Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.

Тоа што денеска поотворено се зборува за родово базираното насилство, не значи дека жените порано се чувствувале безбедно на улиците или во својот дом. Клучот поставен меѓу прстите за секој случај додека се враќаш накај дома доцна, часови по самоодбрана, ги проверуваш другарките дали стигнале дома итн. Овие неколку начини на справување, се неспоредливи со тешките и навидум безизлезни насилни ситуации со кои се соочуваат многу жени и девојки секојдневно. Она што можевме да го прочитаме на сведоштвата искажани преку #СегаКажувам и #НеОдам, се само еден мал дел од секојдневието што мора системски да се решава. Но, актуализирање на проблемот е само еден од чекорите потребни за да се случи напредок преку националното справување со овој проблем.

Во обид да се изнајде начин со кој може дополнително да се придонесе, УНДП заедно со МТСП, други институции и со сите граѓански здруженија што работат на ова поле, креираат апликација „Биди безбедна“, и тоа на три јазици – македонски, албански и ромски. Оваа апликација е создадена за да се овозможи брза реакција од институциите во случај на родово базирано насилство. Самата апликација има поставено јасни насоки за функционалноста и за можностите што ги нуди за да спречи насилство. Главната цел е дека преку неа може во истиот момент да се дејствува преку две опции: да побараш Помош преку Националната СОС-линија и/или Моја поддршка, каде што имаш однапред одбрано неколку броеви од твојот именик, односно блиски што можат веднаш да ти помогнат. Со самото притискање на тие опции, апликацијата ја испраќа твојата локација заедно со краток текст до надлежните институции и/или личноста по твој избор. Како други опции, односно начини за поддршка, освен јасни инструкции има полиња со важни контакти, дел наречен Моите права, совети, протокол и лични сведоштва на жртви на насилство.

Олеснетиот пристап до сите релевантни институции и граѓански организации, како на локално така и на национално ниво, го униформира и го поедноставува начинот на кој се поддржуваат жртвите од родово базирано насилство. Тоа е многу значајно, особено за некој што се соочува со психофизичко насилство, бидејќи соодветен пристап до информации го демистифицира процесот низ кој некоја жена или девојка треба да помине за да го пријави самото насилство. Освен контакт до СОС-линијата, има и назначени организации што се занимаваат со правниот аспект на заштита, кој е вториот чекор за справување со родово базирано насилство. Патријархалниот вредносен систем ги диктира социо-политичките поставености во општеството и со тоа го продолжува насилството како форма на комуникација, особено ако тоа не наиде на јавно осудување, и општествено и правно. Во реалност што обесхрабрува пријавување на насилството, можноста да се има сè на едно место ќе придонесе до креирање мрежи за поддршка, кои се очајно потребни. Се надевам дека оваа апликација ќе успее да дојде до повеќе девојки и жени, кои треба да знаат дека има крај на насилството.

„Биди безбедна“ би требало да претставува следното скалило за дигитализирање на меѓуинституционалната соработката според Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство (бр138/14 и 33/15). Во самата апликација воедно се наоѓа и протоколот за таа соработка, со детални информации за надлежностите на релевантните институции, како и граѓанските организации под водство на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Меѓутоа, за доближување на информациите, потребно е повеќе од пристап до извадок од службен весник, како што стои во опцијата наречена Протокол. Потребно е дополнително толкување на законот со насоки за заштита. Затоа, тоа е претставено со опцијата наречена „Моите права“ и оттука едукативниот елемент на апликацијата „Биди безбедна“ се засилува. Тука секоја девојка и жена може детално да прочита кои се нејзините права и како да ги реализира. Значајно е што начинот на кој се пренесени правата и советите има и неформален пристап, кој придонесува до апликацијата да има конативна функција. Најчестиот проблем особено во родово базирано насилство е наоѓањето соодветен начин на кој може да си помогнеме или да му помогнеме некому. За жал, во нашето општество сè уште е потребно да се додефинираат сите форми на насилство, со цел самата жртва да знае дека тоа што ѝ се случува е погрешно и постојат механизми за поддршка.

Пoтенцијалот на оваа апликација е поголем со нејзиното насочување кон заштита и превенција, додавајќи го елементот во кој се објаснува кои сѐ форми на насилство постојат. Родово базираното насилство е социо-економски проблем и едукативниот аспект е значаен за негово спречување. Секој може да ве следи физички, но и онлајн, што е во страшен пораст во светот. Неодамна случајот со насилникот што демнел малолетни девојчиња, укажува на дополнителна потреба од разбирање на сите форми на родово базирано насилство, начини за превенција и заштита. Особено бидејќи помладата популација е изложена повеќе на социјалните мрежи, тоа значи дека постои поголем пристап до онлајн начини на кои може да се едуцираат, клучот е како да се стигне до нив. Разбирањето на сите форми на родово базирано насилство, придонесува за зголемена свесност и со тоа заштита од насилни чинови. Една исклучително значајна можност е тоа што влева транспарентност доколку полицијата не реагира соодветно, бидејќи жртвата се потпира на другите опции што ги нуди апликацијата. Како, на пример, да одбереш неколку броеви од твојот личен круг (наречени „Моја поддршка“) или другите организации што се занимаваат со родово базирано насилство, кои можеш да ги побараш напомош. Според новиот закон, за првпат ќе биде санкционирано и непостапувањето соодветно на надлежните институции, кое во минатото се покажало како една од главните причини за обесхрабрување за пријавување од страна на жртвите на насилство.

Во моментов оваа мобилна апликација е достапна за Android и за iOS, но иако има голем број корисници на паметни телефони, она што ќе ја дефинира успешноста на апликацијата како механизам за заштита е достапноста до поширокото население. Заеднички труд на организациите и на институциите е како ќе се стигне до оние жени и девојки што немаат соодветен телефон за користење или комуникациите им се контролирани од насилниот партнер. Тука мора да се искористи капацитетот на локалните координатори/ки за родова еднаквост во општините, чија обврска е да проследуваат и директно да комуницираат со механизмите за поддршка. Во практика, поголемиот товар паѓа врз локалната соработка со организациите што се активен дел од именикот за помош. Без разлика, креирањето на оваа апликација е добар чекор кон изнаоѓање дополнителни начини за спречување родово базирано насилство. Едни од клучните препораки, особено во однос на ковид-19, беа активно информирање на локално ниво и овозможување пристап до сите важни информации за жртвите од родово базирано насилство. Креирањето онлајн апликација, како една од препораките, се покажало во регионот како добар пример за справување со родово базирано насилство за време на Ковид-19.

Како држава треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.

НАПИШАНО ОД:
  • Сара Миленковска
  • December 4, 2020
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Мислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Која сум кога сум далеку од дома?
Белешки за трансформативната улога на патувањата или почетокот на моето созревање
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Политиките кои водат кон родова еднаквост се втемелени и во нашата историја
Идејата за родовата еднаквост е имплицирана во политичките концепти уште од создавањето на македонската држава.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Одиме во хоризонтала!
Шест препораки за летна читачка уживанција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram