно ме изненади, но не премногу. Најголемиот дел од луѓето во Германија имаат државно здравство, но трошоците за контрацептиви и абортус не се покриени од државата. Малку познат факт е дека законите за абортус во Германија се останати од 1933та година кога Нацистичката Партија им забрани на гинеколози да даваат било какви информации за абортус – законот беше делумно сменет оваа година, но сѐ уште има проблеми и недостатоци. Така што навистина не бев изненадена кога Али ми кажа дека таа искусува финансиски бариери во „прогресивна“ земја како Германија. Ниту државното ни приватното здравствено осигурување во Германија не покрива контрацепти како пилули, импланти и спирали.

„Аптекарката ми кажа дека покриено е од осигурување само до 21 година и искрено се навредив дека таа не мислеше дека имам 21 година,“ -се зафркаваше Али која има 25 години.

Јас, пак, имав обратно искуство во аптека во Скопје. Лани отидов со рецепт да земам апчиња за 4 или 5 месеци како што обично правам бидејќи мојот бренд на контрацептиви е поевтин во Македонија отколку во Германија.

„А колку години имаш ти?“ -ми рече аптекарката гледајќи го мојот рецепт.

„21.“

„А…во ред.“ -ми кажа некако засрамено. „Имаме само 3 пакувања така што другите 2 ќе мора да ги земеш од друга аптека.“ Ова ми се случува буквално секој пат кога купувам контрацептиви и секогаш морам да одам до барем 2 аптеки што е стварно зачудувачки. Или многу малце луѓе купуваат контрацептиви или намерно не се увезуваат доволно апчиња.

Младолика сум и често се случува луѓе да мислат дека сум помлада од тоа што сум – дури некогаш ми бараат лична карта во супер маркет кога купувам алкохол. Но ова беше различно. Јас отидов во аптека со рецепт од докторка која има авторитет да реши дали може да земам или да не земам одреден лек. Очигледно аптекарката помислила дека сум многу помлада – веројатно тинејџерка – и затоа сакаше да провери дали би требало некоја девојка на таа возраст да зема контрацептиви. Секако дека постојат одредени случаии каде што контрацептиви би правеле проблеми кај девојки и транс* лица во адолесценција, но во најголем дел тоа не е така. Проблемот што повеќето луѓе и таа аптекарка најчесто го имаат е слободата (или недостатокот на истата) со која даваат контрацептиви на луѓе кои можат да забременат. Ако аптекар/ка или доктор/ка даде контрцептиви на тинејџерка, тогаш практично го одборува нејзиното потенцијално сексуално однесување, а сите знаеме како тоа се перцепира во патријархални општества.

 

Илустрација: Ostapenko Olena

Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам инфомации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку. Не можев да најдам апсолутно никакви информации за брендот на контрацептиви кој јас го користам на македонски, иако е екстремно евтин и ефикасен. Користам Микрогинон кој ме кошта само 165 денари за 21 апче за еден месец, односно ако сакаме да споредиме со германските цени тоа се само 6.25 евра за 3 месеци што е стварно евтино. Но од другарка разбрав дека не се сите контрацептиви толку евтини – таа користи Јаз и ја кошта околу 500 денари месечно што би било поскапо отколку што би ме коштало во Германија каде што просечните плати се повисоки.

Ако нема доволно инфомации за различните контрацептивни средства, како би можеле да донесеме добри и информирани медицински одлуки за нашите тела? Затоа не е воопшто зачудувачко што само 12,8% од жените во Македонија користат контрацептиви. Тоа е екстремно ниска стапка што имплицира дека или е многу тешко да се добијат овие лекови или има голема неинформираност и стигма на оваа тема. За жал, нема доволно истражување во ова поле за да можам да дадам конкретен одговор, но мојата претпоставка е дека одговорот е некаде во средина. Сѐ уште немаме сеопфатно сексуално образование. Јас се сеќавам на само еден час кајшто зборувавме за сексуално здравје во средно кадешто фокусот беа сексуално преносливи болести и користењето на кондоми – контрацептиви не беа ни спомнати, ниту пак заштита при нехетеросексуален секс. Но веројатно најстрашно е кога дезинформации доаѓаат од медицински лица заради одредени сексистички стигми.

„Сакав да ве прашам каква е процедурата за ставање на спирали? Читав дека тоа е добра опција за контрацепција, особено бидејќи трае неколку години.“ – го прашав мојат гинеколог.

„А на твоја возраст не може тоа. Само откога ќе родиш се ставаат спирали.“ – ми кажа мојата докторка со огромна сигурност.

Кога повторно барав информации за спирали неколку месеци подоцна сфатив дека тоа дефинитивно не е точно – нема никаква причина зошто помлади жени не би можеле да ставаат спирали. Единствената причина веројатно е што младите жени кои би ја донеле оваа одлука не би можеле да имаат деца за дел од нивните „најплодни години“ и секако дека девојки не би требало да имаат таква контрола врз сопствените тела. Овие општествени стигми често се репродуцираат во медицинските ординации кои ги сметаме за објективни. Заради сексизам мојата докторка ми кажа мит, наместо факт или вистински медицински совет.

Ова се само неколку кратки случки околу моето репродуктивно здравје. Но не е доволно само повремено да читаме написи на оваа тема на феминистички сајтови. Би требало да е тема на која што се зборува во семејствата и во училиштатa и би требало да има лесно достапни информации на интернет. За жал ова не е моменталната состојба во Македонија, каде што само одредени граѓански организации како ХЕРА се занимаваат со оваа тема. Се надевам дека овој напис ќе биде само почеток на долга и отворена дискусија за репродуктивно и сексуално здравје.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • October 3, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram