Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.

Утрово почна како и многу други утра изминативе месеци. Скролајќи по социјалните медиуми забележав расправија на Твитер околу женската репрезентативност во музиката и околу тоа дали бендовите треба или не треба да посочуваат дека имаат женски членови, како дел од описот на нивниот музички правец. Имам прилично многу зборувано на темава и искрено ми е фрустрирачки што во 2019 година сé уште постои дебата зошто етикетирањето на бендовите со женски членови е поштетно, отколку што е корисно, но што е, тука е. Почнав ревносно да пишувам твит за моите чувства и ставови на темата, но видов дека сум неколку стотици карактери над дозволениот лимит и сфатив дека мојот придонес ќе биде поголем и подобар, доколку сето тоа го напишам на поинаква платформа.

Сакам да истакнам дека 100% од музичарките со кои разговарав на темава го делат мојот став што ќе го споделам во продолжение, но во никој случај не претендирам да зборувам во име на сите жени во музиката или сите жени во хардкор културата. Почитувам дека можеби други музичарки не се чувствуваат или не размислуваат како мене. Моето мислење се основа исклучиво на моето искуство и искуството што го имам забележано на музичарките околу мене и со кои имам разговарано.

Во поголемиот дел од музичките жанрови во светот доминираат мажите и заради тоа навистина е освежувачки да се видат сѐ повеќе женски бендови и жени во бендови, особено (според мое лично мислење) во “тешката” музика. Се сеќавам дека пораснав на хардкор свирки и колку ретко беше видам жени музичарки на сцената. Една деценија подоцна, има повеќе жени вклучени во хардкор и метал музиката и сцената отколку кога било досега, но никогаш не сум видела посилен акцент на истакнување на родот и сортирање на бендови со женски членови во посебен жанр.

“Бенд со женски вокал” не е ебан музички жанр! Таквиот опис само ја намалува вредноста на бендот, го трга акцентот од бендот на неговите членови и не кажува апсолутно ништо во однос на звукот на музика (што е основната цел на делење на музиката по жанрови). Исто така можат да се сретнат и описи за бендови како “ПОК хардкор бенд” (бенд во кој има членови кои не се белци) и “Бенд со транс вокал”, но верувајте ми дека музичарите кои не се белци и трансродовите музичари не сакаат да го намалите значењето и квалитетот на нивната музика на еден единствен сегмент од нивниот идентитет.

Заради некоја причина, често употребуван аргумент за етикетирањето “бенд со женски вокал” како посебен жанр е заради тоа што “девојките кои пеат имаат високи гласови”. Како да доловам преку текст превртување со очи?! Ова е едно од најидиотските тврдења, бидејќи секој кој слуша хардкор/панк/метал знае дека постојат голем број високи машки вокали кои пеат високо и голем број женски вокалки кои пеат ниско. Минатата недела, видов како некој пишува дека му се допаѓа терминот “бенд со женски вокал”, бидејќи на тој начин се поддржуват жените во музиката и тоа е брз начин да се најдат бендови со женски членови. Оваа личност исто така беше момче кое почна да се расправа со – внимавајте- неколку женски музичарки кои му објаснија зошто би сакале да не бидат етикетирани на тој начин. Ако не сте музичар кој се идентификува како женски, а сакате да ги поддржите жените на сцената, треба да слушнете на кои начини можете да бидете поддржувачки настроени и да се вклучите, а не да имате свои проекции за тоа како овие жени треба да се чувствуваат.

Друг, особено гневен аспект на оваа дискусија е одговорноста која се става на водечките групи и фестивали, а не на сцената, за да се осигура дека тие букираат бендови со женски членови. Жените во музиката честопати не ги добиваат можностите што ги добиваат нивните машки колеги, дури и во ситуации каде што тие повеќе тоа го заслужуваат, но недостатокот на родова разновидност во бендовите е проблем на самата сцена, а не директната вина на тие што букираат свирки и фестивали. Да се повикаат промотерите и фестивалите да им дадат на бендовите со женски членови преференцијалниот третман со единствена цел за застапување е ништо друго освен дефиниција за токенизација и квоти.

Препознавајте ги бендовите по нивната музика, вештина и генијалност. Ако бенд со една или сите женски музичарки искрено не е добар, тие треба да се соочат со истата критика што би ја добиле бендовите во кои сите членови се машки. Бидејќи, не знам за тебе, но јас никогаш не сум се подобрила во нешто во кое сум била медиокритет, со добивање неоправдана пофалба, a oд друга страна дефинитивно не сакам тапкање по рамо доколку правам нешто што може да го направи секој машки музичар.
Колку повеќе се става акцент на тоа како е “чудно” или ретко е да се видат девојки на сцената, толку повеќе ќе залутаме од она што сметам дека треба да биде крајната цел – дека еден ден ќе има толку многу жени во бендовите, што дискусијата за родот на членовите на бендвоте ќе биде здодевна и непотребна тема.

Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени. Во меѓувреме, ако сакате да направите повеќе за жените во вашата сцена, тука се неколку одлични начини:

-Ако си девојка и отсекогаш си сакала да свириш музика, направи бенд.
-Ако сте фанови на бенд со женски член, букирајте им свирка, предложете го бендот на локалните промотери и фестивали (но не заборавајте да ги предложите бидејќи нивната музички кине, а не поради нивниот родов идентитет)
-Ако сте промотер или букирате фестивал, побарајте вреден и посветен бенд и помогнете им да се пробијат, не го правете тоа заради родовиот идентитет на членовите на бендот, туку затоа што тоа е најдоброто за сцената.

Ако не се согласувате со мене, ве поттикнувам да разговарате со повеќе жени во вашата сцена и размислете добро пред да направите уште една глупава објава на социјалните мрежи, зборувајќи за група на која не припаѓате. Ве уверувам дека таквата објава нема да ја смени колективната перспектива на сцената и дека со истата пеколно им ја отежнувате ситуацијата на жените на сцената, за кои тврдите дека се залагате.

 

 

Авторка на текстот е Meдисон Воткинс, басистка во стрејт еџ хардкор бендот Year Оf Тhe Кnife oд Делавер, САД.

Преземено од www.noecho.net

НАПИШАНО ОД:
  • Игор Јадровски
  • February 21, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Стара приказна, нови актери
Говорот на омраза никогаш не завршува како говор.
  • Од Лин
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книгата?
Листа на наслови од неколку македонски издавачки куќи кои можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што си ти? Девојка или жена?
Барајќи си го идентитетот во македонскиот дигитален речник.
  • Од Филипа Попова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram