Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
Абигејл Береола: Неодамна имав прилика да разговарам со бел хукс за длабокиот труд кој го изискува љубовта кон себе и за влијанието кое го има нејзиниот недостаток врз патријархалната култура на злоупотреба и обвинување на работното место.
Низ вашите книги, пишувате токму за „желбата да се сака и да се биде сакан/а како желба која вреди сериозно да се проучи и да ѝ се обрне внимание“. Љубовта е нешто по кое се трага, романтиката продира насекаде, а луѓето постојано зборуваат за нивните партнери или врски, но и покрај тоа, вистинските дискусии за љубовта и како да се дојде до неа често се сметаат за несериозни – зошто мислите дека тоа е така?

бел хукс: Сметам дека вистинското работење на љубовта е особено тешко. Изискува интегритет, усогласеност помеѓу она што го мислиме, кажуваме и правиме. Мислам дека романтиката е комплетно различна бидејќи е „едноставна, доаѓа и си оди“, така што поголемиот дел од луѓето порадо би се задоволиле со фалсификувана љубов отколку да поработат на љубовта. Тоа е така бидејќи да се работи на љубовта пред сè подразбира да се има знаење за една личност и истата да се познава доволно. Не е лесно подобро да запознаеш некого. За тоа ви треба повеќе од една минута. Секогаш сум вчудоневидена од луѓе кои запознале некого, и еден месец подоцна, или се вселиле заедно или се венчале, и си мислам, дали навистина ја познаваш таа личност?

АБ: Колку време е потребно за да се култивира љубовта?

бх:  Мислам дека тука повеќе станува збор за тоа колку труд сте спремни да вложите во чинот на запознавање и грижење. Не се работи за тоа колку време би вложиле, туку што сте спремни да направите. Би рекла дека поради тоа што луѓето се толку зафатени, навистина им доаѓа тешко да мислат на следново: „Во ред, штотуку запознав личност која стварно ми се допаѓа, но можеби ќе ми треба една година да откријам каква е таа навистина“.

АБ: Во „Причест“, ја разгледувате женската конкуренција низ призмата на идејата за недостаток – на мажи, работа, внимание, љубов – и како тоа претставува пречка за негување на концептот сестринство. Што мислите дека е потребно за да се оддалечиме од овој модел? Како да почнеме да веруваме дека она што било наменето за нас ќе остане за нас и истото да го прифатиме со стил?

бх: Мислам дека во тоа се состои целиот проект на љубовта кон себе. Нашата прва љубов е токму љубовта кон себе. Таа започнува со прифаќање на тој бестрашен инвентар што ви дозволува да се качите на таванот или да го отворите плакарот и да погледнете што има таму. Што цените кај себе? Како комуницирате со другите луѓе?

Повеќето од нас со мака тргнуваат на ова патување затоа што доаѓаме од култура на ниска самодоверба. Ова е особено точно за жените. Па во таа смисла, навистина е тешко да се верува дека животот е (може да биде) правичен, дека можете да најдете љубов или дека вашиот живот може да биде значаен без љубов, ако зборуваме за романтично партнерство.

Јас немам партнер. Во целибат сум цели 17 години. Би сакала да имам партнер, но не мислам дека мојот живот има помалку смисла поради тоа. Секогаш им велам на луѓето дека мојот живот е како пита на која ѝ недостасува едно парче, но истовремено таа има уште толку многу парчиња – дали навистина сакам да го потрошам времето гледајќи во тоа празно парче и судејќи се според него? Една од клучните работи кај женската конкуренција е баш тоа дека секогаш судиме. Пред многу години, во феминистичките кругови го практикувавме следново: „Можете ли да поминете еден цел ден како жена без да донесете некаков критички суд за себе?“ Без воопшто да сме свесни за тоа, нè следи еден непрекинат проток на негативна критика која е сосема спротивна на љубовта. Не е ни чудо што по автоматизам претпоставуваме дека секоја жена го прави истото за нас.

Кога ја препрочитував „Желба за промена: мажи, мажественост и љубов“ како подготовка за овој разговор, си помислив: „бел хукс, ова е навистина добра книга и мисла дека сега треба да ја затвориш и да поминеш извесно време во тишина за да му се заблагодариш на возвишеното (the divine) за својот навистина паметен ум и за дарот на овие мисли“. Мислам дека не би можела да го направам тоа пред 20 години бидејќи ќе ме следеше некое чувство дека сум полна со себе, наместо да верувам дека можам искрено да ја проценам својата вредност. Жените би се сакале една со друга повеќе, како и своите ќерки и луѓето воопшто, кога би можеле да си ја дозволат таквата искрена проценка.

АБ: Во „Сè за љубовта“, пишувате за тоа колку е вообичаено да се обидуваме да најдеме некој кој би можел да ги сака недостатоците што ние самите не можеме. Но, во „Желба за промена“, исто така зборувате за тоа дека мажите често го потхрануваат избегнувањето на интимноста со користење на навредливи тактики. Па, се прашувам, бидејќи интимните партнери на мажите често може да завршат како чувар(к)и на нивната ранливост, но и чувар(к)и на нивниот бес, како што велиш, дали сметаш дека е поприфатливо за мажите да ги имаат и да ги покажат своите недостатоци во интимните односи, отколку за жените?

бх: Сметам дека за мажот е особено важно да ги покаже своите недостатоци пред жената со која е во релација. Најчесто мажите не се особено отворени да ги покажат своите недостатоци во врски кои не се интимни, затоа што сакаат да бидат безбедни. На жените, пак, им е наметнато да се чувствуваат небезбедно, па затоа сметаме дека можеби би се чувствувале побезбедно ако си ги признаеме недостатоците, ако си ја претпоставиме ранливоста. „Не сум добра во…“, „Грешам во..“, итн. Како тоа всушност да ќе ни го олесни патот кој нè чека во светот. Не би рекла дека мажите го делат тоа чувство.

АБ: Лесно е да се замисли хемијата како основа за љубовта, но во „Сè за љубовта“, нè предупредувате да ја напуштиме таа идеја. Велите дека љубовта претставува некакво делување и избор. Но што станува со изборот да сакаш некој што не избира да те сака тебе? Дали и тоа може да биде форма на совршена љубов или совршената љубов е секогаш обострана?

бх: Можам да сакам некој што не ме сака, но не можам да имам љубовен однос со некој што не ме сака. Многу е тешко да продолжите да сакате некој што нема да ве сака назад. Се сеќавам кога бев во врска со еден помлад човек и тој донесе одлука дека не сака да ме сака, а јас продолжив да сакам да ме сака. Ќе му речев на мојот терапевт: „Е, има да отидам кај него!“, а таа ќе ми речеше: „Знаеш, не гледам ништо лошо во тоа да отидеш кај него за пријателство, но ако одиш таму барајќи љубов, нема да ја најдеш, затоа што тоа не е нешто што тој може да ти го даде и не сака да работи на тоа да ти го даде“. Тоа беа навистина сурови вистини да се чујат, но беа точни. И ден-денес сум пријателка со оваа личност, иако раскинавме пред многу години, зашто престанав да очекувам дека ќе ми даде нешто што тој не сакаше да ми го даде или што можеби беше целосно неспособен да ми го даде.

АБ: Во „Сè за љубовта“, зборувате за совршената љубов како процес на рафинирање наспроти нешто што кое инхерентно постои. Што мислите, како изгледа тој процес на рафинирање со текот на времето?

бх: Мислам дека голем дел од тоа претставува прифаќањето на себеси и на другиот. Секогаш сум изненадена од тоа колку не прифаќаме. Во нашата група зборував за луѓе кои се долги години во брак, преку 30 години, и сè уште кај многумина од нив – особено во хетеронормативните врски – ќе ја најдете оваа нишка на незадоволство од другата личност или нетрпеливост кон другата личност. Знам дека кај моите родители го имаше тоа, а тие беа во брак многу повеќе од 30 години. Како никогаш да не дошло до тој момент на комплетно прифаќање на другата личност онаква каква што е. Затоа што за да прифатиш некого онаков каков што е значи и дека треба да прифатиш дека не може да биде онаков каков што сакаш да биде и мислам дека тоа ни паѓа навистина тешко. Сакаме луѓето да бидат по наша мерка.

Кога ги гледам младите жени кои бараат љубов во хетеронормативни врски, првото прашање кое им паѓа на ум и на нив и на момците не е за квалитетите на битието, како на пример: „Дали си љубезен/а?“, туку: „Дали си сладок?“, а потоа: „Со што се занимава тој?“. Ни јас не сум безгрешна, со сиот мој феминизам. Многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас всушност верувам дека мажите се исто толку несреќни како жените во релациите во патријархалните рамки. Студиите покажуваат дека повеќето мажи низ расите, класите, економијата, избираат партнерка врз основа на нејзиниот изглед. Ќе слушнете како момците велат нешто во стилот на: „О, да, во моментот кога ја видов знаев дека тоа е жената со која ќе се оженам“. Но, тие всушност зборуваат за некоја длабока привлечност што ја имале кон физичката природа на оваа личност. Не за квалитетите на битието. Често во хетеронормативните простори, ако мажот не покажува машкост во патријархална смисла на зборот, луѓето ќе речат: „О бел, тој е геј“ и според мене тоа е една од најжестоките бариери за хетеросексуалните мажи да го оспорат патријархатот, стравот дека ќе бидат сметани за геј мажи. Ах, хомофобијата што се крие позади тоа. Ќе видиме дека самоактуелизираниот маж или мажот кој се сака себеси не се плаши да биде сметан за геј затоа што знае кој е. Ако е геј, тоа е во ред, ако не е, тоа е пак во ред. Но, мислам дека генерално, повеќето мажи не си ја дозволуваат слободата да достигнат целосна само-актуелизација.

АБ: Што мислите дека е потребно за мажите да постигнат целосна само-актуелизација?

бх: Многу од овие работи потекнуваат од детството. И мислам дека додека навистина не увидиме како патријархатот влијае на тоа како ги воспитуваме момчињата, работите нема многу да се сменат. Не може да се започне со тоа кога некој има 30 или 20 години.

Кога ќе помислам на возрасни мажи кои мастурбирале пред некого, помислувам на тоа како тоа се момчиња кои добиле чудни пораки кога имале 10 години или колку и да биле, и сега ги одглумуваат истите. Смешно е тоа што луѓето се спремни да психологизираат некој човек кој влегол во црква и убил 20 луѓе, но нема да ги психологизираат мажите кои се виновни за сексуално насилство на истиот начин и да помислат, „Добро, што им се случило? Како им се појавила оваа потреба, оваа желба?“ Тоа не е нормализирано затоа што ако беше, ќе го видевме кај повеќе луѓе. Но, ние очигледно не сакаме да погледнеме во срцата на мажите – момчињата и мажите – затоа што ќе треба да признаеме што направила патријархалната доминација.

АБ: Овие три книги ги напишавте на почетокот на 2000-тите. Што мислите дека се сменило во американската култура во однос на љубовта и што мислите дека останало исто? Дали сте го смениле мислењето во однос на некое од вашите размислувања на оваа тема?

бх: Нешто што сега го гледам е тоа дека ако одлучите да се сакате себеси и другите, тоа е многу потешко – во смисла да се најде партнерство или да се најде дури и круг на луѓе со кои ќе бидете – отколку порано. Бев некако изненадена читајќи ја „Желба за промена“ од тоа колку многу од она за кое се зборува таму е релевантно од денешна перспектива. Како да немало некое големо придвижување во поглед на колективноста на машкоста во нашето општество и не треба да се потенцира дека тоа делува прилично вознемирувачки.

Би рекла дека во однос на феминистичката политика и феминистичката практика, светот се промени најмногу за жените во однос на работата, но во поглед на семејството – било кое семејство – работите речиси воопшто не се смениле. Гледам жени кои денес работат полно работно време, но кои сè уште вршат најголем дел од домашната работа и грижата за децата. Познавам многу повеќе жени кои живеат сами, особено жени постари од 40 години, бидејќи имале неверојатно непријатни, сурови и насилни релации со мажи, и едноставно немаат намера да го доживуваат тоа одново и одново. Но, не го гледам нивниот начин на живеење како пројава на моќ и самоактуелизација. Тоа е повеќе како форма на само-заштита за која мислам дека навистина не се зборува.

Повеќето момци се патријархални што значи дека ни љубовта кон себе не е централен аспект од нивниот живот. Така што ние нема да ја добиеме оваа непостоечка љубов кон себе што тие не можат да ја дадат. Лично, мислам дека треба да ги сместат во терапевтски кампови каде што ќе ги научат како да сакаат. Отсекогаш ми се допаѓаше моментот во филмот „Телма и Луиз“ кога еден од нив гледа жена како плаче и вели дека таа сигурно не се забавува. И ќе си речеш, па добро ова е толку основно ниво на емоционална свест, како може толку многу мажи да го немаат ни тоа.

АБ: Пред некој ден видов нешто интересно на Твитер. Некој имаше пишано дека сите шармантни мажи кои ги познавале биле насилници.

бх: Види, јас би рекла дека повеќето мажи што ги познаваме чуваат насилник во себе затоа што така ги истренирал патријархатот уште од детството, па така, дури и најфиниот човек одеднаш може да се најде во ситуација во која насилникот кој го чува внатре може одеднаш да оживее. Како што се случи со мојот поранешен дечко, кој отсекогаш беше толку фин и прибран тип, но додека бевме во процесот на раскинување стана толку накострешен. Едноставно не сакаме да признаеме што му прави патријархатот на внатрешниот живот на мажите и момчињата.

АБ: Дали мислите дека е можно општество кое се темели на љубов, особено во оваа ера? Што мислите, како би изгледало тоа?

бх: Мислам дека општествата започнуваат од нашите мали единици на заедница, кои претставуваат семејство – без разлика дали биолошко или избрано. Честопати се восхитувам кога ќе сретнам луѓе за кои гледам дека се израснати во семејства полни љубов затоа што се многу поразлични и различно живеат во светот. Не се согласувам дека секое семејство е дисфункционално – сметам дека не сакаме да признаеме дека кога луѓето се сакаат, тоа е еден поинаков свет. Тоа е еден неверојатен свет. Тоа е свет на мир. Не е дека овие луѓе не знаат за болка, но знаат како да се справат со нивната болка на начин што не подразбира само-негација. Така што верувам дека штом почнеме одново да гледаме на семејството и да го предизвикуваме и менуваме патријархатот во семејните системи, без оглед на тоа за какви семејства се работи, ќе има надеж за љубов.

Преведено од: Shondaland (интервју од 2017)

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • January 28, 2022
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram