Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.

Не ми е непознат феноменот во кој некој се обидува да го експлоатира мојот труд во име на феминизмот, па дури и во име на уметноста или во име на промоцијата на мојата мала земја. Ќе наведам неколку примери пред да се осврнам на скандалозната англиска антологија на српски и црногорски авторки Balkan Bombshells во издание на англиската издавачка куќа Istros Books.

Пред година дена добив покана од една голема светска организација за женски права на нивна oнлајн конференција на слободна тема книжевност и жени, и тоа повеќе да служам како некој вовед (читај, културен забавувач). Прифатив зашто видов дека ќе зборува и Елиф Шафак. Не спомнаа хонорар, но си реков дека може ќе се јават по конференцијата. А и ако нема, си реков, Елиф Шафак прифатила – зошто да не прифатам и јас? Па така прифатив, иако тоа не ми беше во ред. Се разбира не се јавија за хонорар. Но по некое време се јавија да ме бараат да зборувам на следната конференција. Собрав храброст и им пишав мејл во кој ги прашав колку е хонорарот.

Знаев што ќе се случи зашто секогаш истото се случува. Експлоататорот на трудот обвинува дека ти мислиш само на пари, дека не веруваш во идеализам, во женски права, во уметност, дека ти си безобразна, ти бараш премногу и како не ти е срам што се осмелуваш да поставиш такво прашање, па никој не бара пари освен ти. И во случајот со оваа женска организација добив сличен одговор (не вака директен), но не попуштив и им напишав дека е крајно нефеминистички да експлоатираат женски труд и дека како и тие, и јас морам да заработувам за да живеам. За чудо, ми се извинија.

Но, извинувањето е реткост. Еднаш еден познат продуцент сакаше мојата женска иницијатива на раскажување приказни ПичПрич да ја претвори во ТВ токшоу. Кога го прашав за каков хонорар зборуваме, директно ми префрли дека мислам само на пари. Веројатно се изненади што му поставив такво прашање, зашто шовинистички претпоставуваше дека како жена само ќе сакам да сум на телевизија за да бидам позната, нашминкана и нафризирана. Другпат пак, една маркетинг агенцијата на саемот на книга во Скопје ме побара за лице на ТВ реклама. Кога ги прашав што добивам за возврат, ми рекоа „шминка и фризура“, а кога им реков дека е дрско и неприфатливо што ми нудат бесплатно да рекламирам продукт од кој некој заработува, ми рекоа дека тоа треба да го направам „поради љубовта кон пишаниот збор“.

Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато. Лично ми требаше време да почнам да проценувам кои иницијативи се неискрени. А лесно е: неискрени се тие што се плаќаат себе, а не го плаќаат создавачот на содржината, или, да го префрлам ова во книжевни рамки, неискрена е издавачката куќа што ќе ги плати уредниците, преведувачите, дизајнерите и печатницата, а нема да ги плати авторките. Само пред две недели одбив да учествувам во српска антологија на регионална женска книжевност од истите причини. Штом одбив, добив очекувана реакција: емоционална манипулација бидејќи тие, замислете, веќе ја испечатиле антологијата со мојот текст без моја согласност. Во ниеден момент не ми се извинија за тоа, туку ме искараа дека не сум им одговорила на време на мејл (од кога ми побараа согласност за објавување на текстот, без хонорар секако, до печатењето на антологијата поминаа 13 дена) и дека сум им се обратила со „огорчен тон“.

Затоа и најавата за објавувањето на антологијата Balkan Bombshells посебно ме погоди. Како што претпоставив, авторките не се платени и понудени им се многу лоши услови за авторските права. Насловот е скандалозен: bombshell на англиски означува и секс бомба, или згодна женска, па затоа и насловната е уште пошокантна: стилизирана сексуализирана бомба со женски облини. Со тоа творештвото на авторките е сведено на стереотипното претставување на Балканот – војна и насилство – и стереотипното претставување на жената низ призмата на нејзината сексуалност. Англичаните чудесно успеаја да спојат две навреди во една, при што не само што не се извинија откако беа изложени на масовнa критикa, туку ни постираа дефиниција за иронија на Твитер, уште повеќе навредувајќи ја нашата интелигенција со нивната колонијална надменост. Демек, се шегувале – на сметка на нашите трауми.

Го пишувам ова и реагирав јавно за антологијата зашто некои од нас тајно страдаат од комплекс на инфериорност кон западот и кон машкиот род. Некои од нас сметаат дека ова им е единствена шанса за успех и така се потценуваат себеси и својот труд. Знам како е од лично искуство. Не вреди, а уште помалку вреди кога некој за тоа бесрамно те експлоатира, инсинуирајќи дека треба да си благодарна што те забележале. Мило ми е дека на оваа тема се отвори дебата, зашто сметам дека како и во сите други сфери, прв чекор кон прогрес е создавање свест преку разговор, а за тоа сме секако зрели, и сѐ повеќе спремни едноставно да речеме „не“ без да се чувствуваме виновни.

 

Извор: Време (12.01.2023, Белград); превод: Окно

НАПИШАНО ОД:
  • Румена Бужаровска
  • January 17, 2023
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како е да старееш како геј во Србија
Додека сте помлади и здрави, некако се борите со стигмата и ограничувањата што ги чувствувате како геј личност. Во староста сè опаѓа, сè е потешко, кругот на пријатели се стеснува и мрежата за поддршка опаѓа
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Џоан Дидион: За самопочитта
„Карактерот - подготвеноста да се преземе одговорност за сопствениот живот - е местото од каде што извира самопочитта.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Која сум кога сум далеку од дома?
Белешки за трансформативната улога на патувањата или почетокот на моето созревање
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Проблемот со ,,школите за женственост“  
Сите совети за работа на себе паѓаат во вода ако поттикот е машката валидација, а резултатот е женската сервилност
  • Од Елена Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram