Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?

Седам во удобноста на мојот дом изграден на имот што ѝ беше оставен во наследство на мајка ми од страна на нејзиниот татко. Точно знам колку ова парче земја ни беше значајно и потребно и колку маки ќе требаше да претрпиме да го немавме.

Жените, особено на Балканот, од, што би се рекло, старите времиња, се третирани како роба што треба да се продаде или предаде при брак. Самите свадбени традиции ја третираат жената како нешто што се зема од домот и се отцепува од фамилијата продадена за онолку пари колку што ќе собере во нејзините невестински чевли. Ќерката ќе ја омажиш во добра фамилија, ќе се пресели кај сопругот и твојот дом ќе остане твој. И на синот/синовите, секако. Жените одат во туѓа куќа, излегуваат од дома и градат нов живот, како да нема каде да погледнат наназад. Машките деца се оние кои го наследуваат имотот, бидејќи тие дома ќе донесат невести. На тој начин, наводно, сите си имаат свој дом, но на чело со мажи.

Девојчињата од мали нозе се подготвувани за овој „свечен чин“. Кога ќе те мажиме? Кому ќе те дадеме?, се стандардни прашања со кои се растат девојките. Тоа традиционално и симболично предавање премногу често се преведува и во самите општествени уредувања, па жените се оставени без нималку имот на свое име. Велат дека имотот треба да остане во фамилијата, на некој што го носи презимето. Жените се оставени со празни раце и на милост на своите сопрузи и нивната имотнина. Мажите се третирани како подостојни за да бидат сопственици на имотот, а жените се лесно отфрлени од тестаментите и принудени да се откажат од своето законско право на наследство.

Според статистика од Министерството за правда од 2019 година, процентот на жени сопственички и косопственички на имот е само 27 %, и тоа е во пораст од само 10 % изминатите шест години, и како таков е највисок прогрес на Балканот. Жените поседуваат помалку од 20% од земјиштето во светот. Истражувањето на 34 земји во развој на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации вели дека во тие земји тој процент е дури 10%. Ова е запрепастувачки ако земете предвид дека половина од светската популација се жени. Битката е бавна и тешка. Секојдневно жени се борат за она што законски им следува. Секојдневно жени поминуваат време во небезбедни домови со насилни партнери бидејќи немаат имот на свое име каде што можат да се преселат, да се вратат, да избегаат… Но, жената не би требало да е во насилна врска или брак за да стане јасно зошто е потребно и жената да има право на имот.

Се чини дека сè повеќе луѓе разбираат дека дискриминацијата на децата при поделба на наследство врз база на нивниот род е апсурдна пракса. Во тој контекст, прочитав коментари на активна кампања на оваа тема во Црна Гора од страна на невладината организација „Сигурна женска куќа“, каде што покрај искажаната поддршка, има и луѓе што се смеат и прашуваат: „Зарем тоа уште постои? Јас мислам дека одамна сите знаеме што е правилно.“ Но процентите покажуваат дека има огромен број на жени од урбаните средини коишто не добиле имот.

А пак во руралните средини каде сè уште јасно важи правилото дека наследството се остава на мажите, состојбата е уште полоша. Во случај да нема синови во семејството, тоа ќе биде оставено на машки роднини. И во случаи каде се дава нешто на девојчето или девојчињата во фамилијата, тоа многу ретко е рамноправно со братот или браќата. Според едно истражување од Националната федерација на фармери „во руралните области, само 4% од жените се носители на сопственички права, обично откако ќе станат вдовици. Се смета дека жената ќе го „однесе“ имотот што го наследила во друга куќа кога ќе се омажи и средствата нема да останат во семејството. Традицијата налага дури и ако на жената ѝ се понуди дел од имотот, таа да го одбие.“ Се случува и жената да добие еднаков дел од нивата, но во делот на братот да биде и куќата. Велат тој останал во таа куќа цел живот, заслужува да биде негова.

Жените од руралните средини во коишто оваа пракса е повеќе од вообичаена сè уште се оставени целсоно да зависат од своите сопрузи. Жените пред законот немаат право да одлучуваат што ќе се случи со одреден имот, бидејќи тој е во сопственост на нивниот сопруг, а тие свое немаат ништо. Во многу случаи при смрт на сопругот жената е повторно оставена на милост и немилост на фамилијата на сопругот која често знае да пројави желба за имотот, бидејќи не е на име на сопругата. Па потоа следат долгогодишни спорови по судови кои најчесто одат бавни и чинат пари. Жената во пракса е лишена од правда, иако законот за наследување јасно вели дека првиот наследен ред го сочинуваат потомците на оставителот и неговиот брачен другар.

Дискриминацијата на женските деца е далеку од истребена. До кога жената ќе биде робинка на мажите во нејзиниот живот коишто одлучуваат во нејзино име? Пишувајќи на темава, се сетив на трагикомичен разговор кој неодамна го имав со мојата единствена сестра во кој се потсетивме на блиското минато и заклучивме дека нашиот татко попрво ќе нè остави бездомнички отколку да ни го подели тоа што е праведно наше. Откако тој го продаде домот во којшто израснавме, ни кажа дека парите коишто ги тргнал настрана за нас ќе ни ги даде на нашите свадби. Времиња и услови што можеби никогаш нема да бидат дочекани и исполнети. А кога сестра ми му предложи таа да земе кредит од банка и да ја откупи куќата од него, тој ѝ се насмеа и реторички ја праша: „Што ќе ти е? Ти секако ќе си се омажиш негде.“

НАПИШАНО ОД:
  • Љупка Ѓошева
  • September 20, 2022
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Лила Милиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram