Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
Празниот лист

 

Празниот лист, односно документот во Ворд, е огледало во кое најчесто не сакаме да погледнеме. Во огледалото гледам една црна цртичка која трепка во ритамот на моето срцебиење. На почетокот не гледам ништо повеќе од тоа.

Пишувањето отсекогаш било интуитивен процес кој ме води мене, наместо јас него. Соочувањето со празниот лист значи соочување со себе. Дури потоа со другите. Така се чувствував на 7 години. Така се чувствувам и сега. Не постои ништо пострашно од соочувањето со себе, но не постои друг начин за спознавање, растење и менување.

Пишувањето значи излегување од себе кон среќавање на светот. Пишувањето исто така значи и менување на светот. Така се чувствував на 7 години. Така се чувствувам и сега. Празниот лист, соочувањето со себе и пишувањето отсекогаш означувале почеток.

 

 

Лоши феминистки

 

 

Секој почеток е проследен со грешки или чувства на неуспех. Веројатно затоа, како што растеме стануваме сомничави кон учење, пробување, експериментирање и повеќе сакаме да останеме во просторот каде се чувствуваме безбедно, речиси безгрешно.

Таков простор за многу жени не постои, особено ако се феминистки. Во очите на многумина, сите сме некоја верзија на Ева и нашето постоење, движење и говор подразбираат инхерентни грешки. Ако научив едно нешто уредувајќи ја феминистичката платформа Медуза последниве три години, тоа е дека да се биде феминистка значи постојано да се греши некому. Исто така, значи дека постојат многу мажи кои „знаат и можат“ подобро, повеќе, поправилно…

Писателката Роксен Геј во својот извонреден есеј „Лоша феминистка“ зборува за невозможната мисија да се постане доволно добра жена и феминистка. „Потфрлам како жена. Потфрлам како феминистка. Не би било фер кон добрите феминистки тукутака да ја прифатам таа етикета. Ако вистина сум феминистка, тогаш сум многу лоша во тоа“, вели Роксен и се осврнува на смешните митови поврзани со феминистките, според кои се оценува нашата адекватност. Таа исто така зборува за феноменот на поистоветување на конкретни феминистки со феминистички движења, што само по себе е проблематично и антифеминистичко. Кога феминистката ќе згреши (а несомнено ќе згреши), одеднаш движењето се делегитимира. Токму тоа ги прави солидарноста, поддршката и пренесувањето знаење помеѓу феминистките толку важни.

Порано или подоцна, секоја феминистка доаѓа до заклучокот дека таа нема често да се среќава со јавно одобрување. Најчесто на многумина нема да им биде допадлива. Стандардите ќе бидат недофатливи, невозможни. Никогаш нема да е доволно добра. И тоа е во ред.

„Јас сум, значи, лоша феминистка. Порадо би била лоша феминистка отколку воопшто да не сум феминистка“, е еден вид на афирмација која ја извлеков од есејот кој го спомнувам погоре, на кој се враќав оваа година, како одговор на несоодветното и често поставувано прашање: „Каде се феминистиките?“.

Почнав многу да размислувам за феминизмот од оваа перспектива. Почнав да ги славам грешките како отпечатоци на труд и можност за нови почетоци. Почнав да ја почитувам храброста на обидувањето и уметноста на неуспехот, на новите шанси, на фразите „не знам“ и „не можам“. Почнав повеќе да го вреднувам тоа што го правиме отколку тоа што сè уште не сме успеале да го направиме.

Што е феминизмот, ако не можност и одговорност кон нов почеток, интимен и колективен? Да се биде феминистка значи да се учи, предизвикува и постојано менува. Значи да се греши. Да се биде феминистка значи да се биде лоша феминистка. И тоа е во ред.

 

Мегафонот

 

Постојат моменти кои посакуваме да исчезнат затоа што претставуваат црни точки во нашето минато. Мали срамови без кои ќе бевме посамоуверени, похрабри, подобри верзии на себеси. За жал, минатото не може да се избрише, па најдобро што можеме е да ги прегрнеме тие моменти како наши. Најмалку што можеме е да си ги признаеме и да продолжиме понатаму.

Во 2018 се вратив од студии во странство. Немав работа и бев доста посветена на пишувањето и развојот на една огромна желба: феминистички веб-сајт на македонски јазик, кој би претставувал збир и судир на многу различни, познати и непознати, феминиститки гласови. Не знаев каде и како да почнам. Истата таа година волонтирав за организација на маршот за женски права. Мојата задача беше да го напишам прогласот кој се чита пред почетокот на маршот. Останатите организаторки предложија и да го читам. Тоа ми звучеше страшно зашто јас не сакам да зборувам во јавност, сакам да пишувам. Истовремено, се чувствував привилегирано и возбудено. Се охрабрив и прифатив. Пробав да го научам прогласот напамет, но не бев доволно сигурна и го земав листот со себе. Никогаш немав говорено во таков контекст. Никогаш порано немав држено мегафон. Самото негово држење за мене подразбираше имање некоја инхерентна сила, харизма и моќ, кои не чувствував дека ги поседувам.

Но, ете ме. Листот во една, мегафонот во друга рака. Читајќи, треперев од трема. Мегафонот ми беше ужасно тежок, во секоја смисла. Едноставно, не бев подготвена. Некаде на среде пат, како навистина лоша феминистка, изустив: „Не знаев дека мегафонот е олку тежок“ и ја спуштив раката, кога некој од зад грб го зема мегафонот и го придржи наместо мене за да „ми помогне“. Кога се свртев назад, сфатив дека тој некој беше премиерот на државата. По неколку непријатни реченици, кои минаа молскавично брзо, мегафонот беше назад во мојата рака, но не и контролата. За неколку секунди станав феминистката која не можела да си го додржи мегафонот, додека порано жените без проблем вееле тешки знамиња. Прогласот кој го пишував со многу должно внимание и грижа стана неважен. Иако таа година маршот беше поприсутен во медумите од кога било, причината беше грешна. Се чувствував како марионета за нечии политички поени. Се чувствував смешно и безизлезно. Живеев со сите идеални сценарија кои испуштив да ги реализирам зашто се смрзнав. Сакав да ме голтне земјата од срам и си ветив дека веќе никогаш нема да говорам јавно.

За среќа, продолжив да работам на малиот, хаотичен, храбар проект кој денес го знаеме како Медуза. Остварувањето на тој сон ми ја врати вербата во себе. Преку Медуза се запознав со огромен број феминистки кои се двоумат да го користат својот глас зашто се плашат од јавна осуда и грешки. Зашто биле прекинувани, надмудрувани и замолчувани. Зашто мегафонот најчесто го држел некој моќен маж. За нив, Медуза служи како заштитна мрежа. Простор во кој е поважно да се артикулираат мисли, знаење, искуства, соништа и стравови отколку да се биде безгрешна.

 

2021

 

 

2021 беше година на предизвици, мали победи и големи разочарувања. Одново се враќавме на пишувањето како наше безбедно место за истражување и метод на отпор. Пишувавме посветено и пишувавме многу, па воведувањето во оваа публикација го доживувам некако свечено. Мал дел од тој целогодишен труд ви го носиме во печатена форма која ќе остане да сведочи за времето и специфичните услови во кои творевме изминатава година. Во оваа книга со авторски текстови хронолошки се појавуваат: Кристина Атанасовска, Кристина Ивановска, Елена Петрова, Нина Раповска, Душица Лазова, Ана Аврамовска, Викторија Пенова, Тања Милевска, Сара Миленковска, Љупка Трајановска, Благица Димитрова, Елена Гаговска, Ангел Димитриевски и Ивана Драгшиќ. Ќе прочитате разговор помеѓу Вики Младенова и Јелисавета Благојевиќ, како и  разговор со Билјана Радиновска.

„Безусловни почетници“ претставува збир на есеи кои допираат премногу разновнидни теми што беше речиси невозможно да се стават под еден наслов кој ги обединува. Ќе прочитате текстови кои ви носат лични, но и колективни борби. Ќе читате за љубовта, грижата, упорноста, пријателството, непријателите, менталното здравје, надежта, социјалните медиуми, пандемијата, климата… Ќе читате за чинот на читање и пишување книги. За сите овие теми ќе читате од свежа, феминистичка перспектива.

Тогаш, вреди да се запрашаме – што имаат заедничко овие текстови? Некои од автор(к)ите имаат богато искуство, додека други својот прв текст го објавија пред неполна година. Селектираните текстови не се ниту најдобрите ниту најчитаните од 2021 зашто е неблагодарно воопшто да се гледаат на таков начин. Она што ги поврзува е тоа што во секој еден текст ќе најдете покана, па и охрабрување, за некаков почеток. За раскинување со застарени матрици и наративи, правење простор и време за себе и грижливо градење на нови заедници. Покана за радикална трансформација на светот во нас и околу нас.

 

Заедно

 

Секој почеток е полесен кога сме заедно. „Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност“, ќе прочитате во разговорот со Јелисавета Благојевиќ. Токму феминизмот како форма на радикална љубов е нишката која нè носи под овој заеднички покрив. Ние не се плашиме да учиме, пишуваме, живееме и грешиме феминистички. Секој глас, секој текст и секој внимателно избран збор во оваа книга е нов, безусловен почеток.

Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.

 

 

Со многу љубов и грижа,

Калиа Димитрова
главна и одговорна уредничка на Медуза

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • December 22, 2021
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram