Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.

Како што веќе прочитавте од насловот, и јас бев жртва на сексуален напад. Познавајќи се себеси и начинот на кој ме израснале моите, не ми е табу тема да зборувам за и да им се спротиставам на деликатни теми како оваа. Статијава не сфаќајте ја како причина за себесожалување – едноставно, ова е мојата приказна којашто после една година конечно одлучив да ја споделам. Не само заради тоа што можам и не ми е срам ниту страв, туку затоа што знам колку жртви на сексуално насилство не можат. Живееме во 21-ви век, но неукоста и изветреаните „морални“ вредности, се’ уште ни го косат напредокот, а имањето свој став и глас, желба за неоткажување, отворен и образован поглед кон светот е она што може, не целосно да го промени, но е едно скалило погоре кон промена.

Пред една година, кога привршував со трета година факултет, ми се случи нешто што никогаш не би помислила дека би ми се случило мене. Бидејќи студирав во Струга, секој ден чекав комбе назад за Охрид. Се сеќавам дека беше прилично сончев и топол ден, почеток на јуни. На постојката со мене беа уште двајца странци. Најверојатно пар од Холандија. Љубезно ме прашаа кога доаѓа комбето и откако им кажав, заедно во молк го чекавме неколку минути. Кога комбето конечно стигна, беше поприлично полно, та бидејќи поседувам месечна карта, забрзав да се качам пред парот и да најдам место некаде на крајот од комбето, зашто знаев дека допрва ќе се качуваат уште луѓе. За моја среќа (читај: несреќа) на самиот крај од комбето имаше едно слободно место, до еден човек што седеше до прозорецот. Човекот откако ме забележа, стана и ми го отстапи неговото место. Не мислев ништо и сметав дека тоа е сосема нормално, та се заблагодарив и седнав. После неколку минути, од секоја станица се качуваа нови лица – средношколци, баби и дедовци, возразни кои се брзаат за на работа, па во комбето остануваше се’ помалку и помалку место. Можеше да се почувствува топлината во задушливиот воздух и потта која демнеше на прозорците од комбето. Почнавме сите да се стискаме, баш како некои сардини во конзерва и така релацијата Струга-Охрид на секој патник му прерасна во нервоза, која се ублажуваше секој пат кога некој ќе слезеше од комбето. Јас веќе навикната на ова секојдневно патување напред-назад, немав никаков проблем. Со слушалките во уши, одвај чекав да стигнам дома и да одморам после колоквиумот. И така со чантата над моите нозе, со телефонот в рака и слушалките в уши, мирно си гледав низ прозорецот, влезена во некој свој филм, кога одеднаш забележав нешто чудно. Меѓу нозете почувствував топлина и вибрација. Првата помисла што ми помина низ главата – „Океј, можеби некој ме бара, а телефонот ми е в чанта“, но набрзо сфатив дека телефонот го држам в рака. Следно нешто што го направив – , инстинктивно, ја тргнав чантата од нозете, и сфатив дека „господинот“ кој седеше до мене и толку културно го отстапи неговото место за мене, нашол начин, да ја протне неговата рака под мојата чанта, да ја стави цела негова дланка на мојот интимен дел и со неговите прсти да ја чепка мојата вагина.

*** Мала пауза, зашто како што се присетив на случкава,

така ме фати ненормална фрустрација и нервоза,

всушност, како и секој друг пат кога ја кажувам

приказнава***

Целата во првичен шок и неверување, веднаш му ја тргнав раката од мене и почнав да го гледам со бес.

„Шо прајш бе?“

„Извини.“

„Какво извини, нормален си?!“

Веднаш после овoј краток дијалог, тој стана и се истурка низ гужвата за да слези на следната постојка. Јас уште во неверување, го извадов телефонот, го сликав и снимав од позади и му се заканив дека ќе го пријавам. Додека јас викав хистерично, во автобусот се свртија само неколку глави, а сите други го правеа она што најдобро знаат да го прават – незаинтересирано да го живеат нивниот живот. Се’ уште во неверување, од се’ што се случи и поради фактот никој не се ни осмели да ми помогне, ниту да ме праша дали сум во ред, слегов веднаш на следната станица, која беше дваесет минути од мојот дом. Почнав да се движам накај центар со брзи и нервозни чекори и поради многуте мисли во главата кои ми се вртеа во моментот, почнав да плачам. Откако малку се вратив при себе, но се’ уште нервозна, како што се движев, му се јавив на татко ми, кој ме замоли веднаш да одам кај него на работа.

Се сретнав со него, му ја кажав случката и му реков дека сакам веднаш да пријавам во полиција. Докази имав, а и меморијата ми беше свежа. Токму и поради тоа што меморијата ми беше таква, а и ден-денес ми е, се најдов себеси во една состојба, каде неконтролирано почнував да плачам, фрлав се’ околу себе и го колнев денот. Денеска, можеби не плачам и не колнам, но дефинитивно чувствувам нервоза и гнев. Сега некои од вас би се запрашале зошто не станав по него кога тој излезе од комбето, или зошто не направив ништо, зошто не го застанав, дури ни зошто не го удрив кога ми беше пред очи. Одговорот е едноставен: не можев. Во тој момент се чувствуваш толку збунето, толку мизерно ко да имаш допрено дно. Не знаеш дали тоа вистина тебе ти се случува и зошто ти се случува, а и мислите ти се на сите страни. Сфаќаш дека си беспомошен и дека секоја твоја следна постапка може да влијае негативно врз тебе. По природа сум личност која верува во правда, и вакви неправилности и болни постапки се за мене неприфатливи. Но, тогаш – во тој момент, јас целосно се изгубив. Единствента опција ми беше да излезам од комбето, кое изобилуваше со тежината во воздухот и беше преполно со незаинтересирани сограѓани.

Откако отидовме во полиција заедно со татко ми, знаев дека ме чека долг процес. Инспекторот и останатите беа фини кон мене и цело време ми викаа да не се срамам и да им кажам се’ од А до Ш. Откако беа вклучени и другите надлежни, ми беа и поставувани многу глупави (но, најверојатно процедурално-потребни) прашања од типот: „Сигурна си дека не го познаваш? Да не ти е некој познаник?“, или „Сигурна си дека тоа се случи?“ Прво, да, комплетно сум сигурна дека не ми е познаник, та и да ми беше никогаш немаше да си дозволам такво нешто, и второ, сум многу сигурна дека тој човек ја имаше ставено цела негова рака врз мојот интимен дел. Зошто тогаш би била во полициска станица? Зошто така ми се пристори на сон, па дојдов да си потрошам малку време?!

Како и да е, бев посмирена и советувана дека се’ ќе биде во ред. Рекоа дека ќе го најдат и дека ќе ми помогнат, иако ќе биде долг процес. И верувале или не, навистина беше. Откако го најдоа и открија кој е, требаше уште една цела година за да се разреши целиот случај. Не би сакала да навлегувам во судскиот процес, но накратко би изгледало вака: наоѓање на осомничениот – препознавање – дознавање идентитет на осомничениот – слушање на глупавото алиби на осомничениот (заспал во комбето, та раката магично му паднала во моето меѓуножје – некој нека го вработи типов како комичар ептем добри му се шегиве) – одење на суд по 100 пати преку една година бидејќи осомничениот или не доаѓаше, или го немаше, та локалната полиција „не можела“ да го најде – соочување со осомничениот кој се појави после 100 години со познат адвокат кој поставуваше безврска прашања само затоа што си може – гледање директно в очи на осомничениот и кажување дека засекогаш ќе биде скалила подолу од мене зашто е копиле од човек, кој претходно излажа на поставено прашање: „Дали знаете зошто сте тука?“ со одговор: „Не“ – заминување од судот со барање оштета – крај на макотрпен процес за кој ми беше кажано дека се’ е во ред, иако и ден-денес уште не знам дали осомничениот „си јаде“ некаква казна или бар омаловажување, зашто нели, ние сите сме само мали пиони во оваа цела игра.

Како што реков, не би сакала да навлегувам во судскиот процес, најважното ми беше да ви претставам една сцена, каде после толку време јас го надминав тој стрес и шок, имав храброст да го погледнам осомничениот во очи и да му кажам дека цел тој страв и збунетост, прераснаа во тага, па во револт и сила. Иако нему, (сигурно) се’ уште несвесен за тоа какво злодело направи, моите зборови не му значеа ништо, но за мене тоа беше се’ што ми требаше за да се ослободам од тежината на воздухот во комбето што преовладеа тој јунски ден. Иако тој можеби моето лице ќе го заборави, јас неговото не – ќе ми остане слика на едно неедуцирано, жално битие, кое ќе мора да си се сноси сам со тоа што е правилно, а што грешно во целата приказна, а таа приказна не е поврзана само со овој одвратен настан, туку е корелат со неговиот живот.

Од ова непосакувано искуство (но, сепак искуство) би сакала да извлечам неколку главни работи и сфаќања коишто ми го редефинираја животот и кои ги применувам секојдневно до крајот на истиот. Најпрво, откако излегов од полициската станица бев етикетирана како „Жртва на сексуален напад“ од страна на надлежните. Таа етикета (иако, општо имам негативни ставови за етикетирањето и не го поддржувам) ја носам со гордост – најпрво затоа што на секому може да му се случи, а не многумина решаваат да се храбри и да преземат чекор. Јас тоа го направив и останав доследна на себеси и на своите морали и ставови. Поминав низ пекол со целиот процес, не само со тоа, туку и со сите емоции што ги чувствував тогаш, за на крај, за мене, за себеси, да се исплати. Во последниов период на Интернет, поради најразлични медиумски платформи (како Медуза, Tiiiit! Inc. Радио МОФ, Слободен печат и други) и храбри, бестрашни индивидуи кои ги споделуваа нивните приказни на социјалните мрежи преку тогашните хештегови како #немаоправдување, #зоштонепријавив, #СегаКажувам, #КадеНеОдам, #TaniTregoj, #KuNukShkoj и #metoo се мотивирав што побрзо да ја напишам оваа статија и да ја споделам со сите вас како еден вид поттик и охрабрување за доколку и вие имате вакво искуство да го споделите – без страв, зашто не сте сами, зашто не е срамота, зашто нема да ве зборува цел град, зашто никој не ви може ништо, кога знаете дека зад вас имате милиони други жртви кои ви ја даваат храброста и поддршката за да не се чувствувате како виновни. Никогаш, во ваква ситуација, не е ваша вина. Кога ја споделив мојата приказна со многу мои другарки и колешки, истите ми се доверија дека и ним им се случило нешто слично, но биле премногу уплашени и неподготвени да кажат – ниту ни на своите најблиски, зашто им било срам од нивните реакции. Најчест изговор за тоа би било „Ти си крива“ – Како? Со тоа што дишам? Се додека разумно се однесувам, како јас би натерала некого сексуално да ме нападне? Или „Па види се како се облекуваш“ – извини, но од кога мојата гардероба дава согласност за некој да ме допре? Денот кога мене ми се случи тоа носев фармерки и обична, преголема маица, на лицето ми пишуваше „замор“ веднаш под огромните подочници и сепак тој мој никаков, а и доста „нормален“ изглед не го спречи „господинот“ до мене да ја стави неговата рака на мојот интимен дел. Исто така изразот „Машки си се машки“ – не, не се, емоциите и нагоните можат да се контролираат и најважно е домашното воспитување и начинот на кој се учи индивидуата како да го гледа светот и како треба да има смисла за респект, приватност, почитување и култура спрема другите луѓе. Исто така, и многу мажи се жртви на сексуално насилство и силување, и тоа треба да се земе предвид, дека може секому да му се случи. Затоа, таа мала поговорка дека машките си се машки и дека тоа е единственото оправдување, можете слободно да си ја земете, да си ја ставите во плико и да ја испратите во неповрат. Сексуалното насилство најчесто, покрај нагонот, е и доказ за покажување доминантност и неконтролирање на своето его и жед за моќ. Тоа не е нормално. Додека учиме за „погрешни“ морали и како треба една индивидуа „нормално“ да се однесува во општеството, зошто не учиме дека таквиот одност на сексуалните предатори не е во ред? Зошто треба да владее општ страв – знаете за кој страв зборувам, за оној кога си заминуваш доцна дома и поминуваш покрај толпа луѓе, или некој поминува до тебе, и наеднаш чувствуваш ладна пот на дланките – зошто треба да бидеме израснати со тој страв, кога можеме да ги учиме нашите деца што е респект и еднаквост. А, и до семејствата кои ги кријат нивните „предатори“ – вие сте тие коишто треба да се засрамат, а не жртвите на вашиот брат, маж или син.

Претходниов месец прочитав многу приказни на силни и храбри жени (а, и мажи) кои не се плашеле да кажат што навистина се случува и дека сексуалното насилство е голем проблем во денешницата. Затоа и ја пишувам оваа статија, за секоја жена, за секој маж, индивидуа, која поминала низ нешто такво или поминува на работно место, на училиште, на улица итн., да не се плаши, веднаш да пријави или преземе нешто. Тој ден, да не бев јас на тоа проклето седиште во комбето, можеби ќе седнеше некоја средношколка, а токму тогаш ќе навлезевме во еден поголем проблем. Мојата приказна треба да се сфати сериозно, како и моето постоење во ова општество. Мојот став треба да биде слушнат, некои ќе го прифатат, некои не, но се’ додека сум успеала да мотивирам, инспирирам и да му помогнам некому, мојата мисија е повеќе од исполнета. Сексуалното насилство постои и ќе постои, а за да се спречи треба да му се дава поголемо значење, не само во еден ден од годината, туку цело време; не само со една приказна, туку со многу; и не само со една статија и еден глас, туку со гласот на илјадници жртви.

 

 

 

 

Извор:  Публицитет

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Дамјана Видическа
  • December 27, 2019
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram